...порано, нормалните вредности на вкупниот холестерол беше 6,8 па по некоја година 6,5 па по некоја година 6,2...
за да се ,,стегне работата,, односно да се превземаат многу порано мерки дојде до 5,7 горна граница на нормална (референтна) вредност...
за да денес дојде до нормална (референтна) горна граница 5,2...
ајде сами да пресметаме, доколку ја имаме вкупната вредност на холестеролот, вкупната вредност на триглицеридите како и вкупна вредност на добриот холестерол ќе ја добиеме вредноста на лошиот холестерол:
TH вкупен холестерол - HDL добар холестерол - TG триглицериди/2,2= LDL лош холестерол
5.36 mmol/l -1,30mmol/l - (2,43 се дели со 2,2) = 2,96 mmol/l
...факторот на исхрана како причина за внес на холестерол погоре го објаснив со 15% учество од вкупниот холестерол во организмот што лично мислам дека доколку се има идеална тежина или приближна до идеална телесна тежина (земајќи ги во предвид годините) - не е проблем за покачен холестерол...
...проблем е внатрешниот синтетизиран холестерол да не се задржи како таков (тој ни е неопходен за работа на сите клетки, мозокот да ни размислува, памти како и транспортирање на витамини растворливи во масти А, Е, К, Д, создавање на стероидни хормони, итн) туку да се елиминира слободниот холестерол преку жолчката, дали ние ја имаме жолчката функционална за да го пренесе тој холестерол веднаш во цревата или од преголема активност и лачење на жолчни киселини и појава на создавање на камчиња (од холестерол) ?
...друг момент што запазувам тука е да сите коментари се околу вредноста на вкупниот холестерол, а некако не приметив другите липопротеински фракции,( триглицериди) односно конкретно липофракцијата со мала густина
Low Density Lipoprotein- LDL која во крвта се наоѓа со 70% и тој е т.н. лош холестерол што прави беља во организмот АКО Е ВО МНОГУ ПОВИСОКА ВРЕДНОСТ од РЕФЕРЕНТНАТА во подолг период и се зема во предвид дека ако HDL
High Density Lipoprotein липопротеин со голема густина има заштитна улога на лошиот ефект на
LDL во атеросклерозата, така да ако добриот холестерол е над 1,5mmol/l немаме гајле иако ни е малку покачен вкупниот холестерол и фракцијата лош холестерол
LDL или попросто речено све што ,,става,, на крвниот зид лошиот холестерол како чепче, добриот холестерол поминува и како метла го чисти од таму...
затоа многу е важно како се пристапува на покачен холестерол во организмот што лично мислам дека не е болест туку еден дисбаланс на трансформирање и елиминирање на холестеролот што нормално е потребен на организмот....
односно ако имаме нормални вредности на вкупниот холестерол тоа не значи дека ,,сме заштитени,, и дека ни е нормален холестеролот, ако не ги испитаме и другите три фракции и пак ќе кажам повеќе се потенцира вредноста на
LDL , а не вредноста на вкупниот холестерол !!!
...друг момент кој е важен, а не се спомнува е начинот кога се дава венска крв за анализа, предходно треба да се држи диета 2,3 дена од продукти како јајца, мајонез, мрсна храна, а најмалку 12 ч да не се внесе никаква храна па да се даде примерок за лабораториска анализа,тоа го повторуваме уште два пати после недела дена и тогаш ги земаме сите три резултати и се пресметува средна вредност и тоа е тоа како што треба вредноста на вкупниот, лошиот и добриот холестерол, триглицериди и липиди !!!
...зошто така? затоа што вредноста може да биде лажно покачена поради да речеме период на алкохолизам, стрес, користење на некои лекарства, бактериска и вирусна инфекција што би се рекло најмалку месец дена после грип на пример смее да се направи лабораториска анализа на холестерол за да бидат веродостојни резултатите....
... инаку во пракса веднаш се применува лекарства од прва група на лечење т.н.,,статини,, кои всушност го блокира синтетизирањето на холестерол во јетра што всушност е нормална функција на јетрата кај секој човек и не е директната причина за покачениот холестерол во крвта, но како и да е го искажувам само личното мислење дека само при многу високи вредности и кога имаме загрозувачи по живот ситуација се ординира лекарства од група на овие ,,статини,, барем во новите светски медицински кругови тие ,,статини,, остана само како лек од пр избор за делување на крвниот зид при пред и пост инфарктни состојби, стентирање, спречување на агрегација на тромбоцити итн, но не и при покачен холестерол чија причина е на друга страна во процес на елиминирање, неправилна исхрана, менување на сезонска исхрана, стрес, пушење, алкохол, физичка неактивност и нормално закачен како наследен фактор ....
но како што велат стравот го чува лозјето, па повеќе превентивно се даваат овие лекарства од прва група ,,статини,, ...
да не спомнам и другите групи како и суплименти и витамини од тип на Е, како рибино масло итн..
,,статините,, доволно да ја спомнам неутрализацијата и штетноста со агрумите т.е. со грејпфрут како докажано т.е. треба да се внимава со што се храниме, оти има и недокажани ефекти со исхраната, потоа поради тоа што е главен извор на правилно работење на сите клетки посебно на мозокот, а ние сега ја намалуваме синтезата на холестеролот прашање кој ден ќе се добие некоја дестабилизација на клеточната мембрана и појава на хеморагичен удар, Алцхајмер, Паркинсон, мултиплекс склероза, болки во мускулите и атрофија со напомена дека сето ова ќе се појави после повеќе временско користење на ,,статини,, што никој нема да го поврзе со статиските негативни ефекти на жалост ? односно ,,создавање,, на високи вредности на холестерол во телото има подобрување на Алцхајмер и Паркинсонова болест?
...но не само коскените мускули туку и респираторните мускули одговорни за дишењето како и срцевиот мускул што може да дојде до откажување (се пие статини од страв да не се дојде до инфаркт, а од друга страна од нив може да дојде до оштетување на срцевиот мускул и откажување на срцевата работа, апсурд нели? ) и кога ќе се додаде да оштетените мускулни клетки чии остатоци крушат во крвотокот и телото се труди да ги острани нормално преку бубрези, па кога ќе заглават тука и ете оштетување на функцијата на бубрегот...
... се извинувам за долгиот коментар, ама ете во еден здив го напишав револтирана од начинот на ,,лечење,, на холестеролот кај нас, околу нас и малку подалеку од нас
- сите во иста шема, измери лабораториски вредноста висока, ајт лекарства и тоа е завршено лекување? затоа голем број на корисници (пациенти) на статини како лекарства не го подобруваат холестеролот во нормални граници или пак варираат, па ја зголемуваат дозата или пак ќе сменат лек од еден статин во друг статин демек овој бил подобар од предходниот, демек понов! ма јок, статини се статини се знае како делува и крај!
...за на крај да кажам да малку промените во својот живот и те како ќе го нормализира Вашиот холестерол без лекарства (зборувам за незагрозувачка по живот моментална здравствена ситуација), секое прејадување или алкохолизирање ,,казнете се сами,, со два три дена нејадење или непиење (немате грижа нема телото да реагира) додајте во исхрана маслиново масло, риба, додадете барем два дена физичка активност било каква само да се испотите и срцето да залупа од вежба одберете што сакате скокајте, оро изиграјте, зумба, чочек, фудбал, возење точак, растоварај камион, генералка со правосмукалка све што ќе Ве натера да се испотите повеќе од пола час и срцето да залупа од умор, стресот нека Ви трае само еден ден никако повеќе, најдите начин да го тргенете, внесете секојдневно овошје, секојдневно грст ореви, не дозволувајте да имате запек ниту да падне имунитетот и на крај како курна на сето ова фрлете ги цигарите !!!
дружете се со позитивни личности, спортисти кои ќе Ве повлечат на нивниот начин на дисциплина во живеење ако немате стимулација, најдете некоја симпатија за која ќе се изборите и ќе имате стимулација да изгледате подобро со што ќе внимавате на исхрана и физичка активност? м? дали ова ќе го направите за Вашето здравје?
...јас сум сигурна дека по 6 месечна примена ќе бидете топ со трите липо фракции на холестеролот !!!
но внимавајте, ако пиете статини и додадно правите физички вежби и диета замислите што се случува со веќе ,,оштетени,, мускули од несакан ефект на статинот, а Вие дополнително ги форсирате со вежбање скелетните мускули, не сакам да кажам на појава на исуфицинеција на срцето како делување на статини на срцев мускул или белодробени болести како пневмонија поради белодробните мускули кои се нападнати од статините? уфффф , страшна работа , нели? ...
..и да уште ова за крај, статините како лекови делува на намалување на либидото, Ви го убива сексот во Вас што преставува една од основните фактори за виталноста на целиот организам !!!
...не знам колку бев убедлива или неубедлива, лично за себе си одлучив за ова опција во која верувам и можам да се пофалам дека барем кај мене идеално функционира барем до сега и затоа го споделувам....
... мое мото е, да не се пијат лекарства кои имаат повеќе несакани споредни ефекти отколку симптомите!