Полагање на 16 години

Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
А ако имаш некој на совозачко со искуство, легално е послем 11?
Мора да има 25+ години и положено за Б категорија и притоа да нема изрекувано казни -забрана за управување со моторно возило .
Доколку си малолетник т.е 16+ мора да биде татко ти или мајка ти до тебе доколку сакаш да возиш после 20 часот .
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.185
Поени од реакции
1.112
Рано ти е, не ти треба возачка сеа.. и ко што рекоа како и да е ќе бидеш почетник се до 21 година.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
?

Баш е подобро да полага на 16 него на 18.
После тоа коа ќе напуни 18 немора да чека 2 год искуство него коа ќе полага на 18 да чека до 20 год.
И да си положил на 16, и да си положил на 18, до 21 (двајсетиедна) ќе возиш до 11 и од 7 сабајле. Доколку положиш на 21, тогаш 2 години си почетник (од датумот кога си положил).
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.311
Мислам дека не важи веќе тоа до 21 година.
Штом поминат 2 години откако земал возачка се води како искусен возач, без разлика колку години има.

Ако не се лажам скоро го дискутиравме ова во една тема.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Јас сум скоро 18 па не се чувствувам спремен да учевствувам во сообраќајот а можам да се замислам па кога бев 16 год... И да положиш сега, возачата ќе ти ја дадат кога ќе наполниш 18 год, така што почекај уште малце, има време за се'. Имам чувство дека тие што полагаат уште на 16 го прават тоа од чалм...
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Сакаш да ми кажеш дека Американцине што се толку глупи и тромави се по зрели за да возат коли на 16 год него ние тука.
Кажими ти колку разлика од 16 до 18 ти прави.
Ако на лекарски преглед утврдат дека е способен да вози моторно возило, тогаш е зрел.
Голема разлика е. Батали ти американците.
Каков да утврдат на лекарски преглед дека е способен ко само ги земат парите и мават печати ? Жими на очно и ушно шо проверват нешто, другото се е ради реда.
И да, оценките на сколија не го прат чоекот возач. Биди ти колку сакаш паметен и учен, ако не те бива за возење не те бива и то е то.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Оценките на школо не ти даваат спретност и рефлекси. Возачка за 16 години може ама само за низ населба, така да ако ти се фрлаат 30,000ки за низ маало наместо со точакот да си возиш, слободно. Не се глупирај и чувај си ги парите а и не си ставај додатни обврски, на 16 години не ти треба тоа. Не споредувај Америка убаво ти кажаа, таму улиците сто метра се широки, нема дупки, провалии, шахти украдени како кај нас.
Не ве разбирам, наместо да си живеете без обврски безгрижно додека сте средно, само си додавате обврски, сосила возрасни.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Ова ти се вика, како најдобро да се заеби животот на амбициозните деца.
Учат, паметни си се, имаат амбиции во животот и цели, им лупаат возачка на 16 години (16 години се ништо, освен погодно време за почнување со сексуални активности), прават прекршок, скраа да е посериозно дело со колата, се војваат по судови, затвори, и после пиши чавка на амбицијата.
 
D

Deleted member 54216

Гостин
Оценките на школо не ти даваат спретност и рефлекси. Возачка за 16 години може ама само за низ населба, така да ако ти се фрлаат 30,000ки за низ маало наместо со точакот да си возиш, слободно. Не се глупирај и чувај си ги парите а и не си ставај додатни обврски, на 16 години не ти треба тоа. Не споредувај Америка убаво ти кажаа, таму улиците сто метра се широки, нема дупки, провалии, шахти украдени како кај нас.
Не ве разбирам, наместо да си живеете без обврски безгрижно додека сте средно, само си додавате обврски, сосила возрасни.
Не се секирај, доби оштета ко го тужи професорот за одземен телефон.

Инаку за да полагаш на 16 немора да си одличен то на вести само го даваја, ама секако не смејш да возиш после 20ч без родител во колата, ама мојш да ја врзиш бабати на задното седиште и ко ке те застанит полиција само ке ја покажиш.Јас положив на 18, се чукнав за 3-4 месеци, преживеав ама од тогаш кола немам фатено така да take it easy...:D
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Јас не разбирам шо ќе ти е возачка на 16 години,кога толку многу си ограничен,башка нит идеш на работа нит ништо,едино до школо,ама да не беше доживљај другарите и пичињата низ школо да те видат као паркираш пред школски,жими такво ќе му треба на некој возачка под 18.Во Македонијава не си сигурен ни кога си качен на тротоар,а не па некој 16 години да ми управува со кола,шо уше се штрецнуе у темница коа ќе го извадат од памет.
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
6
Поени од реакции
2
Аха секако е подобро на 16 години да вози кола низ град...
Не се доволно зрели за на 16 години да учествуват во сообраќај со кола.
Драг Кико, кој си ти да осудуваш дали сме доволни зрели или не ? Законот ни дава право да полагаме на 16 години и крај. Можеш нешто против оваа?


Рано ти е, не ти треба возачка сеа.. и ко што рекоа како и да е ќе бидеш почетник се до 21 година.
Дали ми треба или не, јас си знам.

Ве прашав како луѓе за ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ, а не дали ми е потребна возачка или не.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Драг Кико, кој си ти да осудуваш дали сме доволни зрели или не ? Законот ни дава право да полагаме на 16 години и крај. Можеш нешто против оваа?



Дали ми треба или не, јас си знам.

Ве прашав како луѓе за ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ, а не дали ми е потребна возачка или не.
Ти убаво шо си праша, ама размисли уште еднаш за постовите од членовите. Утре некој 16 годишен возач ќе се бапне у мене и не дај боже ќе настрам јас или некој рандом минувач или сопатник кој го возам, без разлика колку и да внимавам јас лично. Чувството на одговорност, кој сака нека ме убедува во спротивното нема да ме убеде, не е развиено до тој степен за да му се довери кола на некој 16, па и 18 годишник.
Стварно се чудам какви родители имаш чим ти дозволуваат на 16 години да полагаш. Ништо лично, само да можам, на твоите никогаш не би им дала дете да воспитуваат. Посебно па и по другата отворена твоја тема за професорот кој ако завршил така како што викаш оти завршил, е очигледно наместен од некој твој близок.
Озбилно дете, 16 години имаш и твоите ти дозволуваат вакви работи? Ова е воспитанието кое си го добил од нив? Да немаш почит и респект кон ничиј друг туѓ живот?!
Оф мори мајко, до каде дојде веков и светот.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.902
Поени од реакции
10.528
Сакаш да ми кажеш дека Американцине што се толку глупи и тромави се по зрели за да возат коли на 16 год него ние тука.
Кажими ти колку разлика од 16 до 18 ти прави.
Ако на лекарски преглед утврдат дека е способен да вози моторно возило, тогаш е зрел.
:ROFLMAO:
кај нас лекарскиот е колку да ти земат пари, кое црно утврдување дали си способен или не, не ме јеби
 

Kajgana Shop

На врв Bottom