Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.211
Конечно добри вести за сиромасите
https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/povrat-na-ddv-preku-aplikacija-test-na-sistemot-vo-maj-i-juni-od-1-juli

бројките како што знаеме се утнати, ама сега вовеле и некаква апликација со која ќе се сликале сметките,

ама прашањето е како тие што немаат паметен телефон ќе ја сликаат сметката
и како постарите лица кој не се разбираат во технологијата ќе ги закачуваат сликите, знам дека ќе кажете, па некој ќе и помогне, што ако нема кој да му помогне, сигурно нема некој комшија да се замара да слика 100 тина фискални на месечно ниво.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.120

Ам ај ак не во плико да ги праќаме.

QR код би била најдобра изведба. А сигурно нема да биде само со сликање, би требало да може да се впише и сериски број од сметката (ако воопшто постои).

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Фајнанс тинк: Поврат на ДДВ само за најбогатите
https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/fajnans-tink-povrat-na-ddv-samo-za-najbogatite

Да, баш онака како што пресметавме, сиромасите од 30-те илјади ќе видат само :kuracc:.
Поврат на ДДВ е даночно ослободување во пракса, а тој што плаќа повеќе данок би требало да добие повеќе како апсолутна сума. Додуше се зборуваше за некои лимити и не на секоја стока и услуга. Вика нема на "луксузни" работи ДДВ ослободување....што и да значи тоа. Така да најверојатно не е точен графикот. Во основа се политичка хајка по тие што допринесуваат највеќе за економијата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Конечно добри вести за сиромасите
https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/povrat-na-ddv-preku-aplikacija-test-na-sistemot-vo-maj-i-juni-od-1-juli

бројките како што знаеме се утнати, ама сега вовеле и некаква апликација со која ќе се сликале сметките,

ама прашањето е како тие што немаат паметен телефон ќе ја сликаат сметката
и како постарите лица кој не се разбираат во технологијата ќе ги закачуваат сликите, знам дека ќе кажете, па некој ќе и помогне, што ако нема кој да му помогне, сигурно нема некој комшија да се замара да слика 100 тина фискални на месечно ниво.
И како што поголемиот дел земаат дел од парите на рака ќе испадне зел на крај на месец 12 000 денари плата, а потрошил 30 000 денари, да го убиеш не знае од каде му се тие 18 000.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
И како што поголемиот дел земаат дел од парите на рака ќе испадне зел на крај на месец 12 000 денари плата, а потрошил 30 000 денари, да го убиеш не знае од каде му се тие 18 000.
е па УЈП одма ќе се ангажира да дознае. одма ќе испитаат кој колку троши и од каде му се парите. па ако треба и по некоја казна ќе подели.
повраток на ддв, ама уствари олеснување на работата на УЈП.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
е па УЈП одма ќе се ангажира да дознае. одма ќе испитаат кој колку троши и од каде му се парите. па ако треба и по некоја казна ќе подели.
повраток на ддв, ама уствари олеснување на работата на УЈП.
Исто како фирмите што си бараат поврат на ддв, ќе побараш ама затоа ќе ти кисне различна инспекција секој месец по неколку пати и ќе ти земат 10 пати повеќе од тоа што ти вратиле.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
е па УЈП одма ќе се ангажира да дознае. одма ќе испитаат кој колку троши и од каде му се парите. па ако треба и по некоја казна ќе подели.
повраток на ддв, ама уствари олеснување на работата на УЈП.
Сами свои инспектори и тастари. Почнува време на кодошлук...додуше со ФБ не им треба ни УДБА ни дбк ни кодошлук секој сам се пријавува.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.211
Ам ај ак не во плико да ги праќаме.

QR код би била најдобра изведба. А сигурно нема да биде само со сликање, би требало да може да се впише и сериски број од сметката (ако воопшто постои).

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
Ја мислам дека е најдобро да има да се внесе серискиот број и времето, не мора никакво сликање,
но пак прашувам, што со оние што немаат како да ја сликаат сметката и што со оние што не се разбираат од технологија, а нема кој да им помогне, нормално нив кој ги е*е.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Abe abdali nizaedni se......kolku lugje ke im trebaat da gi knižat tie smetki
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска го најавија стартот на проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните од 1 јули, а првата исплата на нивните трансакциски сметки ќе биде во декември. Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари, односно најбогатите тука ќе бидат ограничени.

„Важно е дека оваа мерка ќе биде еднаква за сите, односно ќе има лимит за богатите. Секој може да си направи математичка пресметка. Секој ќе добие 27 денари на платена сметка од 1.000 денари.Тоа се 15 отсто од платен ДДВ од 18 отсто на фискална сметка. Проценките се дека даночната евазија е 30 отсто, сега ќе биде помала. Исплатата е дури во декември за да ги тргнеме сите недостатоци кои би се појавиле, иако верувам дека системот е многу добро поставен. Најдобро е секој да си има своја евиденција, но доколку некој не може да се снајде со сметките, може да му ги дава на роднина или друг близок и да побара помош од него. Важно е да не се остави простор на сивата економија, која реално прави огромни штети. Нашите пресметки се дека кај граѓаните на овој начин ќе се вратат 50 милиони евра според нашата проекција на буџетот. Овое средства ќе бидат силна мотивација за граѓаните, бидејќи знаат дека со овие дополнителни средства ќе решат одредено буџетско прашање, како напривен снабдување со огрев за грејната сезона“, рече премиерот Заев.

Тевдовски рече дека фискалните сметки треба да бидат скенирани со мобилните телефони најдоцна до 10 дена од издавањето на дискалната сметка. Фискалната сметка која ќе се скенира со апликацијата од мобилчниот телефон може да биде најголема до 30.000 денари.

„Услов е секој да има трансакциска сметка на свое име ако сака лично да ги добие парите. Скенирањето треба да се направи најмногу 10 дена од издавањето на сметката. За ранливите групи има и алтернативни начини. Апликацијата ќе важи за сите граќани над 15 години. Доколку граѓаните немаат можност сами, од еден мобилен може да се користат повеќе профили, затоа обратете се кај најблиските. Во декември 2019 ќе биде првата исплата парите на сметките. Најмногу 28.800 денари годишно ќе може да добие четиричлено домаќинство. Тоа е ограничувањето. Односно еден до двата проценти најбогати нема да бидат неограничени. Апликацијата самата веднаш покажува дека сметката е прифатена. Ова важи само за граѓани, а не за претпријатија кои работат со фактури и сметкопотврди“, истакна Тевдовски.

Лукаревска наведе дека системот е подготвен и дека апликацијата е едноставна и лесна за користење.

„Изминатиот период тим на врвни професионалци работеше на проектот. Прв е од ваков вид на Балканот. Динамичниот начин на живеење наложува ефикасен начин на користење на времето, затоа начинот е брз и едноставен. Претпополнетата даночна пријава се покажа како успешен проект, затоа веруваме дека и овој ќе биде таков. Од 1 јули фискалните сметки нема да бидат парче хартија. Апликацијата „Мој ДДВ“ скенира само валидни сметки со скенирање на бар-кодот, незаконските нема да ги препознае. Затоа веруваме дека граѓаните ќе станат партнери во борбата со сивата економија и ќе бидат инспектори на еден начин. Постарите ќе може да побараат да бидат регистрирани од нивните најблиски, од помладите роднини. Апликацијата е направена така што же има и извештај да може да се види колку пари ќе му бидат вратени на пример во декември при првата исплата“, рече Лукаревска.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
а ние што немаме такви модерни мобилни и интернет во пакетот?
И колку персони во Македонија прават годишен промет од 1 и нешто милиони денари, со еднократни сметки до 30.000 денари?
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.541
Дечки, ајде кратки прашања и кратко одговори:

- дали тоа значи дека од први јули треба со телефон да си ги сликаме фискалните сметки? Дали треба истите да ги чуваме дома?
- дали има одреден износ, пример ако ми е сметката 150 денари?
- Дали може и на моите дома што пазареле и ноивните фискални да ги сликнам и се на моја трансакциска да оди?
- треба ли некаде да се пријавиме и на што да сликаме?
 
- Да 10 дена е рок од издавање до сликање и испраќање
-нема минимален износ, максимален е 30.000 од сметка
- Може ама најпаметно е да им отвориш нивен профил и на нивен профил и сметка да стига повратот за да не рече УЈП имаш приход 10.000 а трошиш 100.000.
-Се приајвуваш и ги испраќаш на апликација на Пеј и Епл Стор.
За детали види
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
за 150 денари не вреди ни струја да трошиш за мобилниот, посебно ако е за храна со 5%. На 18% е 4 денари, на 5% е 1.1 денар. Општонародно весеље
 
Kajgana Shop

На врв Bottom