Чисто за компарација. Србија има 5 пати повисока бројка на позитивни од Ковид и неколку луѓе помалку починати!
Гледам дека цело гласачко тело на Сдссм денес е активирано во борба за Филипче. Треба да го остават да потоне. Не, мора да го остават да потоне. Не за Сдссм, туку за самиот Филипче. Откако ќе поднесеш оставкка т.е. лично и директно преземеш одговорност, тонеш во очите на јавноста. Ако се скрие извесен период, можеби ќе падне и во заборавот неговото катастрофално управување со здравството. Тешко, но може. Ремет ќе трпи неговиот наследник кој ќе го земе сиот товар, од состојбата и со пандемијата и со модуларната болница во Тетово, општо условите во болниците, новите законски решенија, проблемот со заминувањето на докторите, но и Ковид кризата и понатамошните чекори и мерки кои треба да бидат преземени.
Тешко дека тоа ќе биде еден од Пановски или Караџовски, затоа што се критичари на мерките (власта), иако се доста популарни во јавноста, ќе биде некој послушник како Костов.
Ако Заев не ја прифати оставката ќе следува нов бран критики од сите страни. Ако ја прифати, тоа ќе биде пораз на Сдссм. Тактизирањето е само колку да помине време и еуфоријата да спласне. И да, сеуште мислам дека 100% ќе ја прифати оставката.