Покачен холестерол

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.347
Поени од реакции
16.289
Никој не пишал ништо 3 месеци..... некој да се пофали со нешто како успеал да намали од холестролот со нешто има ли таков?
Кај мене е цик цак ситуација. Имав 6.2, па со диета стигнав до 5.5 па сега пак на 6.2 (се опуштив малце зимава)

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Што јадеш наведи?
 

Shahbaz

Северен Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
424
Поени од реакции
790
Што јадеш наведи?
Зошто го замараш човекот да пишува детали?? Дај му го иљачот одма: ѓумбир, тумерик, црн бибер и црно семе -- загарантоирани резултати!
Никој не пишал ништо 3 месеци..... некој да се пофали со нешто како успеал да намали од холестролот со нешто има ли таков?
Кај мене е цик цак ситуација. Имав 6.2, па со диета стигнав до 5.5 па сега пак на 6.2 (се опуштив малце зимава)

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Еве го иљачот, резидентниот специјалист одамна го има пишано за сите:


Maлце ти е еднаш на ден, ти реков 2-3 пати ако сакаш уште подобар резултат, турмерикот е активен само 2-3h во телото. Барем 2x ако неможеш 3 пати, и обавезно со црн пипер, масло - маслиново и малце вода измешано се - за да не ти го смени ептен вкуснот на храната користи го на крајот на оброкот (ако не ти се допаѓа вкусот.

Додај и црно семе, и на коњ си - црното семе, ако не се зима во дози од 3 грама (најмалце) е недоволно ефикасно. Дози од 4 или повеќе грама од друга страна, немаат докажаан позитивен ефект наспроти 3.

2 грама понекогаш потрфрлаат - така да фокусирај се на 3.

П.С. Црното семе треба да се иземеле убаво.

Едит, најбитната работа ја заборавив, купете Niacin B3 витамин, секогаш зимајте го после оброк, откако ќе го земете после 30-на минути обавезно уште една чаша вода, ќе имате ефект на вцренување на лицето, и покачена телесна температура (flushing) кој трае околу 1h непријатен е, али е многу битен за кардиоваскуларниот систем.

Почнете со 100-200мг, па до 500 и 1000.
Заедно со турмерикот у ѓумбирот, имај у превид дека сите 3 се моќни анти-оксиданти, а и знаат да го намалат шеќерот па така ако осетиш да ти е малце ладно или непријатно после конзумација изеди малце варен компир, или банана.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.347
Поени од реакции
16.289
Moжеме да рационализираме и да си бараме оправдувања за многу работи, фактите се тие - зголемен внес на масти од животински потекло - холстерол/атеросклероза, има дел од популацијата кој има мутација на ген, и е практично отпорен на зголемен холестерол, но грото од населението ги добива тие резултати. А за маргарин и слични транс гадости исто така јасно е се. Многу лесно можеш да видиш која диета е најдобра за холестерол, погледни што јадат во Јапан и одредени азиски држави и види колку им е соодносот на кардиоваскуларни болести, практично не постоечки, било до grains, до лебови, до житарки - тотален BS, главниот проблем доаѓа од животинскиот протеин.

Згора на тоа можеш да имаш депозити од калциум, масти, или пак биофилмови од бактерии како причинител за тој холестерол па така не е така едноставно. Сепак што и да правиш, ако се баталиш од живитнска храна на 1 месец и џанк фуд нормално - ќе имаш голем дроп. Исклучок е морската храна, неа колку сакаш конзумирај ја, поготово сардина.
 
Член од
17 јануари 2016
Мислења
15
Поени од реакции
4
Здраво, сакам да го споделам моето искуство...Кон крајот на ноември правев крвна слика и резултатите ми беа многу лоши. Холестеролот ми беше 8,4 и почнав да барам што да направам за да го намалам, и дојдов до совет да пијам јајца од препелица за коишто можам да кажам дека ми помогнаа многу, многу и плус внимавав на исхрана, не јадев млечни производи и на следното испитувавање во јануари холестеролот ми беше 5,2...И само да напоменам дека испив околу 90 јајца од препелица и избегавање млечни производи, мене барем ми помогна.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
25.501
Поени од реакции
15.232
,,,,:ROFLMAO: simnete se vo gurmansko katche odma ke se namali holesterolot,,,:icon_mrgr:,,,
,,,shega na strana,,,vnimavajte deca na ishranata,,,shto i kolku konsumirate,,,toa e prviot chekor za namaluvanje na holesterolot,,,
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.347
Поени од реакции
16.289
и дојдов до совет да пијам јајца од препелица за коишто можам да кажам дека ми помогнаа многу, многу и плус внимавав на исхрана, не јадев млечни производи и на следното испитувавање во јануари холестеролот ми беше 5,2...И само да напоменам дека испив околу 90 јајца од препелица и избегавање млечни производи, мене барем ми помогна.
Комедија жива. Ти паднал холестеролот зошо си прекинал да јадеш млечни продукти, а и да пазиш повеќе. Јајца можат да помогнат за холестерол, само на сон (доколку не смениш ништо друго)
 
Член од
17 јануари 2016
Мислења
15
Поени од реакции
4
Mo
Комедија жива. Ти паднал холестеролот зошо си прекинал да јадеш млечни продукти, а и да пазиш повеќе. Јајца можат да помогнат за холестерол, само на сон (доколку не смениш ништо друго)
На прв поглед изгледа чудно, и за неверување како може јајца да помогнат за намалување на холестерол, но читај за јајцата од препелица и пробај на своја кожа па после кажи што е комедија :D
 

Shahbaz

Северен Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
424
Поени од реакции
790
Комедија жива. Ти паднал холестеролот зошо си прекинал да јадеш млечни продукти, а и да пазиш повеќе. Јајца можат да помогнат за холестерол, само на сон (доколку не смениш ништо друго)
Има доста органски магнезиум во јајцата, така да може да помогне околу холестеролот, но и кај рак и шизофренија.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.347
Поени од реакции
16.289
А по тебе која е нормалната граница?
Стар пост е, али сепак. Тотален максимум 5, триглицериди <1, HDL ~3, LDL ~2.

И уште едно видео за оние кои мислат дека животинскиот протеин е одличен за дијабетичари/холестерол, а овошјето и јаглехидратите лоши.

 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
6.002
Поени од реакции
8.655
...oчигледно не го разбирате фактот дека ,,холестеролот,, е потреба на човечкиот организам, храна за клетките посебно за мозочните за да би функционирале? очигледно не се сретнувате со таа популација што толку се телесно слаби со испод нормални вредности на телесна тежина малтене неухранети, а имаат високи параметри на липидниот статус? колку пати да повторам дека само 15 % е холестерол од надворешноста која се внесува со исхрана додека другиот 85% холестерол се создава внатре во нас и високите вредности на липидниот статус е поради пореметен метаболизам поради нефункционирање на некој орган чија последица е задржување на холестеролот во крвта без негова трансформација понатаму??
...немате појма колку ми се смешни некои лекари кои со цел памет на пациентот го советува да не јаде толку, да држи диета, а пациентот го гледам слаб, неухранет ниту јаде ниту пие, бог да чува !!!



...човеков со едно 30 % вишок на тел.теж. од нормалата, има одлично здравје, барем моментално нема покачен крвен притисок, нема покачен холестерол (липиден статус) крвна слика одлична единствен моментален здравствен проблем се болките кои ги има на кичмениот столб поради деформитет ( поради преголем стомак кој ја влече кичмата нанапред)...



... другата слика, е друг пример на човек со нормална телесна тежина, кој во најосетливиот дел на телото каде се укажува колку може да биде тука ,,вишок,, и толкав внес на храна да неговата здравствена состојба се состои од висоски износи на холестеролот( статус) ? лекарот му предлага диета за да се намали холестеолот? на што диета? на телесна тежина што ја има пациентот испод нормала и јаде најнормално дури некогаш прескокува оброци и сега треба диета? диета на што? ...својот холестерол на правилен начин си го среди ,, со согорување,, со вежбање добивајќи дупли бенифит ем не се замара за холестеролот ако е во вишак или не, а и одлично изгледа пред народот !!
првиот пример на самоуверен човек силен карактер, каде органите безпрекорно му работаат, а вториот пример не знаел дека имал внатрешен психолошки проблем кои е еден од факторите да му трокира некој орган чиј резултат е покачен холестерол( но никако од исхрана) со разубавување на телото со вежби џогинг и приметување од женска страна, станал по сигурен самоуверен во себе и ете како и да е холестеролот му се нормализира...



и затоа пак ќе кажам, се прават грешки во невнесување на хранливи продукти као демек содржат холестерол демек требало диета да си на ,,слата и трева,, а за кои енергетски поради холестеролот на човечкиот организам му е неопходен во функционирање, пристапот секогаш е со причината за виновникот на таа пореметена здравствена состојба, а не општо мото не јади јајца, мајонез и мрсни продукти да немаш холестерол...глупости !!!
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.347
Поени од реакции
16.289
Телото го прави целиот холестерол кој му треба, и да не е холестелот проблем, храната која го содржи е. А да се биде дебел и здрав не е возможно.

Хранливи продукти? што значи хранливи продукти?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.709
Поени од реакции
1.150
поради пореметен метаболизам поради нефункционирање на некој орган чија последица е задржување на холестеролот во крвта без негова трансформација понатаму??
Има ли шанса да се открие тоа?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.347
Поени од реакции
16.289
Има ли шанса да се открие тоа?
Шеќер ако имаш или си пре-дијабетичарка. За да тестираш шеќер, тестот на гладно срце е скоро безкорисен. Но ако си на граница, тоа значи дека имаш проблеми со црниот дроб т.е. дека не ти функционира како што треба.
 
На врв Bottom