Повторно Нагорно Карабах ?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.572
Поени од реакции
26.094
@jamajka Прочитај ја од Бжежински. „The grand cheeseboard „ од 1997 е книгава. После распадот на СССР какво поле на игра им се отвара на САД после студената војна и уништивање на тој вакум од пријателски земји во Источна Европа од поглед на Русија и ексСССР. Типов колку и да не го сакам мора да му се почитува делото. Годиништа во врвот на надворешната политика на САД, Мал поглед дава на увертирата на наредните битки што ќе го води САД, не за џабе кај нив се знаат националните интереси и кај треба да играат. За жал пример Руската полтика за тој кавакзен регион Мала Азија е лош, дури не постои литература од која ќе прочиташ нешто полезно за тоа кои се нивните интереси. Отсутство на тинктенкови и различни невладини организации преку кои би дејствувале Русите.
Немам баш време за книги наредниов период. Но види, ликови попут Бжежински и Кисинџер, направија добра база врз која САД сеуште жнее плодови. Но види го капацитетот на тие што треба да бидат еквивалентни на овие ликови во последните 20 години. Тоа е иднината на САД. А види ги ликовите кои денеска ја поставуваат основата на Русија. Тоа е иднината на Русија.

Видикот на Бжежински, полека истекува. САД последниве 20 години иде надоле и сама во однос на себе, а уште повеќе во споредба со Кина и Русија. И патеката по која ќе движи во следните години ќе биде надолна.

Во 90тите сите Македонци го сонуваа Американскиот сон, денеска, повеќето го плукаат.
 
Последно уредено:

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
само мене ли ова ми изгледа како услуга за Русија?
Ако Путин прати стратешки бомбардери во Азербејџан, ја рокне само нафтената инфраструктура, цената ќе расте, Европа ќе замрзне. Путин има и легално право овој пат.
Можеби грешам, но прав пенал ми изгледа....
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.208
Поени од реакции
35.775

Турчинот ќе се налути и може да ја ескалира состојбата и да се вмеша во конфликтот.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.284
Поени од реакции
29.758

Премногу лесно, а како и вообичаено кога нешто изгледа лесно достапно обично има нешто скриено во позадина.

Кои се можните позадини?
- Турција самостојно да делува без САД, можно е, но тогаш Турците секако разбираат дека на Русија не е им требаат многу ресурси за оддалеку да го елминираат Азер како закана (сепак се релативно мала држава, во однос на релевантниве моменти), не гледам добивка ни за Турција а посебно не за Азер кој овде има најмногу да изгуби
- САД да е позади ова, и во соработка со Турција да ги местат РФ во нова војна каде има и некој скриен адут на нивна страна

Мислам дека затоа умерено реагираат и одолговлекуваат, не знаат што се случува. Пошто тој Пашанјан дефинитивно е продаден, прашањето е само чија игра ја игра и што е ендгејмот во овој театер. Лошото за Русија е што очигледно реагираат наместо да бидат проактивни, затечени се во ситуацијава.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.905
Поени од реакции
1.750
Турчинот ќе се налути и може да ја ескалира состојбата и да се вмеша во конфликтот.
Султанот неколку пати им запрети на Ерменците кои во овај момент немаат избор освен да ги приберат сите ерменци од нагорно /карабах над 150 000 и да го заборават Нагорно.
Како и сите православни и нив ги красит НЕСЛОГАТА.Ерменците имаа доволно време 30г чекор по чекор да си се препремат за ова што им се случува, изгледа и тие се лоши ученици и неа научија лекцијата,сега оставени на милост и немилост.Искрено жал ми е за нив, ама кој со Русин /Батјушка тикви садит ...
 
Викаш нема врска со Претседникот на Ерменците им е соросов кадар кој со години (документирано) игра по америчка свирка? Навистина лоши тие Русите, што не идат против свои интереси заради мамлази кои исполнуваат амерички интереси и од нив за награда биваат жртвувани во првиот погоден момент.

Туку ако сакаш пример за соработка со РФ, погледај во Сирија. После деценија и повеќе САД/НАТО не успеваат да ги покорат. „Асад мора да падне“ кажуваа ПОТУС-и уште пред 3-4 мандати, ама Асад уште е на власт и не е изгледно дека тоа наскоро ќе се смени. Еден Гадафи кој беше на чело на многу помоќна држава падна без таква поддршка.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Турчинот ќе се налути и може да ја ескалира состојбата и да се вмеша во конфликтот.
ако само од воздух им ја осакатат златната кокошка, нафтената индустрија, што ќе се меша Ердо? против кого ќе војува?ќе урива руски бомбардери?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.208
Поени од реакции
35.775
ако само од воздух им ја осакатат златната кокошка, нафтената индустрија, што ќе се меша Ердо? против кого ќе војува?ќе урива руски бомбардери?
Нема воено да се конфронтира со Русија ама има повеќе опции во игра. Една опција, за возврат да земе сериозно да ја вооружува Украина со тенкови, оклопни возила, артилерија, крстосувачки проектили со долг дострел и слично. Имаат Турците сериозен арсенал на располагање. Може да го затвори Босфор за комерцијални руски пловила. Може и воено да интервенира во Ерменија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.284
Поени од реакции
29.758
До директна војна Русија Турција нема дојде, освен некако ако намирисаат дека Русија е пред пораз (и дека нема да употребат нуклеарки). Од друга страна ситуација во која ерменска артилерија би го бомбадирала азерскиот гасовод, и замрзнат конфликт каде Азер се држи во заложништво за гасоводот, тоа е скоро идеално за Русија.

Затоа потпишувањето (наводно) на територијални концесии од Пашанјан квислингот, ги мрси руските сметки. Така нема да има конфликт ни замрзнат ни никаков (барем не до некоја следна ситуација кога ќе тргнат на целосно уништување на Ерменија, сега кога видоа дека можат).
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
Ердо бара од Путин гас и нафта со 25% намалена цена, потоа ќе се смират азерите...... стварно лошо што кој стигна ја дразни мечката, ама на крајот ќе стигне цехот кај сите тие
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.742
Поени од реакции
2.665

Кај се овие загрижените за Украина?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.060
Поени од реакции
4.707
Иран неколку пати ги има повторено својот став дека нема да дозволат коридор од Азербејџан до Турција преку Ерменија.
Имајќи предвид дека во 2 наврати Иран ги бомбардираше Американците, воопшто нема да им биди проблем да го бомбардираат и Азербејџан.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.002
Поени од реакции
11.186

Плодно тло се тие земји. Казахстан, Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан, Киргистан. Блиску до Русија, Кина и Иран. После секако Грузија, Ерменија, Азербеџан. Меѓу Русија и Иран.

САД секоја од овие може лесно да ги дестабилизира. Израел го вооружува Азербеџан и се надеваат на ескалација со Иран. Ќе ги фрлат и таму коцките за некоја година.

За Ерменија многу несфатливи нивни потези. Гледам одбивале било каква соработка со Иран на воен план. Се знае по чии насоки. Вака од на мапа, штета што Грузија замина во прегратките на ЈуЕсЕј. Преку Грузија, Русија ќе имаше лесен пристап до Ерменија. Е сега во неможност со Русија, зошто одбиваат помош од Иран. Кхм. Ја продаваат тезата дека ќе им отстапат на Азерите некој дел за “вечен” мир. Секако, секако. После 10 години ќе се почне пак и тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom