Како прво, ова за што зборите не е ПОЛИТИЧКА култура. Зборите за ОПШТА култура. Сосема е различна политичката и општата.
Како второ, ЕДНИ исти муабети се тераат на сите теми кај што барем малце ќе замириса на политика.
Ја прелистав неколку пати темава, да видам барем некоја допирна точка со политичкава култура, а јас не најдов ништо ни за ОПШТАТА. Не знам што се разликува оваа тема од таа кај што замарате со едни исти глупости, ,,Политички Случувања"
Едниве сморови зборат за тоа како паторот и неговата крими фела треба да бидат стрелани од камени. Другиве серковци па за криминалиите на црпко и неговата багра. Јас не знам што е тоа што ви е исклучено во мозокот да не знаете дека и едните и другите треба да бидат стрелани. Не знам како замижувате на своите криминали! Мада, во Македонијава веќе не се ни работи за криминалот. Да се грижевме за криминалот,самите, со наведната глава, ќе се бутневне зад решетки. А и одлично е што на некој начин сите испаѓате во право, си ги кажувате криминалиите у фаца.
А, ако сакате темава да биде за ПОЛИТИЧКА култура, постојат поданичка, парохијална и партиципативна политичка култура. Ако некој е заинтересиран, може да се дискутира за тоа во која припаѓаме ние. Поинаку, не гледам причина зошто не би се споила темава со општата.