Пожар во Кисела Вода

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Gag, 10 јуни 2019.

  1. Gag

    Gag

    Член од:
    14 ноември 2013
    Мислења:
    1.242
    Допаѓања:
    1.770
    Моментално има пожар во Кисела Вода кај основното училиште Кирил Пејчиновиќ.

    Блиску до мене е тоа, цело време сирени се слушаат од амбуланти, пожарни возила (околу 6-7) и полиција, од еден стан се пришири пожарот па сега се опфатени 2-3 други станови.

    Инаку ситуацијата катастрофа, си дошле пожарникарите ама вода немаат во цистерните... чекаат да пристигнат други со вода. Полицијата наместо да го обезбедува местото си дремат со прсти во уста, брат ми и уште други дечки трчаа ги собираа децата под зградата од каде што паѓаа изгорени работи од становите.

    Уште има луѓе заробени во зградата не можат да излезат колку што разбрав.

    Се надевам никој нема умре ниту пак сериозно да биде повреден.

    Само што завршив со текстов помина уште една пожарна, не сум таму али звучи сериозно.
     
  2. Che59

    Che59

    Член од:
    28 февруари 2017
    Мислења:
    2.501
    Допаѓања:
    2.398
  3. Gag

    Gag

    Член од:
    14 ноември 2013
    Мислења:
    1.242
    Допаѓања:
    1.770
  4. Right.Side

    Right.Side

    Член од:
    6 јуни 2019
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    13
  5. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    624
    Допаѓања:
    569
    после секоја ваква или слична трагедија си го поставувам прашањето: дали осигурувањето на имот треба да стане задолжително во република македонија како што е автомобилската одговорност и како што е пракса во доста земји низ светов?
    кое е вашето мислење
     
  6. Che59

    Che59

    Член од:
    28 февруари 2017
    Мислења:
    2.501
    Допаѓања:
    2.398
    Зградата карши гореше најмалку 2-3 пати, очигледно е збир на старост. Повозрасни станари и дотраени инсталации.
     
  7. grunff

    grunff

    Член од:
    14 октомври 2018
    Мислења:
    98
    Допаѓања:
    89
    Овие се многу добро градени згради, после земјотресот, не како што денес се гради - фушерај.
    За жал станарите се такви какви што се, тешка мизерија. Најгоре треба да е заедничка тераса, узурпирана е и направени се станови (дивоградби за да се легализираат потоа со законот за дивоградби.) и веќе не е може да се помине од еден во друг влез преку заедничката тераса.
    Има и други глупости кои може да се сретнат овде и евентуално Индија, како на кој како му текнало уривал ѕидови и столбови, заградувал балкони заради дополнителна соба и отварал прозори таму каде што немало и не било предвидено прозор. Да се преиспита статикава на зградата кој знае што ќе се открие.
    Помошни скали за евакуација во случај на пожар нема, но сега нема ни заедничка тераса со која сите влезови се поврзани и преку која многу едноставно може да се извржи евакуација или пристап до опжарениот стан преку било кој влез. Да не пишувам за хидранти на секој спрат, тоа е одамна искршено, украдено, запустено.
     
    На F.E.A.R., Avenger99, khz777 и уште 10 други им се допаѓа ова.
  8. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    3.731
    Допаѓања:
    4.109
    ... јас мислам дека и пожарникарите барем некои од нив немаат појма од професијата ниту пак одговорност туку така се примени партиски со (барем некој курс не знам што да речам), па не е чудо што дошле без вода, Мара на Кира, Кира на Мара, возилото никој не го наполнил со вода (не им е прв пат),

    [​IMG]

    инаку мислам дека им недостасува опрема зборувам опрема со маски со боци кислород (барем овие ги немаја во акција да ги користат) ,

    [​IMG]

    секири и скали при што веднаш би се качиле и влегле и веднаш би го угаснале оганот, вака со црево со млаз со вода од доле делува повеќе како циркус за странично гасење на балконот, а тоа внатре тешко да навлезе водата со што жртви отидоа уште три стана!

    [​IMG]

    ... среќа што нема жртви што е најважно, ама тоа е опомена и за град Скопје дека опрема на пожарникар не се состои само од метална лопата шлем на глава, туку и комплетана опрема со боца со кислород која треба да се примени при влет во оганот, а не само за „украс за публика “ впрочем така биле и однесени двајца пожарникари со вдишан јаглерод моноксид...мислам ејјјј чадот веднаш убива, а не е оганот!
    [​IMG]

    инаку... коментарот на ТВ ....дека „одржале состанок“ како да го гасат пожарот...ејјјј состанок сред пожар на три стана со заробени деца станари?? ...народната, селото гори бабата се чеша!
     
    На dastan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pane-G

    Pane-G

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    4.856
    Допаѓања:
    2.187
    Леле шо мизерија бе за пожарната цисерна дошле ама немало вода во цистерната и пожарот уште гории каква мизерија бе


    Sent from my iPad using Tapatalk
     
  10. Jedah

    Jedah

    Член од:
    4 јануари 2008
    Мислења:
    1.413
    Допаѓања:
    1.828
    И разбравте што била работата со пожарот?
    Дотична госпожа заминала на одмор у Грчка, струјата во станот пуштена нит склопка исклучена нит ништо. Продолжен се пали и нема кој да го запре, затоа што некој се шлапка во вториот крак на Халкидики.
    9 стана оштетени, 3 тотално уништени. Наиронично.... Станот на госпожата не е на нејзино име него на сестра и или така нешто, одговорност нула. Несреќен случај!

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Што мислите, колку реклес манијакални комшии кој кур го боле за тоа што се дешаа, пример ве поплави и ви ебе матер на све во станот се одговорни за вакви несреќи?
    Дали едноставно стиснеш зубе и тоа го сватиш као судбина и се надеваш дека осигурањето (ако го имаш) ќе ти покрие 10% од штетата.

    Примери имаш хоардер над тебе или личен пример од зграда кај што живее неподвижна баба чии што деца и се у Француска и со душа чекаат да умре за да и го земат тоа малкуто материално што се води на нејзе а таа кутрата со врвки се движи по дома и не е пречекорена 3 години преку надворешен праг. Иде некоја платена да и очисти памперси од време на време и да и донесе леб и тоа е тоа. Дали таа баба ќе биде несреќен случај кога несакајќи ќе ја вчури цела зграда? Реторички прашуем.....
     
    На bijons му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol

    Член од:
    3 мај 2019
    Мислења:
    237
    Допаѓања:
    172
    Нажалост, живеењето во зграда со луѓе како нашиов Македонски менталитет може само лоши работи да ти донесе, мислам на поплавување, опожарување, затнати одводни цевки, галамење, тресење од балкони, правосмукање во 24 часот и др.
    Затоа кажи само да не даде господ никому... може и на млад да му се случи....јас пред некој ден варејќи кафе ја заборавив ринглата уклучена а во меѓувреме си пиев кафе на балкон, ламотев на телефонот..и среќа што снемав цигари па морав да влезам у соба и така осетив дека нешто ми мириса.....поентата ми е, секој може да згреши, инсталации стари неисправни и бог нека не чува а ретко кој осигурува кај нас стан и покуќнина.
     
    На bijons и Jedah им се допаѓа ова.
  12. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    21.522
    Допаѓања:
    32.017
    Постот повеќе е дека госпоџата отшила да бања во Грција, отколку за причината. :icon_lol:
     
  13. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol

    Член од:
    3 мај 2019
    Мислења:
    237
    Допаѓања:
    172
    Па дали била во Грција или запек ја фатило па заглавила у веце, а можела и во Шутка на шопинг да оди..исти ку@ац, не е битно веќе.:)
     
  14. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    3.731
    Допаѓања:
    4.109
    ... склоп на околности и склоп на повеќе неодговорни,

    прво сопственикот на станот треба да знае што се случува со позајмениот стан и да проверерува дали е во ред оставен од тој што е под кирија или на користење и да дава отчет на куќниот совет кој што е под кирија- ПРВА одговорност СЕСТРАТА ако била таа сопственик!

    ...ВТОР кривец е СТАНАРОТ под кирија т.е. дотична госпоѓа која се шлапкала во Грција, без трунка одговорност да ги исклучи сите работи кои треба при напуштање подолго време на станот, па дури да се остави клуч на некого и проверка за недај боже дали на председателот на куќен совет и сестрата!

    ...ТРЕТ кривец е државата која не превзема казнени мерки за вакви случаеви на невнимание и ноншалантно однесување во заеднички стамбен простор,

    ...ЧЕТВРТ кривец е самата пожарна индиректно пак државата, кои не овозможила навремено гасење на пожар лоцирано во еден стан дозволувајќи да се шири по други станови со можни човечки жртви додека истите се договарале т.е. имале состанок како да пријдат и што да направат, а да не кажам за можна вистина дека дошле со возило без вода, што апсолутно е можно затоа што сум била сведок за таква трагично смешна ситуација од пожарникарите!

    и кога ќе се види сума сумарум ДРЖАВАТА е крива оти спроведува строги казни ТАМУ каде што не треба, а каде треба замижува и не превзема никаква казна, па макар било заплашување со одговорност едномесечно општествено работење или затвор без парична казна!
    ете тоа треба! вака тешко на тие што се изгориле и изгубиле пола од својот живот! а пожарите и понатаму ќе бидат од неодговорни станари од плински боци, продолжени кабли, разни приклучоци на диво, неизгаснати пикави, надградба, доградба....итн
     
    На pozdrav eden topol му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nsan

    nsan

    Член од:
    23 јануари 2016
    Мислења:
    736
    Допаѓања:
    1.103
    ljuge, ne mozete da ocekuvate nekoj da iskluci struja ako go napusti stanot nekolku dena. problemot ne e vo toa, problemot e vo toa sto vo makedonija se prodava shkart roba po pazarite pa i vo nekoi prodavnici.

    koga e vo prasanje elektronika vo sredeni drzavi ima standardi koi mora da se ispolnat za nekoj del voopsto da smee da vlezi vo prodazba. go ima toa mozda i vo makedonija, no i da ima problem e sto na pazarite se prodava katastrofalna oprema. pred nekoja godina mi se rasipa polnac za lap top i deka bev vo blizina na pazar kupiv od tamu polnac. koga se vrativ doma i go koristev delot pocna da smrdi i bukvalno se stopi za kratko vreme, a site podatoci bea tocni, znaci ne zemav pogreseb polnac (demek). sakam da kazam ne kupuvajte elektronika od pazarite, sranje e ednostavno. asalen prodolzen kabel ne gori. takvite i 20 godini da stojat na struja ne treba nisto da se sluci ako e proizvod koj e proizvoden kako sto treba. sekako ako nema treba da ima i standardi postaveni od drzavata i da se odzeme nelegalnata roba od pazarite.

    nesto drugo: mora da ima zakon sekoj stan da ima osiguruvanje. ne e toa mnogu skapo i vo zapadno evropskite drzavi sekoja nedviznost mora da e osigurana. neodgovorno e bez, da stradaat familii zaradi nekogas i sitna greska. zamislete cela zgrada da zamine i 100 familii i finansiski da bankrotiraat zaradi nekvaliteten prodolzen kabel.

    drugo nesto sto mi tekna, tuka ima i obvrska da se ima senzor vo stanot, postavija takov zakon pred nekoja godina. eden senzor moze da se kupi za 5 do 10€, se stava po eden vo sekoja soba osven kupatilo i kujna. baterija voobicno se menjava maks. ednas godisno, a kaj nekoi aparati i samo ednas na 10 godini. ne e golem trosok i definitivno vredi. mene ednas me spasi od pozar koga vo kujnata imase problem so sporetot i dimot stigna do najbliskiot senzor. mozda i taka ke primetiv na vreme, no ovaka pobrzo se sluci toa bidejki senzorot reagirase uste pred da go primetam mirisot na dimot, a nekoku sekundi porano da reagiras veke pravi golema razlika koga e vo prasanje pozar.
     
    На Корто Малтезе, TITTANIK, Bateman и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели преку: