M
Macedon1um
Гостин
Интересна тема потикната од новиот министер за земјоделство во Германија кој најавува драстични промени инаку доаѓа од партијата на зелените.
Со новиот министер за земјоделство на Германија, Чем Уздемир, доаѓаат и нови правила во германското земјоделство. Доколку новоименуваниот министер на овој ресор го постигне планот, тоа ќе значи поздрава, но поскапа храна, помала појава на дебелина кај граѓаните и позадоволни земјоделци. Вака најкратко можат да се опишат неговите планови, кои се оспорувани од конзервативците, па реализацијата на овие идеи сѐ уште е под знак прашалник. Уздемир е дециден дека храната не треба да се продава по поволни цени и дека сака да гледа повеќе органска, а помалку практична храна. Ова би можело да ги погоди посиромашните потрошувачи, но во исто време значи дека земјоделците ќе бидат платени за нивните производи по реални вредности.
„Квалитетот на храната во Германија е премногу низок, како и цените, а поради тоа сите губат. Веќе не би требало да има безвредни цени“, вели Уздемир, додавајќи дека ниските цени ги туркаат фармите во пропаст, ја спречуваат благосостојбата на животните, промовираат изумирање на видовите и ја оптоваруваат климата. „Сакам да го сменам тоа. Цената треба да ја одразува „еколошката реалност“ на производството“.
Уздемир наведува дека евтиното месо е лошо за потрошувачите, за фармите, за животните и за животната средина. Потрошувачите страдаат и поради евтината храна која содржи премногу масти, шеќер и сол. Тој истакнува дека над 50 отсто од возрасните Германци се со прекумерна тежина. „Понекогаш имам чувство дека доброто моторно масло ни е поважно од доброто масло за салата“, изјави министерот за Bild am Sonntag.
Целта на новата влада е до 2030 година да го зголеми германскиот удел на „органски одгледувана“ земја од сегашните 10 на 30 проценти.
Што ќе биде со цената на месото?
Уште во јули минатата година, специјалната владина комисија за иднината на индустриското земјоделство, составена од еколошки здруженија и групи на земјоделци, ги постави истите општи цели како и Уздемир. Така што тој само ја продолжува работата што е веќе започната. Намалувањето на потрошувачката на месо ќе ја зголеми заштитата на климата. Тој вели дека говедското месо треба да чини пет-шест пати повеќе од сега, или над 80 евра за килограм, наместо сегашните 14 евра, колку што сега е цената на килограм бифтек во Германија.
Смета дека поскапувањето е неопходно за да се избалансираат трошоците поради загадувањето и губењето на биолошката разновидност, за што Комисијата проценила 90 милијарди евра годишно. Исто така, неговиот став е дека млечните производи би требало да чинат два до четири пати повеќе од сега.
Комисијата навела дека е потребна инвестиција од седум до 11 милијарди евра годишно за финансирање на еколошката трансформација на земјоделската индустрија. Во извештајот се наведува дека нема да има начин да се намали вкупната количина на добиток на германските фарми, што неминовно би значело помалку месо на пазарот и повисоки цени.
Какво е вашето мислење на темава ? Дали е можно во скоро време да видиме вакви крупни промени или се ќе остане само на идеја..
Germany sees battle over cheap meat flare up – DW – 12/29/2021
Green Party Agriculture Minister Cem Özdemir wants to see more organic and less convenience food in Germany. He says food should no longer be sold at bargain prices. But this could place a greater burden on poor people.
www.dw.com