Повреди - совети за нивно избегнување

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Не е активна темава, ама ај да си ја пробам среќата.
Прилично активно се бавам со спорт долго време, повеќе години во континуитет. Трчам и планинарам. Два до три пати во неделата кеј со дистанци околу 10км, до 15-6км максимум или планинарски тури по 20-тина километри неколку пати месечно.
Ми варира килажата 2-3 кила, не повеќе.
Во последно време во горната зона на едното стапало ми се јавува минимален локализиран оток со звук и чувство на тетивата како да има зголемено триење. За викендов пројдов една супер тешка планинарска тура со над 2500 метри висинска качување и над 25км должина и немаше ништо од отокот, а вчера истрчав околу 9км со спринтови, скали и тогаш пак ми се појави. Ми се јавува само на трчање. Со кеса мраз за пола саат го снемува. Стварно ми е ова мистерија затоа што ниту сум паднал, ниту лошо згазнал - едноставно е само од себе.
Некој ако имал слично искуство нека пише. Дали да одам да го снимам или да прекинам со активностиве некој период....а не ми се праи пауза пошо ептен ме опушта ова психолошки.
...мое мислење дека треба само да намалиш, никако да прекинеш кога веќе си во некоја кондиција, отокот ти е знак од телото дека се проптоваруваш со експлозивни вежби за кратко време( бркаш некој резултат?) а изгледа нема кој тоа да ти го каже, а самиот не си свесен оти си вљубеник на тоа што го правиш...

никогаш немој да ставаш директно мраз на отокот туку ладни облози, може да дојде до спротивен ефект и да направиш некоја руптура или воспаление, остај тоа спортистите што стават мраз под принуда да го завршат натпреварувањето и тоа спортски лекари знаат како и колку...

инаку доколку мислиш дека таму каде ти се појавува отокот ти е слаба точка при спортско форсирање можеш предходно да го бандажираш со еластичен завој или евентуално еластична ортопедска чорапа зависи во кој дел ти се појавува отокот најчесто кај тркачите се овие места ...

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не е на ниедно од овие три места. Горе, кон внатре. Добро, у таа зона е.

Не бркам резултати, едноставно таков чоек сум. Кога не сум во форма овие дози да ги практикувам ме фаќа нервоза и као дрога ми е.

Стегачи не користам принципиелно. Тие ја заменуваат и ослабуваат функцијата на лигаментите и ќе станам зависен од нив. Не ми треба тоа.

Може и дека возев периодов, околу 2000км, шетав, пешачев па не сум ја одморил убаво...ај ќе паузирам, нема што. Ќе јадам трици на форумов.
 
...кај тебе средина нема? или ќе претеруваш или ќе мируваш? пак грешиш...по толкав напор нагло ќе прекинеш? не знам, но грешиш во твојата кондиција...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Бијонсеј, бруцош си?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...што има врска има тоа ал сум доктор науке или бруцош со твојот стил на спортување, секој тренинг се почнува постепно, се форсира и постепено се прекинува, наглото прекинување со спортските активности се случува само при спортска повреда со акцент на хирушка интервенција ...све друго е неоправдано и оптовар на телото што придонесува за дисбаланс на метаболизмот што повлекува други здравствени проблеми... :rolleyes:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
под знак прашалник дали @bijons воопшто е некако поврзана со медицина (освен гугл серч) :D....
така што најдобро да се консултираш со доктор
... стави уште два прашалници од мене :pos: фрај...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
под знак прашалник дали @bijons воопшто е некако поврзана со медицина (освен гугл серч) :D....
така што најдобро да се консултираш со доктор
Праев обратно од нејзините совети и ок си испадна :D
Шала на страна, со одмор и не ми се појавува тоа чудо веќе.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Дечки некаде отприлика во мај-јуни минатата година, ми се појави мало тврдо топче во зглобот на десната рака во пределот под палецот. Не памтам точно колку време ми стоеше, беше ептен тврдо како зрнце ама не осеќав никаква болка. Некој ми кажа дека било поврзано нешто со тетивата, некоја течност истекла па се згрутчила, бла бла, битно после некое време топчето како да се раствори, се изгуби и на тоа место ми остана како меко перниче, оток, како да е полно со некоја течност.
Откако се случи ова одреден период имав болка на тоа место и зглобот го имобилизирав колку што можев. После некое време болката се изгуби и продолжив да си функционирам најнормално.
Но, и до ден денес на тоа место отокот си стои и секогаш кога вежбам или го користам зглобот како да се пумпа и се зголемува, а при стисок или вежбање на пример бицепс со права шипка пак малку ме заболува.

Постирам и слики како изгледа после правење на склекови (левата рака е за споредба). Обично не е толку подуено, но како што кажав при секоја поинтензивна употреба на зглобот се случува тоа.

IMG_20180306_182916.jpg IMG_20180306_18304034.jpg

Дали некој знае што повреда е ова и дали треба нешто да превземам во смисла преглед на доктор и слично?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
386

Прегледај го приврзокот 186752 Прегледај го приврзокот 186753

Дали некој знае што повреда е ова и дали треба нешто да превземам во смисла преглед на доктор и слично?
Ganglion Cysts ништо страшно :)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615

Масно ткиво? Не е страшно, моеш и да го извадиш со брз хируршки зафат ако ти се матка по болници за тоа.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Уфф каква глупост (n).
Cпоред ова што го прочитав веројатно е тоа ganglion cyst, ќе го оставам сега за сега па ќе видам понатака. Ми удри во глава дека може нешто тетивата да ја сјебам lol :D
 
StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Темава гледам не е активна и добро е да остане така сите да избегнуваме повреди ама имам едно прашање.

Вежбав грб во теретана и на последната вежба осетив болка во грбот или на сликата се работи во жолтиот обоен дел. Поточно под десната плешка меѓу плешката и рбетот. Ко местото излади имав проблем со вртење и кревање на раката. Чаре освен мирување?

8-things-to-never-do-on-back-day-11.jpg
 
Член од
17 март 2019
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво, пред една недела ги истегнував мускулите на нозете, се обидував да направам шпага и во задниот дел на надколеницата осетив моментална не многу силна болка и звук сличен на крцкање прсти. Сега не чувствувам болки при движење и можам нормално да ги изведувам сите движења, единствено чувствувам мала болка кога ги стегам мускулите од задниот дел. Дали има некој со ваков проблем да сподели искуство? Се надевам не е ништо сериозно ама сепак се плашам да не сум скинал некој мускул.
 
Немам скинато мускул, ама мислам дека доколку беше тоа случај ќе осетеше многу јака болка и немаше да можеш да стоиш, а не па да изведуваш движења. Мое мислење е дека треба малку да ја одмориш ногата и да чекаш болката да ти се намали.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom