Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Уште една тема која е во расчекор меѓу овој и некој сроден подфорум, каде политката се има инкорпорирано. Првичната идеја ми беше темава да гласи “Политиката и здравството“, но со оглед на тоа дека опфатив и теми кои излегуваат од тој шаблон (како правото на здрава животна средина), но се (ин)директно со здравството, ја преформулирав во “Политиката и здравјето“ и се посветив на улогата, значењето и децениските политички игри кои се играат околу овие прашања.
Буџетското прашање е едно од најнеинтересните, но едно од најклучните. Од нашиот буџер, најголемите буџетски колачи одат за социјалната заштита, економските текови и за здравствто. Со бројките кои ги најдов, за 2021 година биле предвидени 40,8 милијарди денари, за 2022 година 42,6 милијарди денари, и за 2023 година 42,1 милијарди денари за во здравството. И покрај овие бројки, Македонија се соочува со фрапантни статистики, кои тешко можат да се занемарат. Македонија е лидер во регионот, и долги години втора држава во Европа, по стапката на починати новороденчиња. Позитивната листа на лекови долги години не е обновена. Болниците и клиниките тонат во долгови (што доспеани, што недоспеани), каде најсвежа вест ни е тоа што државата го покри долгот за електрична енергија на Клиничкиот центар “Мајка Тереза“. Најсвежа рана, за која се најавени и протести пред Владата, е набавувањето лекови за само 8 пациенти болни од цистична фиброза каде ќе се врши класична здравствена лотарија. Секако, предност секогаш имаат потешко болните, но државата не треба да ги запоставува и да ги става во понеповолна позиција и полесно болните. Истите имаат и своевидни права, и како граѓани, но и како пациенти. Државата реагира само по трогателноста и по намалување на стихијата заборава на овие прашања и проблеми.
Правото на здрава животна средина е уставно загарантирано право, односно издигнато на уставно начело. Ова право дополнително е уредено и со Законот за животна средина, а одредени иститути потекнуваат и од римското право кои се инкорпорирани и во Законот за сопственост и други стварни права. Уставната норма, во првиот став, го гарантира ова право. Во вториот став ги уредува должностите на граѓаните односно “Секој е должен да ја штити и унапредува животната средина и природата“. Во последниот став се уредува должноста на Македонија (со правна терминологија, на Владата) односно “Македонија е должна да обезбеди финансии од буџетот за заштита и унапредување на животната средина“. Секако, првата асоцијација, на сите, е аерозагадувањето, кое на годишно ниво носи по неколку илјади животи (според одредени статистики и до 4.000 животи!). Но овој проблем, покрај воздухот, опфаќа и други еднакво бутни параметри, како заштитата од загадување и на почвата и на водите. Прекрушувањето на правилата се во доменот на кривичното право. Покрај овие права и должности, државата има и импленетирано одредени регулативи, но и покрај тоа секоја година нашите градови се наоѓаат на листите на најзагадените градови во светот и власта нема излезни решенија за овој децениски проблем.
Потоа на дневен ред доаѓа новиот фамозен Клинички центар, кој е тире во сите предизборни политички програни кој се ветува последниве 15тина години. Првично политичките полемики се водеа околу неговата местоположба, потоа околу архитектонскиот дизајн, за на крај проблем да станат финансиските средства за негова изработна. Со слични проблеми се соочуваат и останатите градови, кои имаат недостатоци на одделенија и персонал.
Тука се и правата на пациентите (уреден со Законот за заштита на правата на пациентите), правата за заштита при работа (уредени со Занокот за работните односи) на односните категории на граѓани како жените, трудниците, младите, инвалидите и на постарите граѓани, но и превенцијата и заштитата при повреди од работа. Тука има сет законски мерки кои ги штитат правата на работниците и предвикуваат одредени обврски за работодавците, но секоја година се случуваат несреќи при работењето, кои дел не можат да се избегнат, но секогаш се поставуваат прашања околу имплементирањето на овие мерки. Дали овие мерки функционираат во пракса? Тука се и стандардите за лекување на пациентите и стандардите за работата на помошните службеници (во здравството) каде од нив се очекуваат извесни способности адекватни за степенот на работа. Тоа се личните стандарди на персоналот, но надворешните стандарди, односно генералната состојба и условите во болниците се друга проблематика. Секако, со техношкиот развој се очекува и своевидна еволуција и во одредени домени на медицината, да се олесни работата на докторите и на медицинскиот персонал, но дали ние, како држава, можеме да држиме чекор со останатите држави во развој за набавување на оваа опрема? Дали медицинскиот персонал е доволно обучен да работи со оваа опрема која денес ја имаме на располагање? Зошто државата чека донации наместо самата да понесе одредена иницијатива, макар и за озобнова на дел од возилата на брзата помош, кои од година во година се амортизираат?
Тука се и скандалите поврзани со самото здравство, но и скептицизмот на граѓаните кој извира врз база на одлуките на Лекарската комора при прикривањето на лекарските грешки и заштитата на медицинскиот персонал, што е сериозна пречка при барањето на правда низ судските лавиринти. Класичен пример е сличајот на Асани, каде Лекарската комора не утврди лекарска грашка, но сега истиот има условна казна за давање на здравствени услуги во ординација без дозвола, а притоа и случајот каде пациентката остана без својот бубрег и својата матка се води кон спротивна разрешница од наодот на Лекарската комора, каде докторот може да добие и ефективна казна затвор. Зошто лекарската комора ги штити докторите како бели мечки? Дали треба да се бара и одговорно кај самата комора, ако се утврди непринципиелно работење? Вториот случај е аферата Митрев, каде сега за сега обвинителството има покренато кривична постапка под обвинение за измама, иако има плејада на кривични дела. И најкласичната злоупотреба се случува со лажните медицински уверенија, кои скоро секогаш се пресудни во судските разрешници, иако секогаш страните бараат и мислење од вештак. Самото е кривично дело, уредено со кривичниот законик, за давање на лажно лекарско или ветеринарно уверение.
Секако, нема да ги опфатам сите проблеми и проблематики, како потфрувањето и крахирањето на здравствениот систем за време на Ковид пандемијата, политичките игри кои се играа со вакцините односно кога одредени функционери беа затекнати во корупциски стандал за време на набавката на кинеските вакцини, каде и самата набавка пропадна, па и доста политизирани, доста солени теми од оваа област како абортусот и евтаназијата, каде, барем за абортусот има чести законски измени, но и хемиската кастрација.
Првично, дали функционираат регулативите и стандардите за заштита на животната средина? Дали при кршење на тие регулативи, паричните казни се доволна компензација за загрозување на здравјето на граѓаните? Дали граѓаните ги извршуваат уставните и законските должности за заштитата на животната средина? Дали се издвојуваат доволно буџетски средства за решавање на овој проблем? Зошто се играат политички игри, за ситни политички поени, за доста осетливи теми? Зошто нема политичка волја за конкретни мерки за подобрување на стандардите и условите во болниците и клиниките? Дали доволно средства се издвојуваат од буџетот за здравството? Зошто политичките решенија, генерално, се насочени само кон зголемување на платите на медицинскиот персонал, а се запоставуваат условите во кои работат?
Со една напомена, членовите кои имаат историја со спамање, тролање и расипување на теми, како превенција, уште од самиот старт се банирани и тоа ќе остане пракса се додека не го променат своето поведение. Воедно, ова не е тема “Најлошо здравство во Европа“ (иако опфаќа делови од таа тема, но се наоѓа во Политики, така акцентот треба да биде на политичките ентитети) и не треба да биде тема само за критики (позитивни (можеби во одредени сегменти се воочен своевиден напредок) или негативни), туку тема и за давање и предложување на конкретни мерки и решенија, ваши идеи и замисли, за пречекорување на политичките проблематики поврзани со здравството и здравствениот систем.