Полагање за гласач

Дали сте за воведување тест за гласач


  • Вкупно гласачи
    29
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.960
Поени од реакции
3.667
Власта е таква каква што заслужува народот. Народот ни е таков каков што е. Просто се ежам кога ке помислам колку народот е неинформиран и политички а често и елементарно неписмен а секој има право на глас. На изборите бираме пратеници, претседател, градоначалник, советници, се нудат опции НАТО, ЕУ, се зборува за БДП, се зборува за фискална и монетарна политика, инвестиции, задолжувања..... а голем дел од народот нема поим кои се ингеренциите на претседателот, како функционира парламентот, кои се ингеренциите на градоначалникот, што е тоа НАТО, што е тоа ЕУ, што е БДП, што е ДДВ , што е фискална а што монетарна политика....... абер нема а гласа! Сметам дека треба да се воведе едно тестирање за секој што сака да гласа и ако го положи тестот да си добие гласачкам легитимација. Во тестот би имало наједноставни прашања од типот: Зошто го празнуваме 8ми Септември, кој бил прв претседател на самостојна македонија, прв премиер, актуелен премиер, што е НАТО, што е ЕУ, колку е мандатот на пратеникот а колку на претседателот...... едноставни прашања што здраворазумен човек кој е и малку информиран би ги одговорил и со тоа би покажал дека знае за што гласа а не да гласа за претседател на држава а да очекува да му се направи канализацијата или гласа за градоначалник оти бил за влез во ЕУ......
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Поверојатно е тие што се кандидираат за пратеници да извадат лекарско уверение дека сите овци им се на број,потврда дека не се осудувани криминалци,да поднесат известување за имотната состојба која овластено лице ќе ја провери пред и по престанокот на мандатаот, да потпишат изјава дека ако не го остварат тоа што го ветиле ќе си дадат оставка,...........

Тогаш кога ќе ги исполнат овие услови ќе имаат право да се кандидираат и да ги добијат потребните гласови
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Прво - им одговарат помалку информирани особи да бидат гласачи
Второ - малку ќе е убрукателно за големата наша нација ако резултатите се реално прегледани
Трето - ова во реалност да го изведат, колкави се шансите да го наместат? :)

Патем, имаме милион проверки, полагања, тестирања.
Имаме тест за автошкола - види какви возачи излегоа
Имаме екстерни полагања - ги пореметивме децата
Полагање за адвокати и нотари - види правен систем и какви прекари носат овие вторите
Полагања за лекар - види ни го здравството
Лиценца за водичи - полно изгубени фаци
Лиценца за сметководители - види какви средени фирми имаме

Во земја каде безбедносни камери работат по потреба...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Нема потреба од вакво нешто иако реалноста е дека просечниот гласач е многу малку информиран највеќе поради очајната ситуација со медиумите. Додека помладото гласачко тело има шанса за тоа реално старите и не можат и не сакаат и не се способни да ја користат новата технологија.

Инаку она што и фали на Македонија се:
1. Редовни јавни дебати помеѓу главните политички актери и тие околу нив.(10 годишниве монолози одамна се патетични)
2. Долгорочна визија(цели) за кои се согласуваат и оние на власт и оние во опозиција и доколку не се исполнат да сносат одговорност(да не смеат да држат функција или некоја друга казна)

Исто така долгорочната визија би требало да не се прекине и со смена на власта пошто реално 4 години се малку за некои промени

П.С Работиве што ги објаснуваш не се многу комплицирани, но потребни се луѓе критички настроени кои би имале глас(во идеален случај тоа се новинарите) кои би ги пренесле овие и други комплексни термини кон пошироката маса, а воедно и би удриле во слабостите на одредени предлози со што или тие предлози целосно ќе се отфрлат или ќе се изменат доволно за да бидат реални и корисни.

П.С2 Нема смисла земјоделец да го прашуваш за економија за тоа има економисти кои треба да ги продискутираат тие прашања и колку одредени политики би биле пожелни и што чини, а што не чини.

П.С3 Во идеален свет просечниот гласач е многу поинформиран од моменталнава траги-комична ситуација каде секој е експерт за се. Но, за тоа треба време и длабоки реформи во системот за едукација кој намерно или ненамерно е многу одамна застарен

П.С4 Не секој има шанса да се едуцира и информира па не може да се дискриминира половина популација на таа основа и малку е арогантно и препотентно да се каже со тест кој би можел, а кој не би можел да гласа и како екстра во демократија секој би требало да има глас така да ова како идеја и не е лошо, но имплементацијата е скоро невозможна.[DOUBLEPOST=1478645124][/DOUBLEPOST]
Власта е таква каква што заслужува народот. Народот ни е таков каков што е. Просто се ежам кога ке помислам колку народот е неинформиран и политички а често и елементарно неписмен а секој има право на глас. На изборите бираме пратеници, претседател, градоначалник, советници, се нудат опции НАТО, ЕУ, се зборува за БДП, се зборува за фискална и монетарна политика, инвестиции, задолжувања..... а голем дел од народот нема поим кои се ингеренциите на претседателот, како функционира парламентот, кои се ингеренциите на градоначалникот, што е тоа НАТО, што е тоа ЕУ, што е БДП, што е ДДВ , што е фискална а што монетарна политика....... абер нема а гласа! Сметам дека треба да се воведе едно тестирање за секој што сака да гласа и ако го положи тестот да си добие гласачкам легитимација. Во тестот би имало наједноставни прашања од типот: Зошто го празнуваме 8ми Септември, кој бил прв претседател на самостојна македонија, прв премиер, актуелен премиер, што е НАТО, што е ЕУ, колку е мандатот на пратеникот а колку на претседателот...... едноставни прашања што здраворазумен човек кој е и малку информиран би ги одговорил и со тоа би покажал дека знае за што гласа а не да гласа за претседател на држава а да очекува да му се направи канализацијата или гласа за градоначалник оти бил за влез во ЕУ......
П.С Прашањава што ги имаш поставено воопшто не ми кажуваат дали некој е здраворазумен туку дали пазел на часот по историја што реално и не е битно кој дали во меморија паметам кој бил прв претседател кога можам на Гугл за секунди да проверам таква информација, а во мозокот би имал простор за покомплексни и посуштински прашана од типот зошто 20 години имаме 30+ % невработеност? Што би можело да се направи за да се трансформира системот за едукација од оној наменет за 20 век каде меморирањето голем број информации било од суштинско значење и овој во 21 век каде ги имаме сите информции на дланка, а потребно е само „длабоко размислување“ за тие информации да се искристат и имплементираат за подобро утре.

И други слични прашања од тип на животна околина, социјален статус, ситуација со јавното здраство итн.
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Поверојатно е тие што се кандидираат за пратеници да извадат лекарско уверение дека сите овци им се на број,потврда дека не се осудувани криминалци,да поднесат известување за имотната состојба која овластено лице ќе ја провери пред и по престанокот на мандатаот, да потпишат изјава дека ако не го остварат тоа што го ветиле ќе си дадат оставка,...........

Тогаш кога ќе ги исполнат овие услови ќе имаат право да се кандидираат и да ги добијат потребните гласови
Не го подржувам никако ова за потврда дека не се осудувани
Абе човек без пратеници ќе останеме ако се воведат потврди:noze:
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Демек во Швајцарија,Данска,Норвешка и ред други, па и многу помали држави налик нашата, граѓаните се премногу информирани за се тоа што си го навел, и затоа имаат супер за живеење држави ?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Демек во Швајцарија,Данска,Норвешка и ред други, па и многу помали држави налик нашата, граѓаните се премногу информирани за се тоа што си го навел, и затоа имаат супер за живеење држави ?
Па да. Реално на Швајцарците свака им част. Луѓето имаат прв референфум во 1798 и се до денес уште еден куп други. Инаку сите овие држави не се таму кај што се случајно. Од една страна имале среќа од друга страна воделе многу паметна политика(што е од суштинско значење кога си мал и беспомошен)

Referendums by country
Further information: Referendums by country
Since the end of the 18th century, hundreds of national referendums have been organised in the world;[7] almost 600 national votes were held in Switzerland since its inauguration as a modern state in 1848.[8] Australia ranked second with dozens of referendums.

П.С Мислам дека не е случајно двете најуспешно земји да имаат највеќе референдуми.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Да имаше тестирање СДСМ ќе беше на власт до сега.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Треба да има. Има многу комуњари во државава на кои треба да им се одземе правото на глас.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Комуњар, интересно. Не го знаете потеклото на луѓето на врвот од партијата а на митинг само никој ништо не ти може никола.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Баш би било интересно сега замислувам како партиските штабови се претвораат во училници и даваат вечерна настава за возрасни.
 
Т

Триптико

Гостин
Власта е таква каква што заслужува народот. Народот ни е таков каков што е. Просто се ежам кога ке помислам колку народот е неинформиран и политички а често и елементарно неписмен а секој има право на глас. На изборите бираме пратеници, претседател, градоначалник, советници, се нудат опции НАТО, ЕУ, се зборува за БДП, се зборува за фискална и монетарна политика, инвестиции, задолжувања..... а голем дел од народот нема поим кои се ингеренциите на претседателот, како функционира парламентот, кои се ингеренциите на градоначалникот, што е тоа НАТО, што е тоа ЕУ, што е БДП, што е ДДВ , што е фискална а што монетарна политика....... абер нема а гласа! Сметам дека треба да се воведе едно тестирање за секој што сака да гласа и ако го положи тестот да си добие гласачкам легитимација. Во тестот би имало наједноставни прашања од типот: Зошто го празнуваме 8ми Септември, кој бил прв претседател на самостојна македонија, прв премиер, актуелен премиер, што е НАТО, што е ЕУ, колку е мандатот на пратеникот а колку на претседателот...... едноставни прашања што здраворазумен човек кој е и малку информиран би ги одговорил и со тоа би покажал дека знае за што гласа а не да гласа за претседател на држава а да очекува да му се направи канализацијата или гласа за градоначалник оти бил за влез во ЕУ......
Ти си Глуп, Туп, Неупотреблив!
Кур ме боли што работи Претседател, Премиер и останати паразити! Тие земаат плата за тоа и само ТИЕ ТРЕБА ДА ЗНААТ. А не секоја будала да фантазира дека е премиер или министер за се и сешто. По број на празници сме шампиони и треба да се намалат. НАТО е воено профитерска организација, а ЕУ е нивна продолжена рака. Има уште за одговарање, ама ме мрзи да пишувам. За секое од прашањата што ги поставуваш постојат ИНСТИТУЦИИ што се ДЕБЕЛО ПЛАТЕНИ и истите треба да се грижат за квалитетот на функционирање на горенаведените. Ако не, да распуштиме се и да одлучуваме сите јавно на плоштад. За секое прашање да се собира цела нација и да гласа јавно. Може така?:facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom