Политиките на Бугарија кон Македонија

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Да, јас сум авторот.

Капутилација за да преживее (опстане), а не за да стане Данска. За до Данска ќе се јаде уште многу фурни леб.

Вистина да ти кажам, и онака не сум во Македонија (од егзистенцијални причини) со помош на Бугарски пасош.

За добро на Македонија (во моментов говорам за егзистенцијалното) потребно е да ви дојде умот и разумот врз главата и да спасите она малку што може да се спаси на историско, економско и незнам уште какво поле, ама затоа што и јас сум Македонец знам дека нема да ја биде оваа работа со разумот.

Можам само да ги помолам Бугариве да даваат пасоши на Македонците за да не цркнат од глад и студ „нашиве“.

Нема Македонија да капитулира бидејќи ќе ја натераат некои Македонци да капитулира, туку бидејќи последиците од овие 30 години државност(каква таква што си беше) ќе доведат до тоа да нема друга алтернатива освен да прифати што и се нуди.

Времето работи против Македонија, и засега не гледам никакви промени на политичко-економски план, така да се ќе си остане по старо - ќе си стои во место економијата, а и да има промени нема да се на време (додека да се имплементираат, додека да дадат резултати) за претстојниот банкрот и економски колапс. Може само да се помолиме (на попот од Арменија) како Грците да ни ги простат долговите.
Абе ристо, изгледа последните 30 години си ги пропуштил. Преживеавме ние сопки и од Грците и од Бугарите и од "Братската Заедница". Ниту измрзнати ниту гладни не останавме. Дека е сјајно - не е, ама какофонијата што ја слушаме од вас не држи вода. Некако Македонците не веруваат во она вашено "Капитулација или смрт".
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59

Еве јас незнам колку Македонци извадиле Бугарски пасоши, колку се заминати директно преку амбасадите, а да останеа овде тутун ќе садеа.

Сите економски чуда во времето на Груевски беа само со тоа што успеа да го намали сивиот сектор (преку воведување на фискални апарати), сега денеска Ковачевски изјави дека и тој ќе прави економски чуда во стилот на Груевски (https://centar.mk/blog/2022/01/21/kovachevski-kako-ekonomist-ne-sum-zastapnik-na-progresivno-odanochuvane/ --- „...за зголемување на опфатот на базата во оданочувањето бидејќи да не заборавиме ние имаме прилично високо ниво на сива економија.“), само се изведуваат овие бројки на јаве во БДП-то коишто веќе постојат и циркулираат (како услуги и добра на црно), еве јас ви велам дека нема да одите назад, нема да одите ни напред, а светот нас нема да ни продаде увозна струја под пазарната цена, да сме во можност Скопје да го грееме со субвенционирано парно од страна на државниот буџет кој се полни од сите граѓани (под реалната пазарна цена на топлинската енергија за крајниот потрошувач - и затоа дигнаа рака приватњаците), се разбира доаѓаат на ред фактурите за заемите коишто секако ќе се отплатат со нови заеми, народот бара од работодавачот да му ја качи минималната плата - да де, само што ако не пораснал капиталот и/или умешноста со неговото управување и/или расудувањето за тоа како се користи тој капитал - ова нема да сработи без да има отпуштања, еве за пример имав муабет со мои другари: да се качела минималната плата, им велам на која основа, велат имале газдите пари - велам па добро што ќе се мачите секоја година качете ја минималната плата право на ниво на американската минимална плата ако мислите дека така одат тие работи, велат не бивало така ама незнаат зошто. Не велам дека цените не се се качиле, но парите се само средство за размена на добра и услуги, барем да имаше повеќе добра и услуги и без да се печатат пари населението ќе имаше поголема куповна моќ, вака имаме инфлација и пораст на минимална плата и не ми се познати бројките но ќе се претура от сито во сакато како и секојпат.

Се разбира ова со намалување на сивиот сектор ќе влијае поволно на државниот сектор, е сега колку продуктивно државниот сектор го троши буџетот сите си знаеме.

А ова и со покачена минимална плата и двајцата родители да работат повторно нема да им стигнат парите да одгледат две деца со цел продолжување на „работничката класа“ или „задржување на наталитетот“ на истото ниво, освен ако не планираат да живеат како скотови и да се хранат со леб, виршли, маргарини и слични ѓубриња. И сето ова додека имаме незнам 15-20% невработеност, а во исто време работодавците се жалат дека немале стручен кадар или пак дека кадарот им заминувал во странство. А да, и недела да не била неработен ден, па направете плата по час како е во Америка и правете што сакате со работните денови и работните часови. Сега кој треба да го остручи кадарот, т.е. да ги субвенционира работодавателите, дали самите работници да се устручуваат (на сопствена сметка) или државата (преку даноците од сите граѓани на општа сметка) тоа е веќе политичка одлука.

Или пак да ги земеме фирмите во Скопје: Пошта (државна), Алкалоид (државата ги одредува цените на лекарствата), ОКТА (државно регулиран сектор), Телеком + А1 (повторно државно регулиран сектор со помош контролирање на лиценците), Макпетрол (државата ја определува крајната цена на дериватите - се разбира со загарантиран профит), , т.е. на ваков или онаков начин се државно-регулирани-монополи, ЕСМ, ЕВН, ... и стотици државни објекти(платени директно од буџетот), ...
Да не ги заборавам банките (тие имаат додадена вредност со тоа што ги пренасочуваат капиталот онаму каде што има најголем профит и следователно најголем економски бенефит) кадешто има каква таква конкуренција, додека провинцијата е на земјоделие, текстил, туризам, конзервирани фабрики, фабрики за мебели на пример, ... - онаму каде што има најголема конкуренција.

Освен Алкалоид којшто може да извезе нешто од Скопскиве, но не се надевајте на него многу кога ќе влезете во ЕУ, бидејќи постојат квоти за медикаменти - со образложение дека тој сектор е стратешки за сите држави, вистина ви велам баш паметно сте се си одиграле овде. Е ова не е слободна пазарна економија, и затоа ќе имате неефикасна економија (во поглед на тоа за распределување кон вистинското место на ограничените ресурси (материјални, човечки, ...)) и ќе си патите од сиромаштија се додека не се направат структурни реформи на самиот систем (ако сте Скопјани немате гајле во сегашниот систем).

Е оваа е македонската економија и економска мисла, Македонец Македонец да закопа.
 
Член од
4 јуни 2015
Мислења
239
Поени од реакции
221
За Бугарите што ја спорат Македонската нација и што велат дека настанала после 1944 година, еве нека прочитаат што напишал нивниот преродбеник Петко Славејков во далечната 1871 година во време кога се уште не била формирана современата македонска држава, во време кога ВМРО се уште не било формирано, во време кога Коминтерната не постоела и кога Тито нашиот бог се уште не бил ни роден. Прочитајте како се изјаснувале тогаш македонците и какво мислење имале за нивниот јазик и за бугарите.

Македонското прашање - Петков Рачев Славејков
 
Член од
24 јануари 2021
Мислења
767
Поени од реакции
466
Еве јас незнам колку Македонци извадиле Бугарски пасоши, колку се заминати директно преку амбасадите, а да останеа овде тутун ќе садеа.

Сите економски чуда во времето на Груевски беа само со тоа што успеа да го намали сивиот сектор (преку воведување на фискални апарати), сега денеска Ковачевски изјави дека и тој ќе прави економски чуда во стилот на Груевски (https://centar.mk/blog/2022/01/21/kovachevski-kako-ekonomist-ne-sum-zastapnik-na-progresivno-odanochuvane/ --- „...за зголемување на опфатот на базата во оданочувањето бидејќи да не заборавиме ние имаме прилично високо ниво на сива економија.“), само се изведуваат овие бројки на јаве во БДП-то коишто веќе постојат и циркулираат (како услуги и добра на црно), еве јас ви велам дека нема да одите назад, нема да одите ни напред, а светот нас нема да ни продаде увозна струја под пазарната цена, да сме во можност Скопје да го грееме со субвенционирано парно од страна на државниот буџет кој се полни од сите граѓани (под реалната пазарна цена на топлинската енергија за крајниот потрошувач - и затоа дигнаа рака приватњаците), се разбира доаѓаат на ред фактурите за заемите коишто секако ќе се отплатат со нови заеми, народот бара од работодавачот да му ја качи минималната плата - да де, само што ако не пораснал капиталот и/или умешноста со неговото управување и/или расудувањето за тоа како се користи тој капитал - ова нема да сработи без да има отпуштања, еве за пример имав муабет со мои другари: да се качела минималната плата, им велам на која основа, велат имале газдите пари - велам па добро што ќе се мачите секоја година качете ја минималната плата право на ниво на американската минимална плата ако мислите дека така одат тие работи, велат не бивало така ама незнаат зошто. Не велам дека цените не се се качиле, но парите се само средство за размена на добра и услуги, барем да имаше повеќе добра и услуги и без да се печатат пари населението ќе имаше поголема куповна моќ, вака имаме инфлација и пораст на минимална плата и не ми се познати бројките но ќе се претура от сито во сакато како и секојпат.

Се разбира ова со намалување на сивиот сектор ќе влијае поволно на државниот сектор, е сега колку продуктивно државниот сектор го троши буџетот сите си знаеме.

А ова и со покачена минимална плата и двајцата родители да работат повторно нема да им стигнат парите да одгледат две деца со цел продолжување на „работничката класа“ или „задржување на наталитетот“ на истото ниво, освен ако не планираат да живеат како скотови и да се хранат со леб, виршли, маргарини и слични ѓубриња. И сето ова додека имаме незнам 15-20% невработеност, а во исто време работодавците се жалат дека немале стручен кадар или пак дека кадарот им заминувал во странство. А да, и недела да не била неработен ден, па направете плата по час како е во Америка и правете што сакате со работните денови и работните часови. Сега кој треба да го остручи кадарот, т.е. да ги субвенционира работодавателите, дали самите работници да се устручуваат (на сопствена сметка) или државата (преку даноците од сите граѓани на општа сметка) тоа е веќе политичка одлука.

Или пак да ги земеме фирмите во Скопје: Пошта (државна), Алкалоид (државата ги одредува цените на лекарствата), ОКТА (државно регулиран сектор), Телеком + А1 (повторно државно регулиран сектор со помош контролирање на лиценците), Макпетрол (државата ја определува крајната цена на дериватите - се разбира со загарантиран профит), , т.е. на ваков или онаков начин се државно-регулирани-монополи, ЕСМ, ЕВН, ... и стотици државни објекти(платени директно од буџетот), ...
Да не ги заборавам банките (тие имаат додадена вредност со тоа што ги пренасочуваат капиталот онаму каде што има најголем профит и следователно најголем економски бенефит) кадешто има каква таква конкуренција, додека провинцијата е на земјоделие, текстил, туризам, конзервирани фабрики, фабрики за мебели на пример, ... - онаму каде што има најголема конкуренција.

Освен Алкалоид којшто може да извезе нешто од Скопскиве, но не се надевајте на него многу кога ќе влезете во ЕУ, бидејќи постојат квоти за медикаменти - со образложение дека тој сектор е стратешки за сите држави, вистина ви велам баш паметно сте се си одиграле овде. Е ова не е слободна пазарна економија, и затоа ќе имате неефикасна економија (во поглед на тоа за распределување кон вистинското место на ограничените ресурси (материјални, човечки, ...)) и ќе си патите од сиромаштија се додека не се направат структурни реформи на самиот систем (ако сте Скопјани немате гајле во сегашниот систем).

Е оваа е македонската економија и економска мисла, Македонец Македонец да закопа.
Lele choeche, da skrateshe malku… Te biva za referati ne mozev da te dochitam :). A za lekarstva greshka si ako vlezeme vo EU, polesno kje bide za mnogu lugje, paralelen vnos iznos gluposti, samo shto kaj nas e centralizirana rabotata. Drug e zbor ako se smeni a Alkaloid kje im se rashiri pazar mnooogu povishe odkolku shto e sega…..
 
Последно уредено:
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
Џабе пишувам за реформи (и за она горе и за ова во овој пост), ништо нема да се смени бидејќи никој во природата не е видел чесна и намерна размена на коски помеѓу две кучиња: „Оваа коска е моја, ќе ти ја дадам тебе а ти ќе ми ја дадеш твојата...“

Кога ЕУ вели направете овде и онаму реформи (коишто не ги спроведуваме во практика), има една историска разлика помеѓу освојувањата на Мурите на Шпанија и Монголите на Русија - за разлика од Монголите, Мурите донесоа Алгебра и Геометрија во Мурска Шпанија.

Се разбира ова со Адам Смит, како таткото на модерната економија е само почетокот. После него доаѓа Рикардо, па Австриската Економска Школа (со подшколите нејзини (или интерпретации) Чикашката, ја имаме школата на Кејнс, и се редат понатаму до безкрај... Има и школи од Социјалистичкиот поредок тие Левица најдобро си ги знае.

Прво државата треба да си избере економска школа кон којашто ќе се придржува, школа којашто е компатабилна со нашиот менталитет. Се разбира има и напредни материјали, сврзување на статистичките инфоримации со носачите на политики, постојат економско-математички модели коишто исто така треба да се поврзани - но тоа е стара технологија, денеска се комбинираат информациите (од бази на податоци - банкарски преводи, декларации за увоз/извоз, од remote sensing апарати - на пример сателити - каде по ѓаволите се бродовите, колку брзо се движат, колку тутун има сеено во Прилеп...) со брзина на светлината со математичките модели и се воведува користење на вештачка интелегенција. Си имат љуѓето суперкомпјутери.

Тоа е од економска страна, но од бизнис страна - којашто е посебна научна гранка - говорам за производствената дејност - постојат исто така оптимизациони алгоритми, постојат веројатноснити модели, не дај боже и некои диференцијални равенки, се воведува вештачка интелегенција, и сето ова треба да биде поврзано со податоци, но ова е само за носењето на одлуки. Друга приказна е техничко-технолошкиот know-how. Овие "реформи" нема никој ниту од ЕУ да ни ѓи достави за џабе (освен ако не си купат газдите необходни лиценци или сами не си ги развијат), бидејќи тоа одлучува кој за кого ќе аргатува. Само можат да дојдат странските фирми и да си го користат ова know-how во рамките на нивните објекти.

Од економската политика зависи колку бизнис страната ќе инвестира - нив ги интересира само крајниот профит после оданочување - и сето ова треба да биде усогласено со долгорочните-стратешки-интереси на Македонија (односно број на население, неговата куповна моќ, надворешна политика (ако има воопшто таква), ...).

Во родната општина Американците преку УСАИД инвестираа во спортски сали во две населени места - со оглед на бизнис околностите во родниот крај и во државата - ја проценија ситуацијата со 5(одлично).

Крајно несериозни сме, и ништо нема да промениме за наше добро - нешто како јас се накрадов и се сончам на Мајами, а после мене потоп...
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
.....

Или пак да ги земеме фирмите во Скопје: Пошта (државна), Алкалоид (државата ги одредува цените на лекарствата), ОКТА (државно регулиран сектор), Телеком + А1 (повторно државно регулиран сектор со помош контролирање на лиценците), Макпетрол (државата ја определува крајната цена на дериватите - се разбира со загарантиран профит), , т.е. на ваков или онаков начин се државно-регулирани-монополи, ЕСМ, ЕВН, ... и стотици државни објекти(платени директно од буџетот), ...
Да не ги заборавам банките (тие имаат додадена вредност со тоа што ги пренасочуваат капиталот онаму каде што има најголем профит и следователно најголем економски бенефит) кадешто има каква таква конкуренција, додека провинцијата е на земјоделие, текстил, туризам, конзервирани фабрики, фабрики за мебели на пример, ... - онаму каде што има најголема конкуренција.

Освен Алкалоид којшто може да извезе нешто од Скопскиве, но не се надевајте на него многу кога ќе влезете во ЕУ, бидејќи постојат квоти за медикаменти - со образложение дека тој сектор е стратешки за сите држави, вистина ви велам баш паметно сте се си одиграле овде. Е ова не е слободна пазарна економија, и затоа ќе имате неефикасна економија (во поглед на тоа за распределување кон вистинското место на ограничените ресурси (материјални, човечки, ...)) и ќе си патите од сиромаштија се додека не се направат структурни реформи на самиот систем (ако сте Скопјани немате гајле во сегашниот систем).

Е оваа е македонската економија и економска мисла, Македонец Македонец да закопа.
Не разбирам шо сакаш да кажеш?

Ние имаме регулирани сектори кои се од државен интерес. ЕУ земјите имаат регулирани сектори од државен интерес. Ако не влеземе во Еу нема да имаме пристап до секторите од интерес, ако влеземе - исто?

Шо е овде аргументот?
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
Не разбирам шо сакаш да кажеш?

Ние имаме регулирани сектори кои се од државен интерес. ЕУ земјите имаат регулирани сектори од државен интерес. Ако не влеземе во Еу нема да имаме пристап до секторите од интерес, ако влеземе - исто?

Шо е овде аргументот?
Државен интерес или „виша цел“ (кадешто добивките се загарантирани или во случај на државни претпријатија загубите покриени) не е економски нај-ефикасно. Сега државен интерес не се побива со економски аргументи.

Во некои конкретни случаи, односно Пошта кој државен интерес е тој таа да е државна и во исто време да имаме
Другите лиценцирани даватели на поштенски услуги за истата поштенска услуга не смеат да наплаќаат единечна цена пониска од 62,5.денари,според моменталните цени кои се во примена од 1 март 2020. Целосна либерализација на поштенскиот пазар, процес што беше планиран за почетокот на следната година, е одложуван шест пати досега.
Во случај на макпетрол, кој е тој државен интерес крајната цена на сите бензиски пумпи во државата да е иста, т.е. да нема конкуренција помеѓу бензинските станици - можеби затоа што макпетрол има најголем број бензиски станици?

Во случај на Алкалоид, кој државен интерес го имаме во случај на недостаток на лекови, кога за повеќето лекарста се потребни неопходните хемиски прекурсори, зарем Алкалоид сите прекурсори си ги произведува од 0? Да не би останеме во случај на ембарго без лекарста, ама ќе ги немаме прекурсорите за производство на тие лекарства во Алкалоид. И кој е државниот интерес цената на лекарствата да ја одредува државата, наместо слободниот пазар?

Имаме ОКТА, овде можам да се согласам дека имаме некаков државен интерес да имаме рафинерија, но и овде е весело бидејќи немаме нафтени полиња.

Во случај на мобилните оператори, од каков државен интерес е да се ограничува бројот на операторите (конкуренцијата) со помош на „лиценци“?

Се работи за монополи со државен благослов заради државен интерес со приватни сопственици. Економските последици во случај на монополи се добро познати - максимални цени на нивните продукти.

Зарем не е севкупната македонска економија од државен интерес, или пак стандардот на ѓраганите државен интерес? Или овие 15% невработени не се државен интерес?
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Државен интерес или „виша цел“ (кадешто добивките се загарантирани или во случај на државни претпријатија загубите покриени) не е економски нај-ефикасно. Сега државен интерес не се побива со економски аргументи.

Во некои конкретни случаи, односно Пошта кој државен интерес е тој таа да е државна и во исто време да имаме

Во случај на макпетрол, кој е тој државен интерес крајната цена на сите бензиски пумпи во државата да е иста, т.е. да нема конкуренција помеѓу бензинските станици - можеби затоа што макпетрол има најголем број бензиски станици?

Во случај на Алкалоид, кој државен интерес го имаме во случај на недостаток на лекови, кога за повеќето лекарста се потребни неопходните хемиски прекурсори, зарем Алкалоид сите прекурсори си ги произведува од 0? Да не би останеме во случај на ембарго без лекарста, ама ќе ги немаме прекурсорите за производство на тие лекарства во Алкалоид. И кој е државниот интерес цената на лекарствата да ја одредува државата, наместо слободниот пазар?

Имаме ОКТА, овде можам да се согласам дека имаме некаков државен интерес да имаме рафинерија, но и овде е весело бидејќи немаме нафтени полиња.

Во случај на мобилните оператори, од каков државен интерес е да се ограничува бројот на операторите (конкуренцијата) со помош на „лиценци“?

Се работи за монополи со државен благослов заради државен интерес со приватни сопственици. Економските последици во случај на монополи се добро познати - максимални цени на нивните продукти.

Зарем не е севкупната македонска економија од државен интерес, или пак стандардот на ѓраганите државен интерес? Или овие 15% невработени не се државен интерес?
Пак ќе прашам, каде е аргументот овде? Шо уствари сакаш да кажеш?
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
Пак ќе прашам, каде е аргументот овде? Шо уствари сакаш да кажеш?
Во првиот пост напишав дека не е баш ова пазарна економија - дека ограничениот капитал (човечки, материјален, ...) се разпределува во погрешни раце, наместо онаму каде што според пазарната економија природно би припаднал - т.е. онаму каде што ќе има најголема полза од него (профит или повраток на инвестицијата, или вредност (којашто се дели на два вида - вредност во користење и вредност во размена)), сето ова повлекува неефикасност во економијата и така натаму...
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Во првиот пост напишав дека не е баш ова пазарна економија - дека ограничениот капитал (човечки, материјален, ...) се разпределува во погрешни раце, наместо онаму каде што според пазарната економија природно би припаднал - т.е. онаму каде што ќе има најголема полза од него (профит или повраток на инвестицијата, или вредност (којашто се дели на два вида - вредност во користење и вредност во размена)), сето ова повлекува неефикасност во економијата и така натаму...
ОК тоа шо си пишал, ама шо е аргументот тука? Како е ова поврзано со:

Капутилација за да преживее (опстане), а не за да стане Данска. За до Данска ќе се јаде уште многу фурни леб.
Ova ne e bash za temava shto go pishe tipchevo, ama mi se svigja temelno se iskazuva( btw ne go dochituvam:))
Да, да секако. Исто ко и Ireal коа пишува. Тефтери текст и на крај нема никаде поента муабетот. :)
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
ОК тоа шо си пишал, ама шо е аргументот тука? Како е ова поврзано со:

Да, да секако. Исто ко и Ireal коа пишува. Тефтери текст и на крај нема никаде поента муабетот. :)
На економски план ти објаснив горе-долу како стојат работите. Ако сте задоволни со сегашната состојба и не-мрднувањето на економско поле во блиска иднина, не влајате во ЕУ. Само да не заборавите пред да објавите дека не влагате у ЕУ да се разграничите со македонските Албанци.
 
Член од
24 јануари 2021
Мислења
767
Поени од реакции
466
На економски план ти објаснив горе-долу како стојат работите. Ако сте задоволни со сегашната состојба и не-мрднувањето на економско поле во блиска иднина, не влајате во ЕУ. Само да не заборавите пред да објавите дека не влагате у ЕУ да се разграничите со македонските Албанци.
Ok se napishano ama zs pishesh vo treto lice? Neli si od Makedonija? Moze ziveesh nadvor da ama zs pishesh vo treto lice? Ili demek zamina nadvor i zapali se u Mk shto imash
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
Ok se napishano ama zs pishesh vo treto lice? Neli si od Makedonija? Moze ziveesh nadvor da ama zs pishesh vo treto lice? Ili demek zamina nadvor i zapali se u Mk shto imash
Јас не сум од „множеството елементи“ коишто не сакаат да влезат во ЕУ, и се обраќам кон другото „множество елементи“.
 
Член од
24 јануари 2021
Мислења
767
Поени од реакции
466
Јас не сум од „множеството елементи“ коишто не сакаат да влезат во ЕУ, и се обраќам кон другото „множество елементи“.
Te razbrav sega, ama nema tuka lugje shto ne sakaat da vlezime vo EU, ili barem ja taka mislam
 
Kajgana Shop

На врв Bottom