Политиката и спортот

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Како дел од санкциите кон Русија, при инвазијата на Украина, беа опфатени и спортисти кои доаѓаат од оваа федерација. Имено, фудбалската репрезентација на Русија беше елиминирана, од страна на ФИФА, уште за време на квалификациите за светското првенство. Рускиот шахист Сергеј Карјакин доби забрана за учество на турнири 6 месеци од страна на шаховската федерација поради поддршката на својата држава во војната со Украина. Во меѓувреме ФК Челси се соочува со санкции, не може(ше) да исплаќа плати, не може да склучува нови договори со постојните играчи, не може да купува нови играчи! Причината на санкциите е во тоа што сопственик на клубот е Роман Абрамович. Послените вести кои ни доаѓаат од светот на спортот е дека Џонсон забранил учество на тенисери од Русија и Белорусија на Вимблдон!

Пред оваа војна, светот на спортот беше поделен околу едно друго прашање: забраната за учество на невакцинираните тенисери на АО, сем ако не потврдат дека поради здравствени причини не можат да ја примат таа вакцина! Одредени тенисери не добија виза затоа што нивната вакцина, тогаш, не беше признаена во Австралија.
Посебно се издвои приказната за, тогаш, актуелниот шампион и првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ. Новак доби дозвола, ги даде потребните документи, го понижи австралискиот режим пред сопственото судство и властите, на чело со скотот Морисон, ја дерогираа судската одлука и го депортира Новак!

Овие настани ме фрлија во мисла за читнам нешто повеќе за политиката и спортот низ историјата. Првиот обид за бојкот на одредени ОИ се случил во 1936, ОИ во Минхен (Германија) поради нацистичкиот режим и нивните политики. Бојкотот пропаднал, а историјата ги памети сликите од сите германски олимпијци со нацистички поздрав при интонирањето на химната и при доделувањето на медалите, забраната за учество на Евреите под германското знаме и засенувањето на Џеси Овенс со 4-те златни медали пред очите на Хитлер! Една од поинтересните полемики е за односот на Хилтер кој го напуштил доделувањето на медали, едни историчари сметаат дека тоа била негова пракса и ретко останувал до самиот крај, а други сметаат дека тоа било резултат на револт кон неговите расни политики односно политичките за ариевската раса.

Потоа се селиме во Мелбурн (1956). Овие ОИ ги бојкотираат Шпанија и Швајцарија пораки инвазијата на СССР над Унгарија. Но и Египет, Камбоџа, Либан и Ирак поради окупацијата над Синајскиот полуостров од страна на Израел.

ОИ во Москва ги бојкотираат десетици држави, поради инвазијата на СССР над Авганистан, каде СССР возвраќа со бојкотот на наредните ОИ во САД! Еден од поинтересните настани е и бојкотот на СССР со фудбалскиот натпревар со Чиле поради државниот удар во Чиле кога беше турнат претседателот Салвадор Аљенде, со помош на САД, и на власт доаѓа Пиноче.

Во 70-тите ЈАР има забрана за учество на мундијали поради апартхејдот, а во 90-тите и СРЈ има неколку годишна забрана како учество, така и за одржување на турнири. Тука се издвојува сагата со Боби Фишер, кој учествува на турнирот во Белград, добива налог за апсење од страна на властите во САД и мигрира низ неколку држави во светот, на крајот завршува во Исланд, каде и умира.

Во светот на спортот познати се и приказните за фаворизирање на одредени спортисти на сметка на други, како Карпов во однос на Каспаров во СССР. Па дури и на нашите простори има приказни дека режимот во Србија ја фаворизира Звезда во однос на Партизан!

Дури имали и закони, во САД, за забрана за учество на црнците во некои безбол лиги, па и неповолни закони само колку да го кочат нивниот прогрес!

Оваа тема не е woke, не е за клечењето како расистичките и терористички организации како БЛМ, туку за политиките и одлуките на федерациите, комитетите и самите власти.

И оваа тема не се однесува на културата (книги, ликовна уметност, музика, архитектура, филм...), за кои ќе следува посебна тема.

Дали власта треба да се меша во спортот? Ако да, до кој степен? Дали спортот треба да се политизира? Дали треба да се користи и злоупотребува за пласирање на политичка пропаганда и промовирање на кампањски материјали? Дали спортистите би требало да испраќаат политички пораки? Дали треба да се казнуваат клубовите поради политичките скандираа на публиката? Ако да, зошто?
 
Член од
2 мај 2022
Мислења
46
Поени од реакции
122
Мене ми е криво што на Русите им забранија да играат на Вимблдон. Повеќе ми се допаѓаше првата идеја, да мораат да се дистанцираат од Путин за да можат да играат. Да беше вториот случај, и јас да бев Медведев или Рубљов, ќе се откажев од Путин, ќе отидев на Вимблдон, и во првиот меч ќе го извадев курот и ќе им се помочав на "светата" трева на Вимблдон.

Некој мора да ги врати гадните островски фаци во реалноста, дека се никој и ништо.
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.288
Прекрстиј ја темата, во фашизмот вс спортот.
 
D

dobramuzika

Гостин
не е во ред ова што им се прави на руските спортисти, за жал, меѓутоа спортот има изгубено добар дел од неговото вистинско значење, искреност веќе и да нема, посебно во фудбалот, кошарката, мешање политика во истите, преплатени играчи, местени утакмици... не е веќе како што би рекле англичаните - pure.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
  • На Ролан Гарос одлучија да го почитуваат принципот на неутралност и нема намера да ги казнува тенисерите за дејствијата што ги прават нивните политички лидери, пишуваат француските медиуми.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.258
Поени од реакции
1.899
Јас сум за да им дадат учество се додека јавно на телевизија дадат изјава дека не ја поддржуваат војната и да играат како тим/играч неповрзан со Русија.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Јас сум да им дадат учество се додека јавно на телевизија дадат изјава дека не ја поддржуваат војната и да играат како тим/играч неповрзан со Русија.
Зошто да биде неповрзан со Русија кога е Русин? И зошто да мораат да даваат изјави и да навлегуваат во политичките води, кога може и да не ги засега војната, па и воопшто политиката!?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Јас сум за да им дадат учество се додека јавно на телевизија дадат изјава дека не ја поддржуваат војната и да играат како тим/играч неповрзан со Русија.
Зошто не баравме од американските спортисти да се откажат од својата земја, кога САД ги нападнаа: Ирак, Србија, Кореја, Виетнам, Гранада, Либија, Афганистан и други ?
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.258
Поени од реакции
1.899
Зошто да биде неповрзан со Русија кога е Русин? И зошто да мораат да даваат изјави и да навлегуваат во политичките води, кога може и да не ги засега војната, па и воопшто политиката!?
Државниот идентитет не е битен - како што кажа, тоа ти е политика небитна за самиот играч. Ама спротските организации се забавни индустрии и не сакаат да поддржуваат убиство и мислам дека не е големо барање од играчите да се изјаснат дека исто така не поддржуваат убиство.
Автоматски споено мислење:

Зошто не баравме од американските спортисти да се откажат од својата земја, кога САД ги нападнаа: Ирак, Србија, Кореја, Виетнам, Гранада, Либија, Афганистан и други ?
Јас мислам дури и без војна не треба да се спомнува држава на спортски настани. Мене не ме интересира која држава игра, само тимот ме интересира.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Јас мислам дури и без војна не треба да се спомнува држава на спортски настани. Мене не ме интересира која држава игра, само тимот ме интересира.
A зошто баш руските спортисти треба да се откажат од својата земја и претседател?
 
Член од
30 април 2022
Мислења
248
Поени од реакции
347
@Shakespear gi kakas temive drugar. Bez navreda ama epten letas vo oblaci i sustinata ne ja dopiras nikako.

Ne smee na sportist da se zabrani da ucestvuva na natprevar samo zatoa sto e rusin. Toa e CIST FASIZAM.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Бидејќи претседателот им е хомицидален диктатор.
Дали Американците, еден по еден, треба да се извинуваат (или да даваат изјави со кои ќе се оградат) затоа што нивниот актуелен претседател е воен злосторник? И дали ти застана зад Џо на последните претседателски избори во САД, иако не ти беше прва виолина? :noze:
 
Член од
30 април 2022
Мислења
248
Поени од реакции
347
Koga sme na temata, novata reklama na Adidas, i moeto zboguvanje so ovaa kompanija na koja bev dolgogodisen potrosuvac.
Toa sho e kupeno, ke se iznosi, narednite parcinja od druga kompanija.
Powerfull athlete i bucka stavile pa i trans da se natprevaruva. Ti blagodaram mnogu. Svetot trgna vo pogresna nasoka.


Jas sum normalen. Bidete i vie.
Finansirano od normalnite lugje vo svetot.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom