Подобар свет

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Што мислите, кога би бил светот подобро место за живеење?
Кога сите би почнале повеќе да се грижат за себе или кога сите би почнале повеќе да се грижат за другите?
Ако е првото зошто и ако е второто зошто?
И така ... :pipi:
 
Член од
6 април 2008
Мислења
99
Поени од реакции
7
svetot bi bil podobar ako bi nemalo povekje nasilstvo, ljubomora, ljubov..

Velam ljubov, zatoa sto toa e potencijal na samoubistvo, karanje, ako edniot partner go ljubi drugiot.. a kaj drugiot e obratno.. doagja taga i patenje.. bes pred se...

toa e moe mislenje
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не знам дали светот може да стане подобро место за живеење ако се подобрат некој работи што во овој момент ни сметаат. Сите работи што ни се убави, ги чуствуваме така поради спротивното лошо присуство на тое нешто.
Ако лошото го снема тогаш нема да го цениме нити да го приметуваме убавото.

Но имам мала листа на работи што дефинитивно би сакал воопшто да ги нема.

-педофилија
-глад
-грција
-феминизам
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Јас мислам никогаш.
Секогаш ќе има нешто што некому ќе смета.На едни ќе им смета зошто сите се грижат за себе,на други зошто другите се грижат за нив,никогаш ништо не е доволно.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Има конкретно прашање на кое е пожелно да одговорите, покрај вашето поопширно мислење.:smir:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Па секој си гледа за себе ... никој не гледа како му е на некој друг па еве светот си е каков што е, човек не може сопствените проблеми да си ги решава а не пак да му ја мисли за некој друг. Така да доколку гледаш за другите дупла мака си имаш ;)
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не одговорив на прашањето:)

Ако луѓето почнат повеќе да се грижат за себеси мислам дека светот ќе стане условно речено подобро место за живеење.
Зошто?

Ќе се намали вековното пкање на нос во туѓите работи.
Ако секој почне да се грижи за себеси од секој можен аспект значи ќе го зголеми квалитетот на своето живеење. Пропорционално на тоа или повеќе би рекол chain effect ќе има врз другите. Ако јас живеам квалитетно тогаш ќе помогнам на мојата заедница и на луѓето во неа да живеат квалитетно.

Има многу да се пишува за ова, но мислам дека ја сваќате идејата.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Што мислите, кога би бил светот подобро место за живеење?
Кога сите би почнале повеќе да се грижат за себе или кога сите би почнале повеќе да се грижат за другите?
Ако е првото зошто и ако е второто зошто?
И така ... :pipi:
Jaс мислам, дека најдобра комбинација би била сите повеќе да си гледаат за себе, но да се грижат и за другите. Тоа значи, да се воспостави една паралела во која луѓето не би биле опседнати со животите на тие околу нив, мислам на “Да му умре на комшијата козата“ комплекс, но истовремено и да не станат себични и посесивни и да ги имаат предвид проблемите на другите.
Тоа е тоа што се однесува на ова прашање, сепак има и други начини да се направи светот подобро место.:helou:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Што мислите, кога би бил светот подобро место за живеење?
Кога сите би почнале повеќе да се грижат за себе или кога сите би почнале повеќе да се грижат за другите?
Ако е првото зошто и ако е второто зошто?
И така ... :pipi:
Јас би ја одбрала опцијата, прво за себе, а потоа за другите.

Во едно општество каде што на никој за ништо не му е гајле, добра отскочна даска е секој да почне прво од самиот себе.
Да размисли за неговите постапки и како тие се одразуваат првенствено на неговиот живот и иднина, а потоа и на останатите.
Единствено така би имало подобра иднина за наредните генерации, ако се разбуди свеста на луѓето и да си ја чукнат пиперницата малце.:)

Во никој случај не е добра опција да се мисли само за себе, бидејќи во едно такво општество, каде што секој го интересираат само неговите желби, ќе завладее една анархија и нема да се знае “кој пие, а кој плаќа“.
А уште полоша опција е секој да мисли за оснатите, бидејќи самиот човек е виновен и ќе ги сноси последиците од неговите дела, а не некој друг.
 
Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Што мислите, кога би бил светот подобро место за живеење?
Кога сите би почнале повеќе да се грижат за себе или кога сите би почнале повеќе да се грижат за другите?
Ако е првото зошто и ако е второто зошто?
И така ... :pipi:
Хаха, за себе доволно се грижиме сите, знаеш што сакам да кажам, себични сме се повеќе за жал, така да, повеќе грижа за себе - не фала, би се упропастил светот уште повеќе. :)
Дефинитивно треба повеќе да се грижиме за другите, т.е. за нашите пријатели, бидејќи, сите знаеме дека одамна веќе нема вистински пријатели.
 
Crni Bombarder

Shipwrecked
Член од
4 февруари 2008
Мислења
152
Поени од реакции
6
Не знам дали светот може да стане подобро место за живеење ако се подобрат некој работи што во овој момент ни сметаат. Сите работи што ни се убави, ги чуствуваме така поради спротивното лошо присуство на тое нешто.
Ако лошото го снема тогаш нема да го цениме нити да го приметуваме убавото.

Но имам мала листа на работи што дефинитивно би сакал воопшто да ги нема.

-педофилија
-глад
-грција
-феминизам
A vojna?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
Кога се би функционирало перфектно и совршено, а тоа не е можно. Не може со зборови да се искаже, далеку сме од таков свет.
Кога се би било розево во животот, кога само добри работи би се случувале, тогаш светот би бил подобар и најдобар. Кога секој што би посакал би го добивал, едноставно кога се би било совршено.
 
Тоа не е возможно и не би ни сакала да е. Како што кажа burn84 погоре, тогаш не би го ценеле убавото. И вака не го цениме, а тек тогаш...
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Што мислите, кога би бил светот подобро место за живеење?
Кога сите би почнале повеќе да се грижат за себе или кога сите би почнале повеќе да се грижат за другите?
Ако е првото зошто и ако е второто зошто?
И така ... :pipi:
Епа не знам дали светот би бил подобро место за живеење, ама знам дека мојот свет би се подобрил ако јас почнам да гледам малку повеќе да си угодувам на себе,наместо на другите.

А светот мислам дека никогаш нема да се промени на подобро, мислам дека како тргнала работава све на полошо и полошо иде.:toe:

Мислам дека би се сменил на подобро кога би знаеле дека следи некоја голема катастрофа како армагедон или слично, само тогаш мислам дека луѓето би се согласувале и би си помагале, со цел да се спасиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom