Подно греење - предности и недостатоци

Член од
19 септември 2016
Мислења
2
Поени од реакции
0
Сакам да поставам подно греење, но читам разни мислења и ставови.
Дали се препорачува во спални, какви подови се препорачуваат ( плочки или ламинат ) ?
Дали во дневна треба и дополнително греење ?
Вашите искуства ?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Незнам колку е препорачливо заради циркулација на крвта......и друго, зошто да плаќаш пун износ на цена на ел. енергија кога можеш со клима да плаќаш дупло помалку.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Имам читано дека е откриено дека е штетно. Нешто со вените на стапалата беше работата. Побарај повеќе инфо. Зошто сакаш баш тоа? Мода?
 
S

StormRage

Гостин
Сакам да поставам подно греење, но читам разни мислења и ставови.
Дали се препорачува во спални, какви подови се препорачуваат ( плочки или ламинат ) ?
Дали во дневна треба и дополнително греење ?
Вашите искуства ?
Ко некој шо се расправа со подно со години (нормално, не пробувам да ти продадам нешто сега)
Моеш да го користиш буквално секаде, спални дневни не е битно. Дали ти треба дополнително греење зависи од тоа колку ти е добра изолацијата, во цревата во подлогата не смее да има повисока температура од 50 степени.
Искуства, 350 квадрати куќа на 3 спрата, достига до 30 степени (нормално солидно изолирана) и немаш потреба од радијатори (ако станува збор само за парно што воедно подното испаѓа далеку поефтино така). И е прилично ефикасно. Навиката е веќе друга работа.

За подовите дефинитивно плочка но има и посебни ламинати за таа намена[DOUBLEPOST=1474369600][/DOUBLEPOST]
Незнам колку е препорачливо заради циркулација на крвта......и друго, зошто да плаќаш пун износ на цена на ел. енергија кога можеш со клима да плаќаш дупло помалку.
lol wut?
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ako stavas podno,laminat i parket vo nikoj slucaj.Dzabe frleni pari ke ti bidat.
 
Член од
27 декември 2010
Мислења
40
Поени од реакции
17
доколку се поставува подно греење:
- температурата на водата во системот на подната инсталација несмее да е повисока од 35*C.практика е да не се гаси/исклучува системот (бидејќи поптребни се 3-дена да се загрее кошулицата па потоа да почне да ја предава топлината во просторот

- се поставува почесто на плочки бидејќи подобри се за оддржување/поефтини
- со поставување на ламинат, ламинатот само ќе го изолира спречи предавањето на топлината од подот кон просторот (освен ако ламинатот не го лепишдиректно на кошулица без никаква додатна изолација.
-поставувањето на пархет е добро (бидејќи се лепи на кошулица директно но без употреба на КАТРАН) но тука пак имаме одредена изолација од самото дрво, но секако е попријатно. (негативна страна е тоа што дрвото се суши, за сушење и недостатоци немам информација)
при комбинации со класични радијатори ѕидни, мора да се постави МЕШАЧКИ вентил кој е околу 7000 денари.
 
Мешачки вентил или различни разводни табли... Инаку во подлогата оди до 50 степени. Над тоа може да дојде до пукање на кошулицата, не 35. Топлината се предава (на добро изолирана подлога без ладни споеви и со 5цм минимум стиропор+ рефлектирачка фолија) за околу саат време почнува да се осеќа разлика. Веќе над два саати е загреано (збориме за струја)
Има посебен ламинат за подно, со минимална изолација измеѓу и нормално треба да се лепи. Паркет не иде во предвид, премногу топлински загуби.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
За што ти е подно греење на ламинат или паркет.
Подно греење се става ако правиш во италијански стил.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Јас имам подно во целата кука (63 м2):D , имам комбинација од струја , дрва и соларно загревање на системот . Подот е од гранитни плочки . Е сега струја вклучувам мнооогу ретко 5-6 пати во сезоната , во основа додека е меѓусезонасезона ја користам топлината од резервоарот кој се грее од соларно ,користам помош некогаш и од климата , ретко го вклучувам електричното котле . Во сезона се греам на дрва , имам змија во печката која е поврзана со целиот систем на тој начин ја загревам целата вода во системот . Температурата ретко се крева над 35 степени и генерално е топло дома 23-24 степени . Не чини да е многу топол подот , барем мене ми е непријатно на нозете !
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543

Те молам уште извести не за трошоците - колку кубици дрво трошиш за една сезона?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Потрошувачката на дрва е некаде околу 4 метри кубни и струја некаде околу 1500 денари плус во меѓусезона ( бојлер , клима и евентуално електричното котле ).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom