http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112614Четворица македонски војници се лесно повредени (со гребнатини на лицето) денеска при самоубиствен напад со автомобил бомба, пред главниот влез на главната команда на ИСАФ во Кабул.
Ова го соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија и додаде дека на припадниците на АРМ во Авганистан веднаш им е укажана лекарска помош и поради добрата здравствена состојба, тие се вратени на извршување на редовните задачи.
Војниците се повредени за време на извршување на редовните задачи во Кабул во нападот на самоубиецот што се случил во 08.40 часот по локално време.
Според последните официјални податоци добиени од најстариот национален претставник на АРМ во мисијата ИСАФ, се работи за експлозија на бомбаш-самоубиец во автомобил-бомба, во кое се проценува дека имало околу 300 килограми експлозив.
Главната команда на ИСАФ во Кабул, ја обезбедуваат 148 припадници на АРМ кои се од составот на 2. механизирана пешадиска чета, а вкупно во оваа мисија се распоредени 164 припадници на АРМ.
Благодарение на жестоката сојузничка офанзива која ке стави крај на талибанците и тешки загуби и бла бла бла....Штабот ке ви го разнесат бре НАТО!!!