Пожар во Тетовскиот Ковид центар, 15+ мртви

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Тодоров, Протоѓер, Мијалков му се слуги на заев.
Ставревски си ја фати гитлата и нема збор од него, си го повлекоа Американците назад.
Оној за надворешни работи се јавува само кога ќе треба да се каже дека Америка ни е најголем сојузник.

И странците се труделе многу за да го сменат Груевски, цело раководство во партијата му било швајцарско сирење. Ова е како да ми кажеш дека Американците ќе имаат проблем да го сменат Заев. Па вечер да прати порака Катето, до сабајле ќе има нов премиер. Исто ќе беше и со Грујо. И ДПНЕ и СДС се комплетно инфлтрирани и компромитирани од странците. Цели крила од раководствата ако странците кажат скокни они ќе одговорат само "колку високо".

Еве ги сега ги натераа во Аеродром да го кандидираат Тимчо Муцунски зошто правниот вундеркинд за година дена во парламент нема еден говор што би вредело да се даде на вести. Ниту пак има нешто друго направено. И сега го местат за градоначалник за да му го дигнат рејтингот и на следните избори да може да биде носителот на листа на ДПНЕ во ИЕ1.

Митко Јанчев ќе биде новиот Зоран Заев на ДПНЕ.
Тимчо Муцунски ќе биде новиот Никола Димитров.

Единствената вистинска разлика помеѓу СДС и ДПНЕ е нивното членство и дека вмровците не се комплетен добиток за разлика од комуњарите.
И како швајцарско сирење, требаше убав пуш за да изгубат влада, пошто реално тие избори не ги изгубија. И покрај бомбите, кои претежно беа вадени од контекст и повеќето беа шпанска серија и покрај играта со Смилковци... дури после изборите требаше интервенција кај ДУИ, за да падне Грујо. И пак ќе кажам, можеби не се измачиле ама без нивна помош, Грујо и ден денеска ќе беше на власт и ден денеска името немаше да биде сменето. Можеби немаше да бидеме во НАТО, ама дефинитивно државата подобро ќе беше менаџирана.

Притоа, само да нагласам дека јас го наоѓам Грујо како кривец за цела оваа ситуација, бидејќи сите злостори што ги предвиде, овие клетниците на Македонскиот народ ги остварија. Значи он знаел, имал моќ и ги оставил да живеат, значи ситна душа и страшливец. Требало да ги ликвидира па макар гниел во затвор цел живот. Македонија тоа нема да му го прости.
Автоматски споено мислење:

Болница им изгоре, со живи луѓе внатре, 5 страни Груевски го оправаат. :pos:
Све е тоа поврзано батко. Поделеноста на општеството во срж ја прави ситуацијата таква каква што е. Која тема и да се започне кај нас ќе заврши со некаква навидум идеолошка поделеност, но во реалноста тоа е повеќе некаква клановска поделба, која само навидум следи идеали. И тоа не е од сега, тоа е многу оддамна. Но еве земи го 20 век и продолжи понатаму до денеска, тие две струи на Македонци на кои најголем непријател им е Македонецот го посеале тоа семе на зло, што никако да се затре.

Ете ако сакаш да ти кажам конкретно, тоа е причината што болнците ни се палат. И ако Албанците не го обесат Анѓушев или кој и да го зел тендерот и тој што го одобрил на плоштад, тоа значи дека сме ги асимилирале и дека и они станале вистински Македонци.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... не знам зошто не ја земаат во предвид девојката врз која се вршело реанимација со дефрибилатор кога избувнал пожарот во модуларната болница како 15та жртва од пожарот, туку се води највероватно како почината претходно во бројот на починати од К19,

... во истиот момент на прв обид за реанимација кога избувнал пожарот медицинските лица со се девојката и родителот испаднале надвор од модуларната,

... се прашувам кој е тој што ја земал улогата на Господ, па да каже дека и да не бил пожарот и да се обиделе втор, трет пат со лопатките од дефрибилаторот врз срцето на девојката сместена во креветот во модуларната болница немало пак да зачука нејзиното срце? прекинот на реанимацијата било поради пожарот и тие требале да ја сметаат како 15 та почината од причина на избувнување на пожарот!

...а да не го спомнам тажниот чин на превземање на нејзиното тело од судска медицина, оставајќи ги родителите со уште една траума да не можеле да го закопат своето чедо токму за време на погребот, невидени трагедии!
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Све е тоа поврзано батко. Поделеноста на општеството во срж ја прави ситуацијата таква каква што е. Која тема и да се започне кај нас ќе заврши со некаква навидум идеолошка поделеност, но во реалноста тоа е повеќе некаква клановска поделба, која само навидум следи идеали. И тоа не е од сега, тоа е многу оддамна. Но еве земи го 20 век и продолжи понатаму до денеска, тие две струи на Македонци на кои најголем непријател им е Македонецот го посеале тоа семе на зло, што никако да се затре.

Ете ако сакаш да ти кажам конкретно, тоа е причината што болнците ни се палат. И ако Албанците не го обесат Анѓушев или кој и да го зел тендерот и тој што го одобрил на плоштад, тоа значи дека сме ги асимилирале и дека и они станале вистински Македонци.
Тој судир од 20ти век и овој денешниов немаат дирекна поврзаност (сем фолклорната). Тоа што ни се случува во моментов е општествена имплозија, не е судир. Истата е неизбежност, после се што се случи, и дополнително ќе го девалвира секој стандард што сме го имале, колку и да сме мислеле дека е низок.

А Албанците нема да направат ништо, на никој. Ако ги изогранизира некој центар на моќ од Албанија директно, ќе направат само уште некоја главоболка на Ахмети, и тоа ќе биде тоа. Тие во моментов ја живеат најсилната политичка иронија што можеше да им се случи. На сите можни полиња, а за жал, сега и со жртви.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Тој судир од 20ти век и овој денешниов немаат дирекна поврзаност (сем фолклорната). Тоа што ни се случува во моментов е општествена имплозија, не е судир. Истата е неизбежност, после се што се случи, и дополнително ќе го девалвира секој стандард што сме го имале, колку и да сме мислеле дека е низок.

А Албанците нема да направат ништо, на никој. Ако ги изогранизира некој центар на моќ од Албанија директно, ќе направат само уште некоја главоболка на Ахмети, и тоа ќе биде тоа. Тие во моментов ја живеат најсилната политичка иронија што можеше да им се случи. На сите можни полиња, а за жал, сега и со жртви.
Поделбата во 20век и таа сега има една голема работа заедничка, а тоа е самата поделба. Ниту тогаш, ниту сега поделбата не била идеолошка, туку ако навлезеш подетално е лична и и со многу суета. Скоро сите ликвидации и кодошења се од лична одмазда и реваншизам и тогаш и денеска. Во сржта поделбата е апсолутно иста.
 
Член од
25 февруари 2020
Мислења
196
Поени од реакции
174
Магарето или змијата е муабетов
Едните буквално продадоа све ама баш све што може да се продаде,
од фабрики,рудници,знаме,име
И земјиште сакаат да продаваат, тоа остана хаха
Многу поголеми скандали дубари се случија во времето на СДС и
сеуште се случуваат
Проектот 2014, чиста кражба на ВМРО, куќата ми се распаѓа,
цревата ми кркорат, фрижидерот ми е за кречење АМА
ќе земам кредит од - 700-800 милјони евра да направам,
чоколадна фонтана во двор
Обичниот човек го уништија, двете,
средна класа нема, младината си отиде,
за здравство и судство да не зборам
Да не даде Бог човек да влезе во болница,поболен ќе излезе
(со чесни исклучоци) ама мора да го знаеш докторот или
добро да си платиш
Судството со ВИСОКИ ТАРИФИ иначе го кркна за џоинт и кило ќебапи
Тие две најбитни работи за една држава, 30 години си останаа исти
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Мене подеднакво одвратни ми се тие што го бранат дпмне и тврдат дека немало нешто вакво во нивно време.
А како дпмне ги решаваше ваквите ситуации, сите знаеме.
Ниту еден медиум не смееше ништо да писне, додека Латас водеше монолог колку ќе беше полошо да беше сдс на власт. Грујо стално беше надвор од државата и никогаш никој не поднесуваше оставка, слично како и денес. На секој протест правеа контра протест.
За протестот за Смилковци, уфрлија нивни луѓе (кои потоа ги ставија да ја преземат трибината на Комити) кои во моментите кога од гнев народот тргна накај Чаршија, почнаа да маваат по протестирачите.
Секогаш некој небитен одговараше за крупни работи, гледавме самоубиства со давење во кофа, прикривање на убиство на Нешковски итн. Го искреираа Кале (каде што исто можеа да загинат недолжни луѓе), вадеа лисици на нивни луѓе (од коалициониот партнер ДУИ).

Жити се не ми ги бранете имбецилните. Исти кур се и едните и другите, и двете партии имаат партиски групи на вибер каде што си споделуваат вакви енормно дебилски пораки и после спамираат на сите можни страни. Од двата штаба да ги соберам сите, еден човек не можеш да составиш.

Секако дека мораше да се смени претходната власт. Канцер општество направија. Тараби, лимови, продолжување на богатење на криминалци, иселување на цела младина. Господ не ја оправа државата.
Овие само продолжија, за жал странската чизма не ги зема конците во свои раце, затоа што само тоа може да не оправи.
Веќе нема решение или калашот и потепување на сите (штои нема да се случи) или селење.
Види, се согласувам со тебе. Претходните не ги биваше, и нема што да се враќаме и да "романтизираме" по тоа време.
Ама, верувам дека ќе се согласиш да ова е ОБЈЕКТИВНО НАЈНЕСПОСОБНАТА, НЕКАДАРНА И КУКАВИЧКА ВЛАСТ досега, во нашето 30 годишно постоење.
Да не се лажеме, ова беше tipping point, капка што ја прелеа чашата и со овој трагичен настан, гореспомнатото стана ноторен факт и објективна, апсолутна undeniable вистина. Можат комотно да си напишат бестселер "How to (literally) destroy a country in 4 years for dummies".

Исто така, не смее нити да се имплицира, ниту пак помислува како некаква вмровска (или опозициона) афилијација мислењето од погоре. (дека овие се најнеспособна власт досега)

Да, имаше очигледни опозициски навивачки постови и компарации... ама не смее и не може ни малку да се релативизира гореспонатата вистина, преку тој споредбен/компаративен наратив со ете "режимот на Грујо". Со тој наратив, се прави дистракција од таа, да речам, ноторна и ултимативна вистина, која е main quest во моментот.

Дисклејмер: cекако, короната откри системски маани на нашата држава за која што овие не се криви, си постоеја 30 години наназад... Ама испадна дека овие не само што не се снајдоа со истите предизвици, туку ги направија истите ДРАСТИЧНО ПОГОЛЕМИ благодарение на нивната некадарност и есенцијална неспособност за се.

Што се однесува до докторите, не се сите слепи дугмиња партиски. Да, постојат и такви. Но, стварно не сте свесни колку македонската вукојебина и целото општество може да биде брутално кон оние кои покажуваат ентузијазам. За сите категории и за сите "јавни" професии. Гледавме што се деси со "продуктивни" директори. И да, директорите на клиники не се доктори, туку директори. Huge difference.

Македонската ковид криза ја би рекол дека топ ја поминуваме со оглед на тоа што сме оставени САМО И САМО на ентузијазмот на докторите, особено помладите. Никаква организираност, нула услови, нула свесност, нула почитување мерки, нула пациентска култура, никаква медицинска инфраструктура, никаков план, никакви болници, долго без вакцини, никаква спремност со оксиген и оксигенски апаратури и милион нерешени статуси, нула спремност на власт, нула помош од власта. Оставени се сами на себе, анархично и тотално дезорганизирани да се "борат со ветерници", ама буквално.

Сликаш банална граматичка грешка на клиника, одраз на нивната некадарност? - Казна.
Истакнуваш недостатоци во градба на модуларни болници? - Прв оставка, баце. You're already in too deep, премногу знаеш и може да не истасташ...
Работиш продуктивно и резистираш на токсична негативна (рамковна) селекција (Стојко Пауновски) ? - Поздрав друже.
Сакаш како независен кандидат да се кандидираш, иако скроз добро си ја работиш работата? - Шотеебам. Чао.

Што сеа, ја да изигравам херој, потенцијално да се откажам од својот сон и својата професија за да ти ми кажеш свака част на форум овде? Fuck that. ---> Вака размислуваат, вака живее голем дел од македонскиот народ. Ние ги егзекутираме оние silent hero типови СЕКОГАШ И СЕКАДЕ. И луѓето не сакаат да играт херои, си ја гледаат својата работа и тоа е тоа. Каде можат, оние со вредности во себе и способност ќе резистираат, ескивираат на релативни и меки уцени, ама некаде и не можат против силеџии. Неќеш? Океј, покажуваш непослушност и ќе бидеш казнет, а ние за 5 минути ќе најдеме некој друг што ќе се согласи на ова. Ама рачунај, ти, поради непослушноста си со најнизок рејтинг, отколку тој, послушниот.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Видеово го објавија и од офф.нет:

Не треба да си експерт за вакви истраги да заклучиш дека, ако нашиве болници се со PUR панели, во комбинација со воздухот збогатен со кислород, го дава одговорот зошто така брзо се прошири огнот и изгоре цел објект. Ако имаа трошка доблест сите на висока функција, веќе ќе организираа викендов вакви тестирања на Криволак, едно 5-6 различни сценарија, за да може да се симулираат условите за настанување на пожарот како и тоа кои акции се можни да се превземат од утре, за да се заштитат преостанатите болници. Тоа е сега многу важно! Би биле ултра глупи и заостанати (а не дека не сме..), ако дозволиме ова да се повтори. Баш на работа се занимавам со рекламации (во една од најголемите светски индустрии) и она што е најважно кога ќе се открие некаква грешка е - containment односно ограничување на штетата, за да може производството, или во случајов, животот и третманот на болните, да продолжи нормално.
Штетата е ненадоместлива, а ние како јавност се замараме кој, зошто и дали требало да поднесе или да одбие оставка! Па во Норвешка или кај беше пред неколку месеци, министер си поднесе оставка затоа што плати ручек со службената картичка o_O, а нас ни изгореа 14 кутри луѓе и власта паламуди со fucking одолговлекувања и дебати за прифаќање оставки?! Ова е невидена трагедија и срам за нас како општество. Ама додека не се свестиме дека државата треба да ја водат научници, доктори, инженери, професионалци во својот занает...наместо политичари и нивните потрчковци кои се задоволуваат со работа во администрација за 300 еур, за жал ќе ни се случуваат вакви работи. Секогаш на крај го крка народот :place:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Проблемот е што разговараме со дечурлана која не била родена во 90тите и воопшто нема појма како се живееше тогаш. Игравме ора за визи, подалеку од Србија не можевме да излезиме, америчка виза да се добие беше ко да си добил седмица на лото, сопствен бизнис беше нешто непоимливо, банките тотално небезбедни, штедилници пропаѓаа преку ноќ, станбен и потрошувачки кредит - нешто видено само на филм, државни убиства на директори и политичари, корупција невидена, забранет увоз на половни возила за да може другарот на Бранко да продава само нови Волксвагени, авионски лет до Цирих 1000 дојч марки повратна карта, МАТ монопол, Телеком монопол минута интеренет 5 денари последни во цел регион добивме поврзување со светот до 2003/4 освен изгор скап дајал ап никаква намера да се инвестира во иднината...

Ама џабе објаснувам, луѓе што се родиле со безжичен интернет, безвизен режим благодарение на Грујо, колку толку стабилни банки, слободен увоз на возила, да не беше ВМРО 1998 до денес ќе возевме фича и стојадин медитеран, 20 евра лет до Милано, пак благодарение на Грујо, абе Охрид аеродромот имаше само 1 лет во неделата од Љубљана, пред корона имаше по 10-15 лета неделно.
Охрид во едно далечно време кога Господ одеше по земјата имаше линии до Дубровник, Сплит, Загреб, Белград, Љубљана,Подгорица, Задар, Женева итн минимум по два пати неделно. За еден час си Белград, потоа светот ти е на дланка.
Ама тОа нЕ беШе дРжАвА. Немале права Македонците, така кажуваат некои. Еве не, 30 години подоцна,наводно со некој права, ама никако да сфатиме дека со правата доаѓаат и обврски. Знаеш што е сменето на Охридскиот аеродром откако е изграден? Една работа, на времето имал фри шоп, сега нема. Клупите за чекање се постари од мене.

Пошо правиме споредби со Шведска, САС, шведскиот национален авиопревозник бил основан 1946. Охридскиот аеродром првиот лет го имал во 1953. Дали сега можеме да кажеме дека во било што заостануваме зад Швеѓаните 7 години? Светлосни години сме поназад.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
simptomaticno e shto shit ambasadote sitw molcat...kako pi*ki... koga beshe sharenaya revolucija za se i seshto komentiraa i sufliraa... mizerni se
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
simptomaticno e shto shit ambasadote sitw molcat...kako pi*ki... koga beshe sharenaya revolucija za se i seshto komentiraa i sufliraa... mizerni se
Мое гледиште е дека работите се многу едноставни. На глобално ниво се води континуирана битка помеѓу либералите и конзервативците. Либералите победуваат секаде, со ретки исклучоци (Унгарија, Бразил, Полска, повремено и во САД и Велика Британија). Таму каде што не победуваат се случуваат преврати и револуции. Либералите го контролираат наративот, ги поседуваат сите важни медиуми. Кога не им одат бројките во прилог увезуваат мигранти кои подоцна стануваат нивно гласачко тело. Ова е реалност.

Не постои никаква, буквално никаква шанса ваква антинародна, антидржавна гарнитура да се одржи на власт било каде, без огромна помош од овие земји. Се можеме да кажеме за ВМРО на Груевски и нема многу да погрешиме, но што да кажеме за овие кои ни продадоа име, ни го закопаа идентитетот, не изложија на потсмев на сите во регионот, не ставија во подредена улога на најмалку две соседни држави... и она малку што личеше на држава го урнисаа, пепел го направија.

Имаме премиер уличен трговец продавач на лубеници, кој не знае англиски, не знае српски а доаѓа од генерации кои го учеле српскиот во школо, во кое што по негови зборови одел 3-4 часа дневно, книга нема прочитано во животот, самата негова појава неодоливо потсетува на Шојиќ од Тесна Кожа, лаже само кога зема воздух... и ние сме се собрале овде на форум и зборуваме за морал, етика, оставки...

Тоа е вистината, знам дека ги погодува оние што го гласале и не им е лесно... Јас последно имам гласано 2008 или 2009, не се сеќавам, на локални избори, од тогаш имам дигнато раце од се, но ме погодува очајот во кој се наоѓаме: катастрофална власт и мизерна опозиција. Никогаш не било полошо. Н И К О Г А Ш.

Читам по ФБ роднини пријатели како го бранат министерот и одговараат на разни портали кои прашуваат дали требало да му биде прифатена оставката со НЕ и НИКАКО, и НАЈДОБАР МИНИСТЕР ДО СЕГА. И се прашувам каде да одиме од оваа точка, со народ што си ја сака партијата повеќе од државата, со народ што не го употребува мозокот туку чека да види каков став ќе заземат „неговите“ и потоа како папагали го мантраат истото ден и ноќ. Народ кој не разбира „оставка од морални причини“ и не разбира дека не мора ништо да е виновен човекот ама мора да ја поднесе истата, неотповикливо. Истите луѓе кои му се имаа ставено на Тодор-офф на грбот ден и ноќ. Се прашувам понекогаш како е можно, дали се погледнуваат овие луѓе во огледало, имаат ли некакви животни принципи, ставови...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...а бе како тоа градоначалничка на Тетово, а живее во Скопје?:pos:
...како знае некој градоначалник за некој град што секојдневни проблеми има ако не го диши истиот воздух од депонија, што не ги знае проблемите од локален карактер, па ни за проблеми на модуларна болница чиј излез е во депонија на здравствениот дом чии ингиренции ги има локалната власт т.е. таа?

...по таа логика некој што се родил во Велес, а живее во Охрид може да биде градоначалник на Велес, како ќе ги решава проблемите ,,онлајн,,?:toe:
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.005
...а бе како тоа градоначалничка на Тетово, а живее во Скопје?:pos:
...како знае некој градоначалник за некој град што секојдневни проблеми има ако не го диши истиот воздух од депонија, што не ги знае проблемите од локален карактер, па ни за проблеми на модуларна болница чиј излез е во депонија на здравствениот дом чии ингиренции ги има локалната власт т.е. таа?

...по таа логика некој што се родил во Велес, а живее во Охрид може да биде градоначалник на Велес, како ќе ги решава проблемите ,,онлајн,,?:toe:
Имаш нелогичности колку сакаш. Тони Михајловски 20 години живее во Скопје, сака Градоначалник на Куманово да биде. Во своите 35 години, точно еднаш го имам видено низ чаршија.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.230
Поени од реакции
7.039
Како што гледам по коментари, мошне лоши од албанскиот публикум. Ќе пукне тиквата.
Албанскиот публикум ќутеше кога го мењаше Заев тој директорот на УЈП за НЕПРОФЕСИОНАЛНИТЕ РАМКОВНИ ВРАБОТУВАЊА, а сега коа им се удри од глава тој непрофесионализам. Олеле!
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.895
За Тито нешто има ли? Не се интересни Грујо и Заев само.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom