Сакаме имотно и правно да се разделиме со жената, без да се разведеме.... Јас ќе и исплатам одредена сума пари за станот кој ќе го префрлиме на име на синот (15.год) во кој јас ќе останам да живеам како плодоуживател, а таа ќе излезе да живее во друг стан. Ова планираме да го регулираме со нотарски договор каде ќе ги прецизираме сите работи, па дури и поделба на покуќнината.... Прашањето е следно: дали во случај на развод таа ќе има право да побарува половина од станот и од се што сме стекнале заедно, иако во нотарски договор се откажува од истото за одреден надоместок. Ви благодарам.
За поделбата на целиот движен и недвижен имот меѓу тебе и жената, меѓутоа САМО за имотот којшто сте го стекнале од денот на склучувањето на бракот до сега, потребно е да се склучи Договор за делба на заедничкиот имот. Дополнително, во Договорот ќе се вметне одредба дека ќе и' исплатиш и одредена сума пари за станот. И по заверувањето на договорот кај Нотар и запишување на правото на сопственост во Катастар, секој си станува самостојно сопственик на она што го добил согласно договорот, независно од тоа дали после заверката на договорот, бракот ќе се разведе или не! Тоа што си го добил согласно договорот, тоа ќе си биде негово и по евентуален развод на бракот, тоа станува негов посебен имот.
Таков Договор може да се склучи и по разводот на бракот. Е, ако воопшто не е склучен таков договор, пред или после разводот на бракот, тогаш Судот во судска постапка ќе одлучи како ќе се подели заедничкиот имот.
За префрлување на станот на синот, со можност ти до крајот на животот да живееш во него, потребно е да се склучи Договор за дар со задржување на правото на доживотно плодоуживање.
На брачните другари останува само да се договорот, што на кој ќе припадне, да се договорат и во однос на станот за синот, и адвокатот сето тоа ќе го вметне во Договорот. Правото ги нуди скоро сите можности за усмениот договор меѓу две договорни страни да се изготви во писмена форма и како таков да е право валиден.
Поздрав.
Адвокат Ѓорѓи Павлов Кавадарци