Полигамијата е од грчкиот збор pollys =полно иgamos брак, браќни обичаји кој ги има по многу делови од светот кој дозволуваат женидба со повеке брачни партнери.Има два вида на полигамија: полиандрија жена која има повеке мажи и полигинија маж со повеке жени.
Полигамијата воглавно ја има кај народите со исламска вероисповест,и е дозволена ,за разлика од полиандрија е во потполност забранета.
Куранот е единствена верска книга ,на оваа земја која содрзи фраза „ожени само една“.Нема друга верска книга која наредува и го упатува човекот да има само една жена.Во сите други религиски скрипти па дури и во Библијата,неможе да се најде рестрикција за женење со повеке жени.Според нив еден човек може да ожени колку што сака жени.Во раните периоди на христијанството,не било забрането женење со повеке жени ниту пак ограничен бројот,тоа е направено пред неколку века од страна на црквата која го свела бројот на една жена.
Полигамијата била дозволена и кај еврееите,каде според нив Абрахам имал три жени,Соломон стотина се до 1950 година каде Главниот сојуз на Рабини во Израел забранува повеке од една жена.Се до 1975 година Индиските хундиси биле поголеми полигамисти од муслиманите.
Сега да анализираме зошто исламот дозволува еден маж да има повеке жени.
Како и што претходно кажав Куранот е единствената верска книга која вели ожени една жена.Контекстот на ова е земен од ајетот Ен-Ниса во која вели: „Тогаш оженете се со оние жени кој ви се дозволени, со по две, со по три, со по четири. А ако стравувате дека нема да бидете праведни, тогаш со по една( Ен-Ниса, 3)
Пред да биде Куранот објавен немало никакви граници во однос на полигамијата,мажите имале многу жени,некој дури и по стотина. Исламот поставил граница на четири жени. Исламот му нуди на мажот да може да ожени две,три или четири жени, но со услов кон сите нив да се однесува подеднакво.Во истото суре Ен-Ниса ајет 129 се вели: „ Вие неможете потполно еднакво да постапувате спрема жените свои ма колкуи да сакате....(Ен-Ниса, 129)
Всушност и поради ова полигамијата не е закон,туку дел од правило.Многумина се во заблуда дека муслиманот е обавезен да има повеке од една жена.Во Исламот секоја работа спаѓа под една од следните пет категории:
-Фарз-обврска или должност
-Мустехаб-препорачано или потикнува на некое дело кое е за пофалба
-Мухаб-дозволено
-Мекрух-нешто што не е дозволено
-Харам-забрането
Полигамијата спаѓа во средната категорија на дозволени работи.Неможе да се каже дека оној муслиман кој има две или повеке жени е подобар во однос на оној со една жена!
Повекето жени не би сакале да го делат мажот со друга жена.Но,во Исламот ако така налага ситуацијата т.е неопходно е жената муслиманка да дозволи друга жена да влезе во животот на нејзиниот маж како не би постанала „јавна сопственост“.Исламот преферира да жената има достоинствена позиција,и првата опција е најдобро решение,но како резултат на други прицини Исламот дозволува и полигамија до одредени граници,но се со цел да се заштити скромноста на жената.
Во Македонија ова е со закон забрането,но не и во реалноста .Има случаеви каде еден маж има две или три жени,но прашање е дали се подеднакво тие жени третирани и имаат еднакви права! - превземено од ИЦ Форум