Пожар во Тетовскиот Ковид центар, 15+ мртви

Член од
8 август 2013
Мислења
982
Поени од реакции
1.246
Сум видел многу лоши проекти и генерално истите се copy-paste, за ваквите работи проектантите генерално се вадат со муаетот: колку пари - толку музика, плус многу зависи од нарачателот и од проектната програма, некогаш нарачателот знае да притиска да се намалуваат цените бидејќи со таа цена нема да биде одобрен.

@fennel иако не е момент, но ова може и позитивно да влијае врз цените. Се надевам дека ќе си ја чукнат главата многу колеги, и нема по секоја цена да се нафаќаат да работат (иако сум песимист дека ќе им дојде памет).
Izvolde.. veruvam PUR znaesh shto e. Ako ne baraj na internet. Ovie mislam deka ne bea PUR.
 
Attachments

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.126
Поени од реакции
445

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
“јас не би чекал ниту секунда, веднаш би поднел оставка од морални причини“, кажа Пендаровски

Ѓубрево ќе држи прес во 19 часот

Дали можеби првото е "најава" на оставка, па северниов во 7 ќе си ја даде јавно!?

Или ќе пљампа за како се е идеално во "Нашата земја", ете дека Фљорим дал оставка, Г'зим може ќе даде, може не, ќе пљампа дека сите документи се во ред и се отворени за пред обвинителство итн, итн
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Овој од тетовската болница веќе ептен беше ставен на бришан простор и немаше кај да бега откога стана јавна информација дека трети лица се пуштале во ковид центарот да си доаѓаат во посети.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
“јас не би чекал ниту секунда, веднаш би поднел оставка од морални причини“, кажа Пендаровски

Ѓубрево ќе држи прес во 19 часот

Дали можеби првото е "најава" на оставка, па северниов во 7 ќе си ја даде јавно!?

Или ќе пљампа за како се е идеално во "Нашата земја", ете дека Фљорим дал оставка, Г'зим може ќе даде, може не, ќе пљампа дека сите документи се во ред и се отворени за пред обвинителство итн, итн
Не се сакаат со Филипче многу. Овој кога му рече дека е брука Србија да ни ги вакцинира граѓаните, Филипче му врати да си глеа асталот и дека тоа било пријателски, солидарен и хуман гест.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.187
Поени од реакции
19.264
Ништо чудно и Венко да лета али останувам скептичен. Очекувам или продавање магла или оставка која ЗЗ ќе ја одбие па после по ФБ ќе паѓаат во транс нивните подржувачи како тоа он се жртвувал ама ете Заев смета дека треба да му се даде втора шанса.

А истрагата ќе се заборави се разбира.

Член од
14 август 2018
Мислења
4.530
Поени од реакции
10.016
Болнициве за болни од ковид не се единствени каде има висока концентрација на кислород, по што излегува дека е чудо како не се запалило нешто до сега ако е доволна една искра да предизвика таков пожар.
Колку и да звучи чудно, болница е единственото место каде може да се создаде атмосфера со зголемено ниво на кислород!
Експлозивна атмосфера е нешто друго, и тоа треба да го разграничиме и тргнеме настрана(од-топик е тоа)!
Меѓутоа и самата атмосфера збогатена со кислород е подеднакво опасна и бара исти процедури и предострожности за работа.

Бев зафатен деновиве па само набрзанка ги погледнав постовите на темава, и искрено се изначитав глупости!

Бијонс зела да објаснува за приклучоци,дефибрилатори, ЕМП, и дали треба боца со кислород да стои така(па уште и слика ставила). Бог да чува!
Ако до сега бев сигурен дека нема медицина завршено, сега знам дека средно за козметичарка е поверојатно и дека никад во живот не била во болница!
 
Да, мислев на тоа дека болниците за ковид пациенти не се единствени места со висока концентрација на кислород, туку и други болнички оддели ко одделенија за интензивна нега итн. На пример на интензивна на геријатрија, откако ја реновираа, самите болнички кревети содржат апаратура за контрола на довод на кислород. Во тој смисол и таму постојат услови за брза ескалација на пожар, а сепак немало такво нешто, бар мене не ми е познато.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
На крајот како што ми гледа, народот ќе се задоволи само со оставки. Апсење и кривично гонење, апстракција е кај нас.
И на наредни парламентарни пак ќе го гледаш окезен по билборди.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.530
Поени од реакции
10.016
Да, мислев на тоа дека болниците за ковид пациенти не се единствени места со висока концентрација на кислород, туку и други болнички оддели ко одделенија за интензивна нега итн. На пример на интензивна на геријатрија, откако ја реновираа, самите болнички кревети содржат апаратура за контрола на довод на кислород. Во тој смисол и таму постојат услови за брза ескалација на пожар, а сепак немало такво нешто, бар мене не ми е познато.
Точно, меѓутоа не заборавај дека ниедно буквално ниедно друго одделение не користи кислород редовно ни во количини како Ковид одделение! Огромна разлика има. Најблиску би дошло интензивна нега, меѓутоа и таму најчесто се на кислород додека не се разбудат(обично пост-оперативно), ретко пациенти да се под анестезија подолго време. Тоа само на КАРИЛ и во Ковид центар.
Само таму имаш толку многу пациенти под кислород, а и самото дишење не искористува ни 20% од вдишениот кислород, па се ексхалира надвор + континуирано испуштање од боците помножено со 20-30-40 души== можеш да си замислиш!
Доволно е само 1-2% да се зголеми нивото на кислород во воздухот за да се создаде опасна атмосфера.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Не верувам дека Венко ќе даде оставка.Ама и да даде,Зајко нема да му ја прифати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom