Покемон карти / Pokemon cards

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Играта Pokemon односно Pocket Masters е произведена во 1995 од јапонецот Сатоши Тајири, и е дел од истоимената франшиза под менаџмент на The Pokemon Company, односно Nintendo, Game Freak и Creatures.
Се работи за игра во која постојат измислени карактери (суштества) наречени Покемони и луѓе кои ги тренираат - Human Trainers.

Покрај видео играта денес постои и онлајн игра ("бркање покемони") со помош на мобилните мапи, постојат Anime серии, и секако - Покемон карти кои се познати низ цел свет за собирање колекции, трејдинг и уличното "мотање" :)

Син ми е дел од ова Покемон лудило, и по негова иницијатива ја отворив темава со цел да пронајдиме потенцијални трејдери на карти :D
Па повелете, пишете ако сте заинтересирани.. Сите наши карти се оргинал, и од секој пакет имаме и една црна карта на која е испишан баркод-от и серискиот број.

Ако имате добра понуда, правиме и откуп на вашите ретки карти / rare cards. Пример, за GOLDEN или MEGA сериите - нудиме и до 15 долари по карта!

:cujte:
Во моментов ни треба оваа: 172_LunalaGX-13988-800-600-100-500x500.jpg

Поздрав Покемони!
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.808
Pokemon е ексклузивна игра за Nintendo рачните конзоли, излезена пред дваесет и пет години, отприликa. Ja имаше за Game Boy и DS линиите рачни конзоли на Nintendo. SNES и другите последователни ТВ-конзоли, ја немаа, се до појавата на Switch (која е и рачна и ТВ-конзола во едно). Најновата Sword & Shild Pokemon, е за Switch.

Според видео играта, пред едно дваесетина години, ја направија TCG* играта, за која зборува уводниот пост. Почнаа да излегуваат (тоа време) и цртани, а и стрипови Pokemon, како и странични (во однос на веќе-споменатите главни игри) видео игри за конзолите, поврзани со франшизата. Во поново време излезе и оноа за smart phones, што го играа сите едно кратко време. Идеа по светов и фаќаа покемони, преку augmented reality начинот, на кој беше базирана таа за smart phones.

TCG играта долги години беше во пад (по иницијалниот подем), се додека не излезе и стана мега-популарна играта за мобилни. Тогаш се врати и TCG-то (а тоа беше пред едно пет години највеќе). Некои стари карти од порано рипнаа по берзите,со јаки цени и заживеа целата Pokemon TCG заедница.

Кај нас не верувам да има организирано комјунити, ама знам дека многумина имаат доста карти. На Фејсбук не знам уопште дали имаат група, но она што го знам е дека играчите на Yu-Gi-Oh! (друга TCG), имаат Фејсбук група, каде што се договараат, се мењаат со карти и сл. Ова far fetched може да е, ама мислам/знам дека многу од нив имаат и се разбираат и од Pokemon TCG и можда можат/сакаат, ако не да се мењаат, тогаш да ти посочат, да те поврзат со некои ликови кои се попосветени Pokemon TCG играчи, па со нив да се мењаш.
YU-GI-OH! RULZ!! MKD - се вика групата

*- trading card game
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.509
За овие карти и оние од јуџио, имав прочитано некаде дека за некои ретки карти на интернет се продавале по $1.000+ по карта...
Иначе мислам дека сеуште се продаваат нови декови Америка.
 
Член од
4 октомври 2011
Мислења
40
Поени од реакции
6
За овие карти и оние од јуџио, имав прочитано некаде дека за некои ретки карти на интернет се продавале по $1.000+ по карта...
Иначе мислам дека сеуште се продаваат нови декови Америка.
1000 долари вредат некои "ghost" Југио карти, но најјаките Покемон карти идат и над 100000 долари на аукција, еден познат Јутубер отвори кутија со пакетчиња со карти од 1999 што ja плати 200000 долари а други Јутубери дадоа за истa таква кутија 375000 долари пред две недели, така да ако знаете некоја стара продавница што продавала кај нас карти во 1999-2000та пробајте си ја среќата можеби уште чуваат непродадена кутија што вреди 6 цифри. :D Да, декови и бустери нови искачаат секоја година, кај нас се продаваат во Гоблин продавницата во Буњаковец. Кој му се гледа цени од поскапите карти што луѓе ги продаваат во моментов еве ви линк, има и едно старче што има преку 50 вакви покемон карти што секоја вреди над 50000 долари но својата колекција не ја продава и некои велат дека целата негова колекција вреди преку 4 милиони долари во моментов :eek:
 
болесна работа хаха
 
Kajgana Shop

На врв Bottom