Подобро кривичнa отколку прекршочна глоба од 50.000 евра?

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Подобро кривичнa отколку прекршочна глоба од 50.000 евра?


Прекршочните реформи се враќаат како бумеранг во практиката, бидејќи управните органи претераа со висината на глобите
Ни се враќа ли прекршочната реформа како бумеранг во државата? Една добра идеја што требаше да ги ослободи пренатрупаните судови од безначајни прекршоци, ги претвори разните комисии по органите на државната управа во поголеми судии од судиите. Па, кога некој ќе добие прекршочна глоба во фантастични износи што се мерат и со неколку илјади евра, човек да зажали што не е казнет кривично или прекршочно во судовите, каде што барем важат поцврсти принципи. Бидејќи,една „казна“ може да ви стави крст на бизнисот.

Експертите укажуваат дека по нешто повеќе од четири години од реформите во оваа сфера се воочени бројни слабости и нелогичности.

Според професорката по кривично право од Правниот факултет во Скопје, д-р Гордана Бужаровска-Лажетиќ, Законот за прекршоци е „жртва на сопствената галантност“. Како што објаснува таа, како резултат на новата законска рамка за прекршоци, направени се измени во 233 материјални закони, а со помош на три спорни одредби, е проширена прекршочната надлежност до неверојатни граници.

„Се прашувам има ли граница „креативноста“ во определувањето на глоби од страна на управните органи, бидејќи мандатните казни се за четири пати и повеќе повисоки од оние што се пропишани во законот. Ако во Законот за прекршоци максималната казна изнесува најмногу 1.000 евра, во четвртина од сменетите закони се пропишани глоби и до 15.000, па дури и до 200.000 евра“, истакна професорката на вчерашната дебата посветена на прекршочните реформи, што ја организираше Фондацијата отворено општество.

Професорите се категорични дека не можат прекршоците да служат за казнување, туку само како превентива. Управата не смее да се претвори во егзекутор во финансиска смисла, која ќе служи за полнење на државниот буџет. Ваквиот начин на функционирање на органите на управата, неминовно, доведува до супремација на извршната власт врз судската, што не беше интенција на реформите.Со изрекувањето на максимални глоби од страна на прекршочни органи, како што предупредуваат експертите, се доведува во прашање општиот закон за прекршоци, кој станува неприменлив.

Познавачите на оваа материја сугерират дека под итно мора да се дефинира што може прекршочно да се казнува, да се направи кодификација на прекршоците, но и да се утврди најголемиот распон на глоби. (Г.Д)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
ima i drugo, kaj nas itno treba državni advokati - obviniteli - kako vo Hrvatska - Dorh..da se goni po službena dolžnost korupcijata vo site ustanovi, počnuvajki od katastar , advokati, notari pa i sud... sega toa selektivno se pravi, mnogu retko, obično biva volkot go izel magareto... eve neodamno imaše za slučajot so parcelata kaj hotel Aleksandar Palas, korupcija do guša, toa ne se rešava so obična postapka, treba po službena dolžnost i ostro, kako što vo Hrvatska ima odelenie Uskok, del od Dorh...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom