Подготовка на полжави

  • Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Вака дечки, ми треба помош околу спремање и готвење на полжави. Вчера ми донесоа неколку килограми живи полжави . Бидејќи претходно дома не сме готвеле мекотелци во куќарка, а сакаме да пробаме, ќе може ли некој поискусен гурман и познавач на овој деликатес да каже како треба правилно да се спремат . Благодарам :)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Тука е даден рецепт за претходно сварени и исчистени полжави. Мене ми треба помош околу варењето и чистењето, за втората фаза готвење е лесно . Точната процедура не ја знам, дали се варат во една или повеќе води и дали во водата се додава нешто . И чистењето на полжавот е исто така битно, со гомна нема да ги јадам . :pos:
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Вака дечки, ми треба помош околу спремање и готвење на полжави. Вчера ми донесоа неколку килограми живи полжави . Бидејќи претходно дома не сме готвеле мекотелци во куќарка, а сакаме да пробаме, ќе може ли некој поискусен гурман и познавач на овој деликатес да каже како треба правилно да се спремат . Благодарам :)
Ако се со куќарка на нив значи се варат едно пола саат во вода , и после се чистат , откако ќе ги исчистиш се мијат 2-3 пати во солена вода , за да испуштат тоа како мрсул што е и после се варат уште еднаш во вода зависи како сакаш да ги јадеш дали помеки или појаки така ќе ги вариш повеќе или помалки баш сега ги вари мајками нашите :D И да ќе заборавев на крај се пропржуваат со црвен пипер сол или вегета по желба и на крај стави ги во рерна да се потпечат едно 10 минути да видиш какви се после за јадење .
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Стави оцет во првата вода додека ги вариш. Смени неколку води при варењето. Во последната можеш да додадеш разни зачини, по вкус.
Сварени се вадат од куќарката, се сече стопалото.

Омилен рецепт: пропржени со лукче ;)
 
Конкретно кој дел од полжавот го нарекувате стопало ? Оној дел со кој се влече по земја ?
Ете така, попосно малку. Доста со тоа чварките и бејконот!
Искрено да ти кажам бидејќи полжавот има посно месо, а ние како балканци не сме навикнати на такви посни меса мислевме на крај полжавите наместо во зејтин во свинска маст да ги пропржиме за шмек и вкус . :pos:
 
Последно уредено од модератор:
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Конкретно кој дел од полжавот го нарекувате стопало ? Оној дел со кој се влече по земја ?
Искрено да ти кажам бидејќи полжавот има посно месо, а ние како балканци не сме навикнати на такви посни меса мислевме на крај полжавите наместо во зејтин во свинска маст да ги пропржиме за шмек и вкус . :pos:
Да тоа е стапало кафеавото што се влечи полжавот по земја .
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Вака дечки, ми треба помош околу спремање и готвење на полжави. Вчера ми донесоа неколку килограми живи полжави . Бидејќи претходно дома не сме готвеле мекотелци во куќарка, а сакаме да пробаме, ќе може ли некој поискусен гурман и познавач на овој деликатес да каже како треба правилно да се спремат . Благодарам :)
Еднаш бев на ручек кај вујко ми..Демек он во Италија живее,па знае како се прават,ова-она..Ги направи некако што ги направи,со варење во вода,со чистење..Каснав 4-5 залци,гледав повеќе леб да има него полжави..Само што си дојдов дома ме стегна стомак..Неможев од WC да излезам 40-тина минути,и стомакот ме болеше и лошо ми беше..Е тоа е мое искуство со полжави..
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
потпржени со црвена пипер и малку сол :love:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Барав на гугл рецепти и чистење на полжави и ми излезе муабетов од пред 6 години :)
Тој дел се јаде другото се фрла .
Значи главата и антените не се јадат?
(Не јадам јас полжави, ама дома насобраа прееска, и решиле да ги готват, а никој не знае како :D
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Барав на гугл рецепти и чистење на полжави и ми излезе муабетов од пред 6 години :)

Значи главата и антените не се јадат?
(Не јадам јас полжави, ама дома насобраа прееска, и решиле да ги готват, а никој не знае како :D
Не не целото стапало се јаде соси глава и антении не се јаде тоа што е внстре како црева.

Sent from my MI 9 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom