Поголема плата: Мотивација или опуштање?

Поголема плата...


  • Вкупно гласачи
    60

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.781
Поени од реакции
276
Во светски рамки поголемата плата, бонус и награди се даваат на заслужни вработени за да ги мотивираш и во иднина да работат посветено и да придонесуваат за фирмата.

Но, се чини дека во Македонија реалноста е поинаква: поголемата многу често за гледа како причина за опуштање и забушавање? Бонусот го толкуваат како можност следниот месец да се влезе во опуштена зона и да се забушава со работа.

Точна ли е мојава перцепција?
Кое е вашето мислење на темава?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
6.787
Поени од реакции
4.228
Во светски рамки поголемата плата, бонус и награди се даваат на заслужни вработени за да ги мотивираш и во иднина да работат посветено и да придонесуваат за фирмата.

Но, се чини дека во Македонија реалноста е поинаква: поголемата многу често за гледа како причина за опуштање и забушавање? Бонусот го толкуваат како можност следниот месец да се влезе во опуштена зона и да се забушава со работа.

Точна ли е мојава перцепција?
Кое е вашето мислење на темава?
Платата не е само за труд туку купува и верност.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.406
Поени од реакции
1.338
https://en.wikipedia.org/wiki/Two-factor_theory
Херцберг го има убави објаснето ова преку нефинансиски средства за добивање на мотивација.

Thus, if management wishes to increase satisfaction on the job, it should be concerned with the nature of the work itself — the opportunities it presents for gaining status, assuming responsibility, and for achieving self-realization. If, on the other hand, management wishes to reduce dissatisfaction, then it must focus on the job environment — policies, procedures, supervision, and working conditions. If management is equally concerned with both, then managers must give attention to both sets of job factors.

Two-factor theory distinguishes between:

  • Motivators (e.g. challenging work, recognition for one's achievement, responsibility, opportunity to do something meaningful, involvement in decision making, sense of importance to an organization) that give positive satisfaction, arising from intrinsic conditions of the job itself, such as recognition, achievement, or personal growth, and
  • Hygiene factors (e.g. status, job security, salary, fringe benefits, work conditions, good pay, paid insurance, vacations) that do not give positive satisfaction or lead to higher motivation, though dissatisfaction results from their absence. The term "hygiene" is used in the sense that these are maintenance factors. These are extrinsic to the work itself, and include aspects such as company policies, supervisory practices, or wages/salary. Herzberg often referred to hygiene factors as "KITA" factors, which is an acronym for "kick in the ass", the process of providing incentives or threat of punishment to make someone do something.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.312
Поени од реакции
5.605
Motivacija vo stranstvo, kaj nas opushtanje vo MK.
 
T

Terroir

Гостин
Motivacija vo stranstvo, kaj nas opushtanje vo MK.
Јас би рекол обратно, Во странство може да си дозволат да се опуштат и да кикснат на работа оти знаат дека шансите да ги избркаат се помали поради недостатокот на работна сила, а и да ги избркаат се повеќе комотни оти брзо ќе најдат нова работа додека кај нас е ситуацијатта е сосема поинаква и добро место мора да го чуваш..
 

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
332
Поени од реакции
149
Definitivno motivacija.

Vo stranstvo i onaka se opusteni i zabusavaat posto ima mnogu izmisleni rabotni pozicii kolku da se jade lebot samo. Dodeka kaj nas, vo mnogu fabriki 1 raboti kolku za 3 rabotnici a ne zema plata ni za eden covek (otprilika go racunaat "gazdive" nasi kako pola covek). Toa ne doveduva do zaklucok deka makedonskiot rabotnik ja ceni i toa kako sekoja para sto ja zema, velam para bidejki e daleku od plata i dokolku bi doslo do nekoe pokacuvanje na dosegasnite 100% trud ke dodade barem uste 20% i pobrzo bi umrel figurativno receno otkolku da ne si ja zavrsi rabotata. Zboram za rabotnicite niz drzavata sto se najzastapeni kaj nas.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.287
Поени од реакции
3.209
Замисли за колку плата збориме, и колку ти подразбираш голема плата?!
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.521
Поени од реакции
10.442
Ова прашање е повеќе индивидуално, секој различно го доживува и предимно зависи од карактерот на работникот. Некој би го сфатил како знак за опуштање, друг пак како обврска и мотив да продолжи со исто темпо, дури и подобро, надевајќи се на некои други поволности: унапредување, повторно покачување на платата, бонуси, слободни денови и.т.н

Во продолжение, многу битно е на кој начин ќе се изврши покачувањето на платата, од тоа ќе зависи и степенот на сатисфакција. Пример ако се работи за колективно покачување на плата сатифакцијата од тоа е пониска а со тоа и мотивацискиот ефект помал. Зошто? Затоа што секоја личност тежнее кон индивидуални признанија кои што ќе ги истакнат нејзините квалитети во групата. Понекогаш и пофалба е добра мотивација за работа. Секој човек тежнее кон признанија од околината.

Колективните признанија, т.е колективното покачување на платата го нема истиот ефект затоа што целата група се поставува на исто рамниште. Со тоа се губи мотивот за натпревар и докажување. Се губат компетитивните својства на колективот, затоа што на тој начин се праќа порака дека сите се еднакви, и тој што вложил помалку труд добива иста награда како оној што вложил повеќе. На овој начин наградата може да има контра ефект и да делува демотивирачки. На овој начин се урива натпреварувачкиот дух, конкурентноста во работната средина а со тоа и степенот на продуктивност.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.647
Поени од реакции
1.979
Платата ти е материјален надомест оценет според вешините што ги поседуваш на пазарот на трудот. Според мене не е ниту едно ниту друго, не те плаќаат според тоа колку напорно и тешко работиш, те плаќаат според тоа колку тешко можат да те заменат.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Кога нема да постои минимална плата ке дојдат работите на место.Секој ке се вреднува според квалитет на образование и искуство.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
13.915
Поени од реакции
23.404
..не гласав оти нема трета опција, овие две не ми се соодветни,
не знам каде видовте (па дури на запад) да се даде повисока плата за мотивација? дотичниот вработен веќе е докажан со верност, работливост, способност, па му се зголемува платата за да биде уште повеќе мотивиран и да биде задржан како добар „капитал“, но никој од мирно седење не ти ја покачуваат платата за да те мотивира? е како да не...само ако си ќерка или син на работодавачот, можи! :)
те плаќаат според тоа колку тешко можат да те заменат.
... апсолутно точно! (y)
 
Последно уредено:
Член од
10 април 2018
Мислења
2.252
Поени од реакции
2.545
Штом ти ја покачил платата тоа значи дека шефот ептен те сака. А штом шефот те сака тогаш нема што да се грижиш, може слободно да се опуштиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom