Повреди на колена, совети, прашања..

  • Креатор на темата ФорцаМилан
  • Време на започнување
Член од
8 јануари 2012
Мислења
13.228
Поени од реакции
33.968
Е вака резултатите у рака и тркни си до Ре-Медика (автокоманда) и барај го др.Илиев,ќе ти каже што како и ќе те среди ако има потреба од зафат.

Доколку зафатот е артроскопија тогаш немај гајле,40тина минути работа,2 мали ситни дупченца скоро неприметни и тоа е тоа.

Мака си мачам и ден денес со коленото јас,преку 5-6 пати пункции ми правеа и што ти уште не....капак на се артроскопија+уште еден зафат оддеднаш.

Во иднина само вежби,биди внимателна и најважното од се е да одбереш асален доктор,колено е многу чувствителна и болна работа,една грешка може да смени многу нешта.
 
Член од
15 април 2007
Мислења
27
Поени од реакции
0
За suchabitch:
Цената на маг.резонанца ти е прескапа - 15,000 денари. Распрашај се во ремедика, мегамед, неуромедика и други фирми кај што прават МР. Јас од Гевгелија сум, бев во Струмица во една фирма Неуромед плус и платив 7,500 денари, а резултати за пола саат. Во државната се закажува мислам за околу два месеца.
Инаку, мене скоро ми правија артроскопија кај д-р Џолев, и ич не боли.
Во врска со д-р Боро Илиев, типот е број еден за вакви повреди во МАкедонија, особено кај спортисти, ама Ремедика е најскапа за оваа операција во Македонија (сите опции ги испитав).
После артроскопијата, ти ставаат конци кои на седум дена ги вадат и не ти требаат патерици.
По тоа што си го напишал-а, јас мислам оти треба да ти праат целосна операција на коленото заради лигаментот и тогаш е малку попроблематично закрепнувањето.
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.276
Поени од реакции
1.494
Доколку можеш да бираш, оди кај д-р Зоран Андоновски на Клиника. Мене он ми ја правеше операцијата и стварно човекот се разбира, дури 1 недела после мојата операција имаше цела статија од 2-3 страни во Дневник или Утрински за него и за методот на артроскопија.
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
За suchabitch:
Цената на маг.резонанца ти е прескапа - 15,000 денари. Распрашај се во ремедика, мегамед, неуромедика и други фирми кај што прават МР. Јас од Гевгелија сум, бев во Струмица во една фирма Неуромед плус и платив 7,500 денари, а резултати за пола саат. Во државната се закажува мислам за околу два месеца.
Инаку, мене скоро ми правија артроскопија кај д-р Џолев, и ич не боли.
Во врска со д-р Боро Илиев, типот е број еден за вакви повреди во МАкедонија, особено кај спортисти, ама Ремедика е најскапа за оваа операција во Македонија (сите опции ги испитав).
После артроскопијата, ти ставаат конци кои на седум дена ги вадат и не ти требаат патерици.
По тоа што си го напишал-а, јас мислам оти треба да ти праат целосна операција на коленото заради лигаментот и тогаш е малку попроблематично закрепнувањето.
Скапо беше,да,но веќе ја направив..Резултатите како што спомнав не беа баш најсјајни,има лезија на менискусот,и можна парцијална лезија на преден вкрстен лигамент.Се консултирав со еден доктор,семеен пријател,кој што баш и не беше сигурен дека ќе треба да правам било каква операција.Но,утре имам контрола кај докторот кој ја следи цела ситуација уште од повредата,па тој треба да ги види резултатите од магнетната.Инаку,дури и најстрашните повреди на лигаменти и менискус можат да се поправат со артроскопија,и не разбирам како тоа на две дупчиња со дијаметар од најмногу 1 цм ќе се стават конци..Можеби не сум доволно информирана,но во секој случај не верувам ..
Докторот е инаку од Охридската Специјализирана Болница,кој што искрено да кажам,сето тоа напишано во резултатите од магнетна,веќе ми го имаше кажано,но и тој и јас сакавме да бидеме скроз сигурни,да не трпам болки при дијаностичка артроскопија,која што ни во државните болници не е баш ефтина,без плави картончиња
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 22:12 ---
Е вака резултатите у рака и тркни си до Ре-Медика (автокоманда) и барај го др.Илиев,ќе ти каже што како и ќе те среди ако има потреба од зафат.

Доколку зафатот е артроскопија тогаш немај гајле,40тина минути работа,2 мали ситни дупченца скоро неприметни и тоа е тоа.

Мака си мачам и ден денес со коленото јас,преку 5-6 пати пункции ми правеа и што ти уште не....капак на се артроскопија+уште еден зафат оддеднаш.

Во иднина само вежби,биди внимателна и најважното од се е да одбереш асален доктор,колено е многу чувствителна и болна работа,една грешка може да смени многу нешта.
Ќе се оперирам во Охрид,најверојатно,и да,многу мака имам со коленото,многу заебана работа,посебно за девојка.Докторите се доста искусни,но после артроскопијата,според тоа што го слушав,и немало компликации.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.284
* од велење до праење има доста.....пошто свежа ти е повредата можно е да те наболнува или подотекнува....ако немаш проблем со целосно виткање на коленото,како ни големо отекување,силни болки - коленото скоро сигурно нема потреба од операција,ами чување и помалку збеснување со штикли или слично заради добра и целосна рехабилитација со правење на вежби за квадрицепс по извесно време од повредата

имам повреди на двете колена и досега не ми е правена операција,можеби ја немаат онаа сигурност како здрави,но функционираат прилично добро

кога ќе се отвори коленото никогаш не е исто,башка може да му се случи инфекција после интервенцијата
 
Искрено,се надевам дека докторот утре ќе рече да одам дома,без лонгета,и конечно да почнам да се движам.Не сакам операции,не сакам копање по коленото,кое само по себе во секој случај носи последици,но ако веќе се мора,немам баш и некој избор.Не боли при виткање,ко кога треба да ја свртам ногата на десно,боли.Боли и кога од свиткана треба да ја исправам.Пробав денес да газам,и почувствував мала болка,но ногата ми е страшно несигурна,се мислам дека назад ме враќаше..Чуден осеќај
 
Артроскопија е лесен зафат(има многу покомплицирани и потешки од него секако) па со среќа,успешно опорави се и немај гајле.

Нека ти го средат коленото за да немаш проблеми понатака.
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 22:29 ---
* од велење до праење има доста.....пошто свежа ти е повредата можно е да те наболнува или подотекнува....ако немаш проблем со целосно виткање на коленото,како ни големо отекување,силни болки - коленото скоро сигурно нема потреба од операција,ами чување и помалку збеснување со штикли или слично заради добра и целосна рехабилитација со правење на вежби за квадрицепс по извесно време од повредата

имам повреди на двете колена и досега не ми е правена операција,можеби ја немаат онаа сигурност како здрави,но функционираат прилично добро

кога ќе се отвори коленото никогаш не е исто,башка може да му се случи инфекција после интервенцијата
Исто? Хах никогаш нема да биде исто ама баш никогаш.

Операцијата менува многу но ако се мора тогаш е неизбежна.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.284
Искрено,се надевам дека докторот утре ќе рече да одам дома,без лонгета,и конечно да почнам да се движам.Не сакам операции,не сакам копање по коленото,кое само по себе во секој случај носи последици,но ако веќе се мора,немам баш и некој избор.Не боли при виткање,ко кога треба да ја свртам ногата на десно,боли.Боли и кога од свиткана треба да ја исправам.Пробав денес да газам,и почувствував мала болка,но ногата ми е страшно несигурна,се мислам дека назад ме враќаше..Чуден осеќај
ако нема избегано парче менискус или скинат лигамент верувај дека ќе биде ОК,секако после извесен период........заиграв баскет после година време од последното исчашување на десното колено(негово прво,левото ми е 3 пати исчашувано или иизместувано капачето),фудбал ми се чини нема шанса,но да одам на операција во ваква состојба нема шанса,немам баш доверба во докторите зошто можат во голем процент да ја влошат состојбата

инаку напукнат лигамент колку што знам сам зарастува ако не е целосно прекинат
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
Операцијата менува многу но ако се мора тогаш е неизбежна.
Баш ќе ми недостига моето колено,но така ми треба кога играм фудбал:(
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 22:36 ---
ако нема избегано парче менискус или скинат лигамент верувај дека ќе биде ОК,секако после извесен период........заиграв баскет после година време од последното исчашување на десното колено(негово прво,левото ми е 3 пати исчашувано или иизместувано капачето),фудбал ми се чини нема шанса,но да одам на операција во ваква состојба нема шанса,немам баш доверба во докторите зошто можат во голем процент да ја влошат состојбата

инаку напукнат лигамент колку што знам сам зарастува ако не е целосно прекинат
И мене ми е капачето изместено,дали за тоа треба целосно да се сече коленото?Едвај се помирив со артроскопијава,никако не би се помирила со тоа да ми го сечат коленото,како што имаше некој спомнато..
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.284
* не,никако - капачето го држат лигаменти и при исчашувањето е изместено,исто така од внатрешната страна е обложено од рскавица која при исчашувањето и понатаму може да се троши и рони полека,па потоа полесно да излетува при спортување

види,не ти ја знам точно состојбата,само сакам да помогнам бидејќи сум поминал доста со колената,имам паузирано доста од спортови,но ете сега сум одново способен да играм(нормално не како претходно),без никаков оперативен зафат,ами со мирување,а потоа со соодветни физикални вежби......покрај вежбите кои можеш дома да ги правиш се препорачува исто возење со велосипед и сончање - колку повеќе толку подобро,нормално во безбедни саати
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 22:48 ---
доста имам читано и пребарувано - сега не препорачуваат операција ако тоа не мора да се изведе - скинат лигамент или скршен менискус

добро видео со основни вежби при зацелување на коленото и квадрицепсот после повреда на коленото......напомена никако оптоварување со товар,доволно е тежината на самата нога,процесот е бавен но успешен

Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
* не,никако - капачето го држат лигаменти и при исчашувањето е изместено,исто така од внатрешната страна е обложено од рскавица која при исчашувањето и понатаму може да се троши и рони полека,па потоа полесно да излетува при спортување

види,не ти ја знам точно состојбата,само сакам да помогнам бидејќи сум поминал доста со колената,имам паузирано доста од спортови,но ете сега сум одново способен да играм(нормално не како претходно),без никаков оперативен зафат,ами со мирување,а потоа со соодветни физикални вежби......покрај вежбите кои можеш дома да ги правиш се препорачува исто возење со велосипед и сончање - колку повеќе толку подобро,нормално во безбедни саати[/quotе]
Ни јас не си ја знам точно.Во тие наодите се е латински,не ги разбирам баш.Ќе ја напишам целата дијагноза,и ако разбереш нешто,пиши
''Не се пратат убедливи М.Р знаци за свежа траума на прикажаниот скелет на коленото.Колатералните лигаменти М.Р уредни. и припоите на квадрицепс тетивата и лигматенум пателе.Нејасно пратење на преден вкрстен лигамент во проксимална третина,не е исклучена парцијална лезија на истиот.Нагласена течност во феморопателарните рецесуси,повеќе во латералниот сп сублуксација на пателата кон латерално.Зглобни површини М.Р уредни.Мала долгнавеста отеосклеротична зона на дистална метафиза на фемурот од антеромедијална страна,инсула компакта.Променет сигнал на латерален менискус,понагласено на корпусот,лезија на истиот.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.284
не сум стручно лице,колку што читам од извештајот станува збор за можно напукнување на вкрстените лигаменти и сигурно станува за повреден менискус кој не верувам да е до толку зошто мислам дека рече дека немаш проблеми со виткањето на коленото(целосно),нема крцкање,кочење,болки при слободно виткање,пошто свежа е повредата и не можеш да трчаш и спортуваш сега...........консултација со повеќе доктори,како и со паталци,а не гаталци или профитери на нечие здравје
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
13.228
Поени од реакции
33.968
Баш ќе ми недостига моето колено,но така ми треба кога играм фудбал:(
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 22:36 ---
И мене ми беше од фудбал па еве 4 години како не сум пипнал топка,здравјето е на прво место.
И мене ми е капачето изместено,дали за тоа треба целосно да се сече коленото?Едвај се помирив со артроскопијава,никако не би се помирила со тоа да ми го сечат коленото,како што имаше некој спомнато..
Чекај вака ти рече дека ќе одиш на артроскопија а тоа се обични 2 дупченца,скоро и неприменти.

Мене пример ми го расекоа цело колено и ми го поместуваше убаво мускулот за да ми биде постабилно и за да не бега повеќе чашката + артроскопијата каде што ги среди сите проблеми внатре и ми кажа дека немам проблеми со рскавицата т.е не е оштетена.

Моја препорака ти е пред операцијата периодот што ти е да не гледаш слики од колена,клипови од операции и слично. Само ќе си напраиш да ти е потешко,јас ништо не гледав,малце ме фати страв кога ме внесоа во операционата сала ама нема назад тогаш анестезијата ме заспа за неколку секунди.

После тоа ќе следи опоравување,коленото ќе те боли неколку дена после операцијата и тоа е нормално и не може никако да се тргне таа болка,ќе мораш да ја истрпиш. После физикална и вежбички и ќе си носиш стиклички повторно,без гајле :D

Гледај си филмчиња,слушај музика и уживај,тоа е тоа. Ќе помине.
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
Ficho7 Me интересира,дали ако артроскопијата ја правам,да речеме следната недела,има шанси до 1 јули да можам да се движам воопшто,или ќе треба да мирувам и после тоа ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom