Подобар свет

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Кога би ја немало љубомората. Целото зло на светов потекнува од оваа човечка особина. Тогаш сите би се грижеле повеќе за себе, а и за другите.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Грижејќи се за себе, ќе знае да се грижи и за другиот...
Не можам да ги замислам самопрогласените жртви на животот, кои своето не го поминале поради своите најблиски.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Светот би бил поубаво место, ако луѓево почесто го користат мозокот, бојлерот(т.е.се бањаат)и наместо да плукаат на улица, нека си плукаат дома.
И, да.Се почнува од индивидуална промена.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Светот би бил подобро место за живеење кога луѓето би ги отвориле очите и малку да почнат со преиспитување на вредностите кои владеат.
Ќе биде подобар кога ќе почне да има повеќе љубов и истакнување на духовните вредности. Ќе биде подобар, кога сите заеднички би гледале за иднината на светот.

Кога сите би почнале повеќе да се грижат за себе или кога сите би почнале повеќе да се грижат за другите?
Ако е првото зошто и ако е второто зошто?
И така ... :pipi:
Кога луѓето ќе престанат да се замараат за туѓиот живот,кога ќе престанат да им прават сопки на другите, кога ќе престанат да гледаат кој попрво да зезнат - работите би се смениле.
Значи човекот прво да се грижи за својот двор, за својот дом, без да гледа во другиот и да ја гледа својата коза, а не да посакува на комшијата да му умре козата. Во тој смисол да се грижи за себе. Во никој случај не треба да си гледа само за себе и да не гледа како неговите постапки влијаат на другите или можеби ги повредуваат.
Да се грижи за туѓите чувства, да гледа да не повреди намерно или да бутне нож некому, да си го гледа својот живот и да гледа да успее чесно и со свој труд, за потоа да може да ужива на благодетите на својата работа.
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Светот се повеќе иде наопачки не на подобро, инаку повеќе би сакала да се родев во некоја друга држава друг контитнет него тука.
 
Член од
11 февруари 2008
Мислења
173
Поени од реакции
17
Кога би ја немало љубомората. Целото зло на светов потекнува од оваа човечка особина. Тогаш сите би се грижеле повеќе за себе, а и за другите.

Се согласувам во потполност со Мистичен.:helou:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Што мислите, кога би бил светот подобро место за живеење?
Кога сите би почнале повеќе да се грижат за себе или кога сите би почнале повеќе да се грижат за другите?
Ако е првото зошто и ако е второто зошто?
И така ... :pipi:
Под претпоставка дека би можеле да го направиме светот подобро место за живеење ќе се потрудам да одговорам на прашањево.
Конкретно не би се одлучила ни за едното ни за другото. Ја бирам средината.
Значи ако е конкретно првото односно секој за себеси да се грижа мислам дека светот би бил исполнет со егоисти, а егото е лоша работа и со зголемување на напредокот и сопствениот успех ќе постигнеме само зголемување на егото.Овој начин не би успеал.
Втората опција па уште помалку ми се допаѓа. Ако почне секој прво да мисли на среќата на другиот за сметка на својата, ништо нема да се постигне.

Е сега каква е таа средина која што ја споменав?

Со други зборови постигнување на хармонија. Секој за себе да се грижи.Обрнување на вниманието на сопствената среќа, но не на сметка на туѓата несреќа. Значи тоа е тоа, моментот кој треба да се запази. Секој да се грижи за своето, но патем да не го уништува туѓото. Љубомората целосно да се заборави, предрасудите и стереотипите исто така. Верска, етничка, полова, сексуална дискриминација да нема т.е. никаква дискриминација да нема.
За почеток овие неколку работи да се искоренат. Ако ова го нема светот постепено би почнал да се подобрува. Со тек на времето би се постигнало и она што сите ние го посакуваме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom