Позитивни и негативни личности од историјата

Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Александар III Македонски
Гај Јулие Цезар
Ханибал
Наполеон Бонапарта
Адолф Хитлер
Постои и позитивна особина кај овие историски личности а тоа е што биле фантазери и сонувале за покорување на светот и градење на нов и подобар свет, но свет со кој тие би владееле, а тоа им било негативно.
Друго позитивно за нив, па не знам, може биле HIV позитивни :pos:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.539

Хитлер не бил позитивна личност по ни еден критериум. За другите би можело да се дискутира. Битно е да се оцени нивниот придонес кон напредокот на Цивилизацијата.
На пример со Наполеон, демократските придобивки на Француската буржуаска револуција се прошириле ширум Европа, создаден е современиот правен систем и друго.
За секоја личност може да се дискутира и анализира. Предложи со која сакаш да започнеме.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.251
Па Германците си биле тука веќе дојдени... Не знам ш’о мајка барале да ги бркаат од овде... Тоа ли е домаќински од наша страна кон гостите? А уште, потоа, ги молевме (и ги молиме) да не пуштат кај нив малку да поработиме...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.252
Поени од реакции
3.743
Во секоја негативна личност има нешто добро (или нешто добро што направил). И во секоја добра личност има нешто лошо. Сигурно и во Хитлер имало нешто добро. И ние не знаеме доста за него.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.792
Поени од реакции
4.660
Читам дека некои често се обидуваат да повлечат некаква паралела меѓу некои историски личности, на пример, меѓу Александар и Хитлер. Морам да кажам дека инсистирањето на сличноста меѓу нив ми е неприфатлива и многу неиздржана. Секако, се работи за луѓе кои се занимавале со војни, освојувања и окупации, кои довеле до смрт на помала или поголема по број популација која не се согласувала со нивните желби. Арно ама, кај Хитлер имаме политика на планско истребување одредени категории население од различен произлез (Евреи, Роми, хендикепирани, хомосексуалци, комунисти итн.), кое многу успешно се одвива зад фронтот и претставува вистинска индустрија на смртта. Александар пак, кој живеел пред 2300 и кусур години, со ретки исклучоци (Теба, Тир, Газа [последните две по долги опсади] и сл.), главно се занимавал со освојување, а не со убивање. Се работи за воени походи, за помали или поголеми битки и најголемиот дел од жртвите се војници. Секако дека има грабежи, силувања и други рекреативни активности за напатените војници, но ако се земе предвид фактот дека многу градови се предавале без отпор и така се спасувале (иако кај Аце најпрвин се гледаат неговите војсководечки вештини, тој бил надарен дипломат), тоа не било ништо во споредба со она што го правеле Хуните, Монголите, Готите или Вандалите. Александар е основач на повеќе градови, од кои еден бил културен центар неколку векови, а неговиот поход кон исток придонел за засилено мешање на различните култури меѓу Истокот и Западот.
 
Се е во ред. Убаво напишано. Хитлер е навистина лошотилак, ама секој од нас нека се запраша, дали не си помислил барем еднаш во животот како, кога би имал моќ, би ја “исчистил“ левата страна на Вардар, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар и Струшко, Кичевско... , Ромските маала што ги има во секој град и попатно, уште по некоја индивидуа? (Истото важи во спротивна насока за Албанците и останатите нациналности) “Оној кој нема грев нека го фрли првиот камен...“ Треба да се биде реален и секој да се стави на местото од Хитлер и да размисли - дали и тој би го правел истото во истата ситуација или не. И ако не, тогаш дали тоа искрено го мисли, а не да е само надворешна декларација пред останатите луѓе. Ве уверувам дека има многу полоши и позлобни луѓе кои не ја добиле својата “шанса“.
И вистина, Александар не може да се споредува со другите крвници и тоа може да го прават само некои од одродените Македонци на кои им пречи неговата статуа, на кои им пречи успехот на Мак. кошаркарска репрезентација и т.н. Походот на Александар бил своевидна револуција, едно “прочистување на дишните патишта“. Со неговиот поход се отвориле и станале посигурни трговските патишта, се стандардизирале до некаде мерите и вредностите, заживеала економијата, се изградиле нови просперитетни градови, има пробив во науката и филозофијата и т.н. Навистина, се офајдиле Македонците но и сите останати народи. Како споредба, какво фајде имаат Авганистанците од Советската и Американската окупација? (само така може да се нарече оваа состојба) - разрушени градби, нефункционална економија, здравство и образование, крајно нарушена безбедност на своите граѓани, за возврат на приклучената шмукалка во нафтата од страна на западот (порано на истокот). Не е чудо зошто Авганистанците не ги сакаат своите окупатори...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.492
Истите личности, за едни ќе бидат терористи, масовни убијци, нацисти, а за некои други ќе бидат народни херои, идеолози и преродбеници.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.539
Се е во ред. Убаво напишано. Хитлер е навистина лошотилак, ама секој од нас нека се запраша, дали не си помислил барем еднаш во животот како, кога би имал моќ, би ја “исчистил“ левата страна на Вардар, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар и Струшко, Кичевско... , Ромските маала што ги има во секој град и попатно, уште по некоја индивидуа? (Истото важи во спротивна насока за Албанците и останатите нациналности) “Оној кој нема грев нека го фрли првиот камен...“ Треба да се биде реален и секој да се стави на местото од Хитлер и да размисли - дали и тој би го правел истото во истата ситуација или не. И ако не, тогаш дали тоа искрено го мисли, а не да е само надворешна декларација пред останатите луѓе. Ве уверувам дека има многу полоши и позлобни луѓе кои не ја добиле својата “шанса“.
И вистина, Александар не може да се споредува со другите крвници и тоа може да го прават само некои од одродените Македонци на кои им пречи неговата статуа, на кои им пречи успехот на Мак. кошаркарска репрезентација и т.н. Походот на Александар бил своевидна револуција, едно “прочистување на дишните патишта“. Со неговиот поход се отвориле и станале посигурни трговските патишта, се стандардизирале до некаде мерите и вредностите, заживеала економијата, се изградиле нови просперитетни градови, има пробив во науката и филозофијата и т.н. Навистина, се офајдиле Македонците но и сите останати народи. Како споредба, какво фајде имаат Авганистанците од Советската и Американската окупација? (само така може да се нарече оваа состојба) - разрушени градби, нефункционална економија, здравство и образование, крајно нарушена безбедност на своите граѓани, за возврат на приклучената шмукалка во нафтата од страна на западот (порано на истокот). Не е чудо зошто Авганистанците не ги сакаат своите окупатори...
Никогаш... Никогаш не би ја „ исчистил “ ова или онаа страна на било која река од овој или оној. Ниту би направил било каква дискриминација, затоа што некој се вика така и така, мисли вака и вака, верува во она или ова, живее овде или онде или во било што друго е различен од мене. Од едноставна причина, бидејќи тој е Човек, исти како и јас.
Погледни го ова:
УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Усвоена и објавена во Резолуцијата 217 A(III), од 10 декември 1948 година, на Генералното собрание
ПРЕАМБУЛА
Бидејќи признавањето на вроденото достоинство, и на еднаквите и неотуѓиви права на сите членови на човештвото се темелите на слободата, правдата и мирот во светот;
Бидејќи непочитувањето и омаловажувањето на човековите права резултираа со варварски постапки што претставуваат навреда на човековата совест и бидејќи создавањето на свет во кој луѓето ќе ја уживаат слободата на говор и убедување и ќе бидат ослободени од стравот од војна и сиромаштија, се прогласува како најголем идеал на сите луѓе;
Бидејќи е суштествено човековите права да бидат заштитени со закон, а човекот да не биде принуден последен излез да бара во побуната против тиранијата и угнетувањето;
Бидејќи е суштествено да се унапредува развојот на пријателските односи меѓу народите;
Бидејќи народите на Обединетите нации со повелбата ја потврдија нивната верба во основните човекови права, во достоинството и вредноста на човековата личност и во еднаквите права на мажите и жените и се одлучија да го потпомагаат општествениот напредок и подобрите животни стандарди во услови на поголема слобода;
Бидејќи земјите – членки се обврзаа да го издигнуваат универзалното почитување и следење на човековите права и слободи, во соработка со Обединетите нации;
Бидејќи општото разбирање на овие права и слободи е од најголемо значење за целосно спроведување на нивната заложба;
Сега, затоа,
Генералното собрание
Ја прогласува оваа Универзална декларација на човековите права како општ стандард, што треба да го достигнат сите луѓе и нации, и за таа цел секој поединец и секој орган на општеството секогаш, имајќи ја на ум оваа Декларација, ќе се стремат преку подучување и образование да го промовираат почитувањето на овие права и слободи и преку прогресивни национални и меѓународни мерки ќе обезбедуваат нивно општо и ефикасно признавање и почитување и меѓу народите на земјите – членки и меѓу народите на териториите под нивна јурисдикција.
Член 1
Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.
Има вкупно 30 члена и лесно можеш да ги најдеш на интернет.
Немој да мислиш дека сум „ мек “. Погледни како се викам. Да имам моќ сигурно би ги извел пред лицето на правдата тие што го преплавија Скопје со зони и рампи и со нив вршат дискриминација и незаконско и прекумерно казнување само за да „заработуваат “. Меѓутоа тоа би го направил поради нивното злодело, а не поради некоја нивна особина.
Во делот за Александар си во право. Александар не е крвник, туку славна историска Личност чие дело, како што ти убаво набројуваш, овозможи, повеќевековен, напредок и развој на Цивилизацијата.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.251
Јас не сум насилен ни колку ти што си (за пајаците и зоните :) ). Ама секогаш на некого му “скиснува“ од одредени луѓе или групации, народи... И ако не прави (ретки се тие што прават конкретно зли дела), тогаш барем ќе помисли и тука апсолутно невина личност не постои... Кој се декларира за таков - лаже.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom