Машки и женски обврски
Дали ги делите обврските на машки и женски?
На пример знаеме дека во куќата обично жената е таа која готви ручек, чисти, ги чува децата и.т.н, а машкото е тоа кое цепи дрва, поправа расипани апарати по дома, заработува и.т.н.
Како одиме со времето напред се повеќе овие, да ги наречам обврски, се менуваат, сега поинаку гледаме на нив, ги нема веќе тие така наречени "женски и машки работи".
Е сега, дали Вие се уште сметате дека обврските по дома треба да бидат поделени на машки и женски? Дали сметате дека така е правилно или сметате така затоа што тоа е родова улога во општеството во кое живеете?