Пожар во Тетовскиот Ковид центар, 15+ мртви

Член од
3 мај 2019
Мислења
13.265
Поени од реакции
7.029
Господе Боже што читам..какви луѓе сте вие..Ниту грам сочувство, малку човечност барем покажете....Луѓе јадни гореле во кревет:place::place::place::place:
Секој изгубен човечки живот е тажен....грозна судбина, да дојдеш у болница да се лечиш а да починеш од грозна смрт...Бог да ги прости сите, сочувство до сите семејства:(

Вината е можеби кај некој од многубројната посета, можеби некој и цигара да запалил, некоја искра...боците за кислород се опасна работа ако некој незнае како треба со нив...што да кажам...ВЕ МОЛАМ САМО без злобни коментари во време на ваква трагедија.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
515
Поени од реакции
1.841
ИМАШ ЛИ ТИ ТРИ ЧИСТИ У ГЛАВА БЕ, ТЕЛЕ ЕДНО.....ВО ВАКВА ТРАГЕДИЈА, КОГА НА СИТЕ СРЦЕ НИ СЕ СТЕГА ОД ТАГА...ТИ ТРЕСЕШ ЗЕЛЕНИ....ЗАСРАМИ СЕ.
И ти си соучесник во ова госпоѓо бранејќи и оправдувајќи ја неодговорноста
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.244
Господе Боже што читам..какви луѓе сте вие..Ниту грам сочувство, малку човечност барем покажете....Луѓе јадни гореле во кревет:place::place::place::place:
Секој изгубен човечки живот е тажен....грозна судбина, да дојдеш у болница да се лечиш а да починеш од грозна смрт...Бог да ги прости сите, сочувство до сите семејства:(

Вината е можеби кај некој од многубројната посета, можеби некој и цигара да запалил, некоја искра...боците за кислород се опасна работа ако некој незнае како треба со нив...што да кажам...ВЕ МОЛАМ САМО без злобни коментари во време на ваква трагедија.
Нема што да се бара одговорност кај посетители и мртви луѓе. Има обезбедување, директор, има министер за здравство и има изведувач на тие бараки. Фактот што кријат еве и денес колку има мртви официјално не го ни коментирам, тоа е монструозно.

За десетици луѓе кои живи изгореле во болница доживотна казна е минимумот. Директорот на болницата и Министерот се автоматски одговорни заради процедурата независно од тоа дали имало проблеми со градбата.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
13.265
Поени од реакции
7.029
Нема што да се бара одговорност кај посетители и мртви луѓе. Има обезбедување, директор, има министер за здравство и има изведувач на тие бараки. Фактот што кријат еве и денес колку има мртви официјално не го ни коментирам, тоа е монструозно.

За десетици луѓе кои живи изгореле во болница доживотна казна е минимумот. Директорот на болницата и Министерот се автоматски одговорни заради процедурата независно од тоа дали имало проблеми со градбата.
Потполно се согласувам со тебе, одгворност треба да сносат директорот и обезбедувањето и персоналот кој работел таа кобна вечер..а Филипче треба да си даде оставка.
Автоматски споено мислење:

И ти си соучесник во ова госпоѓо бранејќи и оправдувајќи ја неодговорноста
Никаде и никогаш јас не сум бранела неодговорност, а за Филипче имам пишано посебно тема.

 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
10.105
Поени од реакции
14.542
Објектот немал ниту употребна дозвола ко што читав, а сепак имало луѓе во него. Ако од болницата вистина алармирале дека имаат проблеми и никој ништо не превземал ко по обичај, тогаш одговорноста оди до повисоки инстанци.

Сочувство до семејствата на починатите.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
7.760
Поени од реакции
14.028
Како на ваков настан секогаш се прават бајки као да станува збор за филм. Се у стил леле каков народ, леле какви коментари, сите сме луѓе, не е битна националноста. Па кој нормален дели луѓе по националност на ваков настан, кој помислува за кого станува збор. Во вакви моменти не да не се меша политика, туку се оди кај "челичната лејди" и се демолира куќата, се оди пред минстерство и се чека Венко за исто да биде демолиран, затоа што освен тоа обичниот човек не може никако да им врати, секогаш ќе има глупи луѓе кои ќе гласаат за "lele kolku e dobar venko, miren, povlecen, lele zaev kolku e skromen, selsko dete, uspealo a narod mu ljubomori, и за жал секогаш ќе има Албанци кои ќе гласаат за вакви као Теута само затоа што каурите ќе им прават нешто лошо, ако не дај Боже се гласа за Македонец глави ќе им сечат.


Слава на жртвите и нека почиваат во мир, на 30 години независност ги уби сопствената држава.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.202
Поени од реакции
2.164
Потполно се согласувам со тебе, одгворност треба да сносат директорот и обезбедувањето и персоналот кој работел таа кобна вечер..а Филипче треба да си даде оставка.

Што е крив персоналот? Мислам, ок е да се мисли и у тој правец, ама да бидеме реални, што да направат луѓето (доктори,сестри...) што дошло до пожар? Им рекле таму да работат, отишле работеле. Да не излезе на крај некој ни крив ни дужен да му го натепаат со 5 доживотни зошто сакаат да заташкаат.

Луѓе умреле, нема да ги вратиме, нема им е лесна земја и сочуство до нивните. За ова треба да одговараат сите кои се поврзани во изградба и менаџирање на оваа „болница“.

Плус, ако е вистина не знам, кој кур биле заклучени внатре? На Твитер глеам се пишува дека биле заклучени во просториите. Кој е тој психопат што заклучува болни лица, неподвижни? Било каков проблем да имаат ќе немаат помош. Незнам кај ќе им иде душата, тоа видеото што е треба да се пушти на разглас пред влада/собрание. Да слушаат 24/7 што направи таа нивна желба за повеќе пари.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.032
Поени од реакции
5.664
Ако се земе спинот за посматрање дека некој од посета запалил цигара (која глупост), онда одговорноста е кај обезбедувањето што допуштило да влезе неауторизирано лице, а пошто станува збор за жртви и тоа 15тина до сега, ова е командна одговорност до сам врв. Никако ова да се скрши на грб на некој полумртов началник на болница или на полиција.

Македонското импровизирање по којзнае кој пат се удара од глава. Овде е комплет легитимно да се бара оставка од цела влада. Прво технички не бил спремен објектот, бог знае од што материјал напраен и какви безбедносни протоколи за кислородот и слично не се напраени. Тука манѓурот велешки удрил сатар на тендерот и по некоја логика требаше веќе со Орце и Кичеец да криват коски у влажни ќелии.

Осеќам веќе се стигнати мејловите од америчка амбасада со смирувачки тонови до Али и Заев со текст, само смирено и ова ќе помине да не сте помислиле на оставки, нагрбачете некоја сиротиња тетовска и ќутете си, никој ништо не ви може.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
1.848
Поени од реакции
6.498
Лол одговорност од комуњар, а посебно и од Филипче не очекувајте. Се знае како одело во комунизмот, колеткивна одговорност за накрај никој да не е одговорен ни да е крив. Чиста статистика сме ние за него и Заев. Бројка на гласачи и ништо повеќе, први во Европа по број на починати и никакво справување со пандемијата и цело време си велат дека народот е крив.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
3.799
Поени од реакции
18.750
Не можам да останам рамнодушен на целиов овој двоен аршин што се тера моментално, на целата дволичност од ликови кои бараа оставки од влади и министри за многу помали работи од оваа, за денес тие истите кога нивните се на власт, да ни солат памет како не требало да се меша политика и да сме имале сочуство.

Јас имам сочуство кој фамилиите на загинатите луѓе, нека почиваат во мир и нека им е лесна црната земја.

Но немам сочуство кој вас партиските испрдоци што мењате мислења и ставови во зависност од тоа кој е на власт. Немам никакво сочуство кон вас заради тоа што во овие моменти наместо да се бара одговорност и затворски казни, вие штитите одредени политички елити, и останатите што со здрав разум бараат одговорност, ги етикирате како ментални и забегани.

Вие треба да се засрамите и да си го ставите прстот на челото. Вас нема да ви биде лесна црната земја кога ќе ви дојде време.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
7.760
Поени од реакции
14.028
Ако се земе спинот за посматрање дека некој од посета запалил цигара (која глупост), онда одговорноста е кај обезбедувањето што допуштило да влезе неауторизирано лице, а пошто станува збор за жртви и тоа 15тина до сега, ова е командна одговорност до сам врв. Никако ова да се скрши на грб на некој полумртов началник на болница или на полиција.

Македонското импровизирање по којзнае кој пат се удара од глава. Овде е комплет легитимно да се бара оставка од цела влада. Прво технички не бил спремен објектот, бог знае од што материјал напраен и какви безбедносни протоколи за кислородот и слично не се напраени. Тука манѓурот велешки удрил сатар на тендерот и по некоја логика требаше веќе со Орце и Кичеец да криват коски у влажни ќелии.

Осеќам веќе се стигнати мејловите од америчка амбасада со смирувачки тонови до Али и Заев со текст, само смирено и ова ќе помине да не сте помислиле на оставки, нагрбачете некоја сиротиња тетовска и ќутете си, никој ништо не ви може.
Да, инаку Али и Заев се луѓе со образ и мислат добро на на двата народа и сигурно ќе поднесе оставка.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
13.265
Поени од реакции
7.029
Што е крив персоналот? Мислам, ок е да се мисли и у тој правец, ама да бидеме реални, што да направат луѓето (доктори,сестри...) што дошло до пожар? Им рекле таму да работат, отишле работеле. Да не излезе на крај некој ни крив ни дужен да му го натепаат со 5 доживотни зошто сакаат да заташкаат.

Луѓе умреле, нема да ги вратиме, нема им е лесна земја и сочуство до нивните. За ова треба да одговараат сите кои се поврзани во изградба и менаџирање на оваа „болница“.

Плус, ако е вистина не знам, кој кур биле заклучени внатре? На Твитер глеам се пишува дека биле заклучени во просториите. Кој е тој психопат што заклучува болни лица, неподвижни? Било каков проблем да имаат ќе немаат помош. Незнам кај ќе им иде душата, тоа видеото што е треба да се пушти на разглас пред влада/собрание. Да слушаат 24/7 што направи таа нивна желба за повеќе пари.
Пример, ти работиш во болница, ги познаваш сите и сега на твој пријател му даваш бел мантил или било каква прекривка, а можеш и така во цивилка обична да си го внесеш на одделение за да си го посети неговиот пациент...така многумина прават, си ги внесуваат своите.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.032
Поени од реакции
5.664
Да, инаку Али и Заев се луѓе со образ и мислат добро на на двата народа и сигурно ќе поднесе оставка.
Никад не биле под јак притисок, така да не знаеме, пошто БОЈКОТИРАМЕ све.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
11.125
Плус, ако е вистина не знам, кој кур биле заклучени внатре? На Твитер глеам се пишува дека биле заклучени во просториите. Кој е тој психопат што заклучува болни лица, неподвижни? Било каков проблем да имаат ќе немаат помош. Незнам кај ќе им иде душата, тоа видеото што е треба да се пушти на разглас пред влада/собрание. Да слушаат 24/7 што направи таа нивна желба за повеќе пари.
Ова е од пред само една недела.

"Во клиничкиот центар во Тетово е хаос. Не се почутува ниту една мерка. Додека бевме таму сретнавме многу семејства пред врата кој со маска, кој без, чекајки да ги посетат нивните роднини. А дури на некој им дозволуваат да седат цела вечер со пациентите."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom