Политички збиднувања поврзани со коронавирус COVID 19!

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816
Само ти тврдиш дека Кина криела “пандемија“!
Кој кога и врз какви податоци една зараза може да ја смета за пандемија и истата ја прогласува за епидемија (види не мора да одговараш не ме интересира само поставив прашања кои ако се одговорат ќе го дадат и одговорот на твојата теза дека Кина нешто криела!)?????

Дека податоците за оние кои подлегнале можеби се фризирани, е прашање кое треба да им се постави на кинеските власти и ако манипулираат нека си одговараат ама пред нивните граѓани што има ЕУроспки медиуми да се грижат толку за Кинезите, не е ли тоа лицемерие.
Барем еден мал дел од таа грижа која ја покажуваат кон Кинезите да ја покажат кон своите читатели и јавност, па да постават прашање како тоа во една Италија има над ... толку лица починати, кој е одговорен и сл.
Бројката на починати Кинези е за Кина, а бројката на починати во ЕУропска е за овие во Брисел, никој не им поставува ним такво прашање ами им се поставува на КИна дали криеле нешто со бројките :yid::yid::yid:
Братче, ти верглаш синео и мулти поларна пропаганда на форумов. Како јас тебе да те земам за релевантен извор и од твоите ставови да градам мислење. Исто ко @Бачето да го читам само у поумерена верзија. Размисли малце и чукни ја главата, најверојатно си заслепен од тие пропаганди и не можеш да ја гледаш реалната слика но обиди се.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Од политичките збиднувања паралелно со Корона, евидентно е загадување на медиумите со малоуми политички коментари за секоја вест.
Можно ли е да има толку ретардирани ликови? Гнасни, ниски, прости, со dial up конекција со стварниот свет. ВМРО тресе увелико, малку доблест и големина, зборови за подршка да можеа да се слушнат ќе имаа позитивен помак. Дамјановски искача со бројки за администрација на најавен прес во време на севкупен хаос. Е баш чекавме ти да ни се обратиш, и сега ми е многу полесно што ме просветли.
Економските мерки правени-недоправени. Рада самозадоволно се смешка, седнициве протоколарни, Стево жив го нема. Филипче препотен, пустиот мислам дека седи на седниците за да се спреми за прес-конференциите пошто е многу нормално да му се постави прашањето: што ќе биде со оценување на децата?
Луд јебе збуњеног... Филипче, не гледаш дека почнаа да те напаѓаат? Сега е прав момент да си дадеш оставка за да го доживееме вистинскиот пик. Ненормална нација, само тоа ќе кажам.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.338
Има факти и има нивно толкување и презентација.
Постоењето на фактите никој барем за сега не го спори, проблемот е што некои на таквите факти сакат и се обидуваат да прилепат пропаганда која во дадена ситуација би ја исползувале. Ваквата пандемија со лажни вести и нивно експоненцијално ширење има многу свои подржувачи, некои заради тоа што толку им сече, други заради пари, трети и самите не знаат, ама упорно повторуваат дека епидемијата е кинеска дека е створена на начин што Кинезите јаделе лилјаци итн итн и кога на ваквите небулозни тврдења и очигледна пропаганда и PSYOP ќе им се укаже дека тоа граничи со синофобија глуматат жртви, ... кога ќе им се одговори со исто таква аргументација дека заразата ја донеле американски војници и ја прошириле а во рамките на .... тогаш се вели дека тоа било невистина и пропаганда и дека нема докази за такво нешто а за нивните небулози као имало тоа биле види долу...

Што се однесува до тоа дека Кинезите лажеле и не излегле на време со информациите со кои располагале, се гледа дека некој намерно се прави глуп.
Аргумент дека Кинезите лажеле нее и не може да биде тоа што некој ќе каже дека Кинезите лажеле, како мисли некој воопшто да докаже такво обвинување, знам дека се смета на зомбираност кај масите ама се претерува. Кои тоа информации ги поседувале па не ги изнеле на време, и кој тоа проценува кое е право и вистинско време за да се изнесат некои информации во јавност, кој? Бог или оној што во негово име овде трти се што ќе стигне!

А се започна со веста која нема извор и која говори дека Кина манипулира со бројките. Малку проверив од каде вакви вести кој им е изворот.
па еве,
Radio Free Asia,
Radio Free Europe,
Radio Liberty,
The Voice of America [ познатиот Глас од Америка ];
сите до еден финансирани од CIA и служат за дезинформирање и водење на специјална војна.

Кога овде читам .... имам впечаток дека се работи за учипена екипа, не многу ... ама секако едуцирана во духот на
Radio Free Asia (RFA)
Radio Free Europe
Radio Liberty
The Voice of America
...дали и Кајгана е членка на оваа групација на слободни медиуми кои говорат само вистина или само ги почитува и им се поклонува на тие високи вредности, ова е реторичко заради амбиент.

... медиумската манипулација им е духовна храна, дека аргументирањето го разбираат како адхоминем (strawman технологии), ако им се изнесе аргумент од ист вид каков што тие подметнуваат, се вадат на инфантилност, ако им се изнесе логички аргумент тогаш или бегаат или како ... се здружуваат и така се обидуваат и понатаму да си ја заработат дневницата!

Има појава повеќе земји како Украина Грузија и... да бидат гостољубиви домаќини на повеќе американски (ФУКУС+Г) био-лабови, која е целта на овие био лабови (може и ова прашање да го поставите во некоја завиена форма) заштита од нешто или, еве можете на своите омилени партали-медиуми или што и да се да го поставите и ова прашање или да ја обвините Кина, да ве известам многу полесно е да се обвини Кина отколку такво прашање да се постави јавно.


............
@Bafra, зарем оваа “Ако не си социјалиста до 28г, немаш срце. Ако си социјалиста после 28г, немаш памет.“ не беше вака некако: ако до 25 не си станал социјалист немаш срце, ако до 35 не си станал комунист, немаш душа! - може сум грешка сепак сега има нов тренд на нова демократска форма која е прилагодена генерациски, и мора да се имплементира со употреба на лубриканти.
..................


Им се чудам на ..., а мене кој да ми се чуди, се расправам со екипа која до вчера говореше и веруваше дека Грукито бил режимот (бил криминалец не било за името да не се менва, единствено што се доби од тоа е: нема криминал име сменето) требало да го замени и на негово место дојде аболитико кој треба да се бори против криминал така што ќе го смени името, кој ветуваше се и сешто, а тие не само што самите веруваа туку и останатите ги убедуваа да верват дека магарето лета!

Кој ќе направи поголема штета и последици по Македонија, Коронавирусот или Црпе со неговата дружина?
Всушност кој е погубен за Македонија Црпе или коронавирусот?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
зарем оваа “Ако не си социјалиста до 28г, немаш срце. Ако си социјалиста после 28г, немаш памет.“ не беше вака некако: ако до 25 не си станал социјалист немаш срце, ако до 35 не си станал комунист, немаш душа! - може сум грешка сепак сега има нов тренд на нова демократска форма која е прилагодена генерациски, и мора да се имплементира со употреба на лубриканти.

Првично друга била, ама после кралот почнале да го цитираат. Како и да е, во право си, мора да се прилагодува генерациски, ама суштината е таа, плус докажано е ова со социјализмот, сме го преживеале. Е сега зависи од која страна си бил и колку години, така ќе мантраш.

Не им ги спомнувај лубрикантите, сепак толку пари се потрошија на такви потребни медицински средства, за сега да пљукаат по приватниот сектор што не давал пари.
Не ги интересира кај идат нивните пари што државата им си собира, се грижат за парите на другите. :tapp: .
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.064
Поени од реакции
4.711
Покрај пандемијава од вирусов, очигледно има и "пандемија" на дезинформации, лажни вести и пропаганда. Баш добро им легна ова на Русија и Кина кои до максимум ја користат приликава за ширење пропаганда.
И покрај тоа што ЕУ ја помогна Италија на многу начини, прва вест беше Руската и Кинеската помош со знамиња на нивните авиони и камиони, која иако минорна и неспоредлива со таа на ЕУ беше опишана како огромна помош и солидарност од овие земји. Пропаганда на ниво. Секако, тука поминаа и лажните вести дека некои ЕУ земји запленувале помош наменета за Италија, киднапирале тестови или не знам какви глупости. Се помина кај народот. Дури и ветувањата на Кинезите дека ќе донираат медицинска опрема која патем никогаш не стигна, пројде кај народот.

Друга работа е реакцијата на државите кон пандемијата. Иако не се знаат точни податоци (колкава е заразноста, колкава е смртноста, колкав дел од населението е веќе заразено итн.) се пристапи кон екстремни мерки чии што резултат исто така нема да биде јасен најмалку во наредните месеци.
Бидејќи бројот на заразени не може да се провери и потврди, неопходни се симулации и проценки, кои за иронија се поточни колку што имаме повеќе податоци. Дали се веќе заразени 40% од населението на една земја? Дали се 10%? 1% во даден момент? Дали пикот беше на 25ти Март или ќе биди на 15ти Ноември?
Владите делуваат како никој да не ги слуша научниците и реагираат инстинктивно, за жал не само со пандемијава.
Имаат пресметано колку повеќе или помалку луѓе ќе страдаат жртвувајќи ја економијата? Земен им е во предвид сообраќајот, загадувањето па можеби на крајот билансот ќе биде позитивен?

И трето, одговорноста на Кина.
Факт е дека вирусот потекнува од Кина. Прашањето дали тоа можеше превентивно да биде спречено? Најверојатно не, бидејќи пренесување на вирус од животни на човек е да не речам секојдневие.
Дали Кина соодветно реагираше за да го спречи ширењето на вирусот? Најверојатно не. Голема е веројатноста дека пробале сами да се справат, но реакцијата во најмала рака била надворешниот свет да знае што е можно помалку. Секако, после тоа одговорот на властите беше диспропорционален, овозможено од апсолутната контрола на власта (нешто што западниот свет може да сонува, што е позитивно), но сега откако вирусот се рашири глобално и тие мерки најверојатно ќе им бидат залудни. Доколку ги спроведеа на самиот почеток можеби ќе пандемијата во целост ќе беше спречена, но прекасно.
Вреди да се спомне иако е контроверзно и многу малку веројатно дека Кинезите намерно имаат оставено вирусот да излезе од Кина. На различни начини доста владетели во историјата имаат искористени разни болести како оружје против противникот. Сепак, ова само како можност, екстремно се мали шансите за вакво нешто.

Последното прашање е, до кога со ваквите екстремни мерки, знаејќи дека ако заразата е на почеток, тогаш и покрај секакви карантини, затворање на граници вирусот ќе продолжи да се шири (кога тогаш мора да се кренат забраните заради пропаѓање на економијата, а тоа нема да трае повеќе недели), и ако заразата е во пикот (30% + заразени) тогаш мерките се (биле) бесполезни.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.972
Интересен момент. Британија, Франција и Германија за прв пат го употребуваат новиот финансиски инструмент Instex, за да ги заобиколат американските санкции кон Иран и да испратат медицинска помош таму.

 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.338
Vladata objavi paket ekonomski merki. Sto e predvideno za nevrabotenite?????
Па ако се оди по умот на овие што заговараат стекнување на колективен имунитет, можно е да се планира да ги заразат со вирусов па така да го решат и проблемот.
Шега на страна ако се знае за каков профил на луѓе говориме во влада а и сите оние што ги воздугнуваат и им ги опрвадуваат мерките и политиката, малку ми е страв некој да не го прочита горното па како добар предлог им го предложи како спасоносно решение.
.........

Со конструкции и пропаганда се претера, мислам дека и Гебелс им завидува, не само на форумскиве штакори кои се само трансмисија на таквата пропаганда туку лудилово зема замав.
Кога Црпе формираше министерство за вистини во владата му на Северџистан сите помислија дека е гение, вистината е поинаква.
Такво министерство за вистини веќе постои во ЕУропска, затоа и сме предмет на толку јака пропаганда -локалциве долго време таму се ангажирани хонорарно или како од дома.

European External Action Service (до токму така ова е министерство за вистини)
брои над 4000 ангажирани лица, разноразни тролови или как би рекеле структурирани во интернет бригади, на чело со бригадир, со буџет од над 600 милиони евра значи мајчиниве лапаат по околу 175.000 евра (добро сега имаат разгранета мрежа па имаат доста купени медиуми и медиумски пресститутки по колонииве, па дури имаат и фарма со тролови - верувале или не ги има неколку и на форумов љубители на четвртиот рајх, велат дека се програмери и работат од дома за пари разбира се :drk:)
Најчесто од министерството може да се слушне дека некој од таму далеку врши овде пропаганда и се осмелува да има свои интереси.
Па така вчера имаше вест дека Кина ги криела бројките затоа не им се поклопувале бројките на мртви во ЕУроспка и Кина, замислете ако Кина објавела точни бројки тие сега многу подобро ќе го дочекале вирусот, па потоа отворено се шири омраза кон Кина и Кинезите (како се однесува администрацијава на форумот ќе помислам дека и таа ги има истите погледи кон тоа прашање) а кога не е Кина на тапет тогаш е Русија... и секогаш иста реторика!
China and Russia continue to use the global coronavirus crisis to spread false reports and other online disinformation, according to the latest update published Wednesday from the European External Action Service's team dedicated to highlighting such digital tactics.
Добро еве овие агитпроповците кои говорат дека “верглам мултиполарна пропагнада“ дали се реферираат на ваквите упатства или сметаат дека знам руски или не дај боже кинески па овде пласирам нивна пропаганда, и каква е таа мултиполарна пропаганда, дечки се погубивте. Не знаете да одговорите на едноставни прашања затоа што не ве подготвиле и веднага во напад некој шири пропагнада...

Колку лица од Македонија читаат руска и кинеска пропаганда и на кој јазик ја читат сакам и јас да ја читам, ако е на руски и кинески ништо.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816
Еве може да видите како размислуваат истомислениците на баче и таксист, мулти поларен мислам ко дијагноза треба да се прогласи

Screenshot_10.png
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.338
Еве може да видите како размислуваат истомислениците на баче и таксист, мулти поларен мислам ко дијагноза треба да се прогласи

Прегледај го приврзокот 242319
Момче ти како малечок мора да си било многу тепано или ебано, односно до толку си малтретирано што твоите фрустрации се исчитуваат од секој твој комент.
Ај не забегувај, имаш ли нешто да кажеш или само ќе пишуваш еве како размислува “таксист“, аууу гррр бррр, ако продолжиш со вака инфантилно експонирање тебе цел конзилиум не може да те опраи, ајде смири се, изброј до 10 и оди легни си.
Пууууу шо направи оваа корона вирусот, човекот начисто се мрдна, во секој негов пост ме спомнува.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728

клопчето се одмотува...но имаше и дека во проектот во Вухан работеле 4 истражувачи од лабораторијата од Винипег, Канада, есента 2019 е финализирано... раководителот на лабораторијата од Винипег починал и ги однел тајните со себе... исто така, по избивањето на заразата во Вухан, Уса која во лабораторијата во Делта Форд имаше 4 типа од Ковид 19 бргу ги уништува доказните матерјалите... но сепак Пандемијата се шири во УСА, а американски адвокати поккренуваат судски постапки притив КИНА
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.972
Колку се збунети ова теоретичариве на заговори, не знаат кај му е газот, кај му е главата во моментов.

Измешаа Корона, САРС, Сарин, Харп, 5G...

Америка го создаде вирусов, за да ја заеби Кина, ама сега не му се поклопуваат коцките оти САД се во гомна до гуша.

Русија го создаде вирусов, ама пак сега царов може да е болен и се најде во карантин.

Алиса во земјата на чудата, го бркаат зајакот низ кусите им мозочни вијуги :pos:

Ајде ќе им помини како на кутре, треба само да почекаат до следната спонзорирана вест од некој српски спин мајстор, па после се ќе му стани 'јасно' :D
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.260
Поени од реакции
27.642

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.574
Поени од реакции
26.098
Колку се збунети ова теоретичариве на заговори, не знаат кај му е газот, кај му е главата во моментов.

Измешаа Корона, САРС, Сарин, Харп, 5G...

Америка го создаде вирусов, за да ја заеби Кина, ама сега не му се поклопуваат коцките оти САД се во гомна до гуша.

Русија го создаде вирусов, ама пак сега царов може да е болен и се најде во карантин.

Алиса во земјата на чудата, го бркаат зајакот низ кусите им мозочни вијуги :pos:

Ајде ќе им помини како на кутре, треба само да почекаат до следната спонзорирана вест од некој српски спин мајстор, па после се ќе му стани 'јасно' :D
Серија приказни се таму, теоретичарите на заговор се како протестантски цркви, безброј деноминации...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom