Политиката на Унгарија и Виктор Орбан

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Поздрав до сите читатели на темава. Прво би сакал да дознаам зошто Виктор Орбан имаше толку негативни реакции од поголемата Македонска јавност после неговото доделување на некоја си титула од нашиов претседател Иванов. Па лесно ке се надоврземе на политиката на Унгарија (Сигурно не сум единствениот кого интересира политиката на Унгарија а посебно омразата кон Виктор Орбан сум читал дека е контроверзен ама никако да сфатам зошто? ) Фала! :D
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.872
Поени од реакции
7.567
И ја не знам.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
9.696
Поени од реакции
14.529
Контоверзен им беше на опозицијата зашто им личел на грујо во некои постапки. Нешо слобода на медиуми ;(
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
824
Виктор Орбан е голем политичар и вистински патриот кој се изјасни против колонизаторската политика на запдноевропејските банки и ММФ. Ете затоа во европските медиуми се води кампања за негово оцрнување.

Цитати од Виктор Орбан:
"Ерата на банките е завршена!"

"Не сме колонија на ЕУ!"

"Банките и големите компании, задоволни од монополот во Унгарија, треба да се навикнат на новата ситуација. Тие беа силни и социјалистичката влада се поклонуваше пред моќта им. Но сега ние сме посилни и тие треба да се приспособат кон Унгарците, а не обратно.''

"Унгарија е независна и суверена држава. Ерата на колонизација заврши. Намалувањето на цените на комуналните услуги, укинување на режимот на кредитирање во странска валута и спасување на семејствата и нивните живеалишта се национална кауза за нас "

"Брисел упропастување недели, за да се одреди големината на клетките за кокошки, да ги принуди земјоделците да ставаат играчки во свинарниците или да се загрижени дека духовниот одмор на гуските е важен европски проблем додека во исто време стотици илјади граѓани ја загубија својата работа, гледат како паѓа нивниот финансиски систем и чувствуваат дека станува потешко и потешко да се преживее "!

Ете затоа интернационалото банкерско лоби не го сака Орбан. Во 2011 година е приет нов унгарски устав. Préambule-от на новиот унгарски устав се нарекува - ''Декларациja на верата во нацијата'' Со тоа Орбан се спротивстави на наметнување од ЕУ мултикултурен модел кој води Европа кон гибел. Новиот унгарски Устав одредува бракот како ''унија меѓу мажот и жената'', што доведе до гнев европските проповедници на хомосексуализмот. Според новиот устав се зборува за «правото на живот од моментот на зачнувањето» што може да доведе до забрана на абортусот.

Цел № 1 во економската програма на Орбан е воспоставување на национален контрола над Унгарската централна банка, што се прифаќа на нож од ММФ.

Орбан е вистински политичар кој мисли за својот народ и поддржува силната национална држава и реалната економија.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
12.578
Поени од реакции
9.700
Поздрав до сите читатели на темава. Прво би сакал да дознаам зошто Виктор Орбан имаше толку негативни реакции од поголемата Македонска јавност после неговото доделување на некоја си титула од нашиов претседател Иванов. Па лесно ке се надоврземе на политиката на Унгарија (Сигурно не сум единствениот кого интересира политиката на Унгарија а посебно омразата кон Виктор Орбан сум читал дека е контроверзен ама никако да сфатам зошто? ) Фала! :D
Како заклучи дека од поголемата македонска јавност. Мислиш на соросоидите или Тито Петковски. Тоа се се множи со нула.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
@Vlade, site novini zborea za toa :) Osven sitel i kurir, normala.
@Red Baron, fala drugar :) Mi go promeni mislenjeto za Orban :) Komentari sega za politikava na Ungarija od istorijata do sega? I nekoj da prokomentira za odnosite megju UNG i MKD?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
12.578
Поени од реакции
9.700
@Vlade, site novini zborea za toa :) Osven sitel i kurir, normala.
Такви ни се медиумите, затоа тука демократски избрана влада е режим, затоа нема слободно новинарство и ред други работи.
А пак новинарите што да ти кажувам, кој од кој.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Temava ne e nameneta za konfrontacii da li SDSM ili VMRO ili da li Sitel ili Telma! Vo glavno temava e mislenja za Politikata na Ungarija i Viktor Orban koj skoro beshe ugosten kaj Ivanov radi dodeluvanje na nekoja titula.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
7.730
Причината зошто Виктор Орбан ужива неславна и негативна репутација низ Европа и пошироко, се неговите закони со кои ги ограничува човековите права и слободи на говорот и на протест, како и праксата да партизира едни медиуми, а сите останати да ги демонизира и по можност да ги затвори, кристално исто како што е денес во Македонија.

Унгарија тешко беше погодена од светската економска криза од 2008 година, но иако е полноправна членка на НАТО и на ЕУ, сепак не е членка на евро-зоната и не го користи еврото како своја валута, туку и понатаму ја користи сопствената национална валута - форинтот. Поради ова, Унгарија не може да биде уценувана на истиот начин на кој беа уценувани Ирска, Грција, Португалија, Италија, Шпанија и Кипар, бидејќи ако Унгарија банкротира, само таа ќе ги почувствува последиците од сопствениот банкрот, но не и државите членки на евро-зоната, а на крајот ЕУ нема да може да ја уценува Унгарија за да и додели економска помош во облик на нови задолжувања.

Како капак на сето ова, Виктор Орбан дојде на власт во Унгарија во 2010 година со употреба на кристално истите популистички методи кои ги употребуваше актуелната влада на Република Македонија кога дојде на власт во 2006 година. Орбан не е евроскептик и дефинитивно не е противник на членството на Унгарија во ЕУ. Напротив, Виктор Орбан во Унгарија е истото што е и Дејвид Камерон во Велика Британија - дволичен лицемер и лажливец кој се крие зад маската на конзерватизмот, лажниот национализам и лажниот патриотизам, наводно отворено и јавно им пркоси на ЕУ и на нејзините политики, но во реалност само купува време за да остане на власт.

Еден од законите кои ги има воведено Орбан, е законот со кој и се дава поголема монетарна власт и моќ на Народната Банка на Унгарија, а тоа е во целост спротивно на интересите на Европската Централна Банка и ЕУ, кои сакаат сите држави членки на ЕУ порано или подоцна да станат дел од евро-зоната и да го прифатат еврото како своја валута, а со новите закони кои ги има воведено владата на Орбан, во Унгарија се случува токму спротивното.

Но главната причина зошто Виктор Орбан и неговата влада уживаат неславна и негативна репутација низ Европа и пошироко, се редовните парламентарни извори во Унгарија кои треба да се одржат во пролетта 2014, а несомнено Орбан и неговата влада се на нишан на ЕУ и на евробирократите за да ги изгубат изборите и за да се изгласа нова влада на Унгарија која, се разбира, ќе биде што е можно повеќе пријателски ориентирана и послушна кон ЕУ и кон евро-бирократите.

Еве што има да каже американскиот економист и продуцент и режисер на документарни филмови Бил Стил за Виктор Орбан и за Унгарија.

 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
E taka! :) Fala ! A sega nekoj da kazhe del od politikata na Ungarija?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
12.578
Поени од реакции
9.700
Temava ne e nameneta za konfrontacii da li SDSM ili VMRO ili da li Sitel ili Telma! Vo glavno temava e mislenja za Politikata na Ungarija i Viktor Orban koj skoro beshe ugosten kaj Ivanov radi dodeluvanje na nekoja titula.
Сега откако го прочита постот над овој сфати што сакам да кажам или треба подетално да ти објаснам.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
6.937
Поени од реакции
12.191
Член од
12 март 2009
Мислења
15.960
Поени од реакции
10.879
Како е ова подобро од бато Сорос?
па подобро е за нив, Кина им отвори бизниси и им даде заем за брза пруга Пешта - Београд ( - Атина:confused:)..
А ние што ќе отвараме блгарски универзитет:cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom