Поголема плата: Мотивација или опуштање?

Поголема плата...


  • Вкупно гласачи
    60
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Зависи кој на кое работно место се наоѓа. Еве, јас сум длабоко убеден дека основна плата од 3000+ евра (и некои дополнителни бонуси, дневници и сл.) и тоа како би ги мотивирало нашите пратеници (и други корисни државни службеници кои макотрпно се обидуваат да направат нешто од овој неблагодарен народ) уште поактивно да се ангажираат околу својата работа и што почесто да присуствуваат на сите оние мачни и напорни седници, комисии и тела, независно од кој далечен крај на нашата држава доаѓаат (колку поголема далечина, толку поголема мотивираност) .
Од друга страна, онаа бедна и неспособна раја, заглавена по разно разни текстилни погони, продавници, тезги и слични оправдувања за работа, колку и да биде платена, јасно е дека не ја бива, пошто и онака го дава својот максимум за 150-200 евра. Тука очигледно нема простор за корекции, а да не зборуваме за мотивација.
Оние што се меѓу овие две категории реагираат на различни мотивациони дразби. Обично се смета дека притисокот, стравот, разните закани и постојаниот стрес се најголем поттик и дека така се добиваат најдобри резултати. Очигледно е дека на овој проблем кај нас не доволно сработено, но во иднина секако се очекуваат поголеми поттикнувања. Кај овој дел од нашата работна популација поголемата плата може да направи само проблеми. Народ со просечна плата не знае што да прави со толку многу пари и неминовно почнува да аздисуе, да се дрогира, да оди по секти, одмори и друго, наместо постојано да мисли на тоа како со својата послушност, работливост, скромност да придонесе државата да забрза на патот по кој е тргната.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom