Јас до пред извесно време имав Опел Монтереј, со нафтата од лукоил моторот беше поснажен и поминував повеќе километри, со нафтата од Макпетрој, ЦрнаРека, Окта(никогаш не ставив) поминував помалку километри а моторот го осеќав дека за нијанса е послаб. Така да редовно туривав на лукоил (кога можев нормално). А сега возам Пасат, исто така на лукоил туривам, претходниот сопственик стриктно туривал на Макпетрол, не можам да споредам што е како е. Добро е еднаш на извесно време да ставите барем ЛиквиМоли адитив за дизел мотори, да прочисти се и свашта, на едно танкање на резерварот турите едно шишенце. А филтерот најдобро е на 30 000 (препорачано), ама поради тоа што немаме исти стандард во МК, подобро е на помалку, сепак не е некоја пара во прашање.