Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
А за Бугарите не пиша колку не оданочуваа за време на ратот кога беше во 42 година. Ама бугарските фашисти пак помалце харач собираа од нашиве денес ... (n)
За евреите било 20% еднократно. За останатите мислам дека биле 3 % не знам точно, пошто за време на војна и окупација други правила важат.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
но мене ова ми звучи глупаво. Ќе ти земаат 18%, па потоа ќе ти вратат. Зошто да враќаат, подобро нека не земаат.
Не е глупаво, ќе си бараш фискална затоа што ќе сакаш да си ги повратиш парите. А со поголем број побарани фискални се намалува даночната евазија.

А тоа дека по пазарите немало фискални и на овој начин ќе се стимулирале граѓаните да не купуваат по пазарите е уште поглупо.
Јас живеам до Зелен Пазар и се дружам со пазарџиите и знам дека се гола сиромаштија. Дневниот промет на една тезга за зеленчик е просечно 2-3 илјади денари од што 20-30% е разлика во цена.
Сите пазаџии продаваат на пазар од немај-каде и да имаа можност да најдат работа, никој од нив не би продавал на пазар. Но нашиве политичари, најлесно им е нив да ги обвинат.
Пазарџиите се исклучени од фискализација (барем за сега).
Луѓето ќе продолжат да си купуваат зарзавати на пазар не ја гледам улогата на ДДВ-то тука.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
А со поголем број побарани фискални се намалува даночната евазија.
Искрено се сомневам дека има „даночна евазија“. Ние сме сиромашни и многу малку купуваме, колку проценти од семејствата имаат за да потрошат повеќе од 300 денари дневно (6 долари )?
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Според математиката ставена на почетокот - годишно околу 20-30 000 денари ќе било вратено по лице/семејство (ова баш не го разбрав)...кој има да потроши околу 1 200 000 денари годишно? И колку има такви во МК?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Според математиката ставена на почетокот - годишно околу 20-30 000 денари ќе било вратено по лице/семејство (ова баш не го разбрав)...кој има да потроши околу 1 200 000 денари годишно? И колку има такви во МК?
Еве ти ја мојата математика, со годишна потрошувачка од 2-300.000 денари ќе можам да очекувам поврат од 5.000 - 8.000 денари.
Можеби не е за да станам газда, ама дефинитивно можам да си платам неколку сметки со овие пари наместо да ги дадам на џабелебарошите.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Еве ти ја мојата математика, со годишна потрошувачка од 2-300.000 денари ќе можам да очекувам поврат од 5.000 - 8.000 денари.
Можеби не е за да станам газда, ама дефинитивно можам да си платам неколку сметки со овие пари наместо да ги дадам на џабелебарошите.
Од каде имаш ти 20 000 денари за трошење месечно? Сам???
Да не испадне "дегустирањето" обратно :D
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Од каде имаш ти 20 000 денари за трошење месечно? Сам???
Да не испадне "дегустирањето" обратно :D
Добро плаќаат јавните куќи бе, им иде бизнисот.

ПС. Уште чекам одговор од тебе
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Добро плаќаат јавните куќи бе, им иде бизнисот.

ПС. Уште чекам одговор од тебе
за што одговор?
Овие нашиве не знаат обично барање за лична карта да пополнат, а не пак да воведат ваков формулар

http://www.irs.gov/pub/irs-prior/f1040--2012.pdf

Ако е за Веро, имаш одговор :)
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Слична е нашата Годишна даночна пријава, ако воопшто си пополнувал таква.

:D ДДВ-04? Поедноставна е 100000000000000 пати. Инаку со сметководител зборуваш и тоа прилично успешен :)
А ако мислиш на ПДД-ГДП, уште поедноставна е
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Со тебе можам да се тегавам до сабајле, ама фактот дека 300 милиони не толку интелегентни американци ја пополнуваат пријавава значи дека не е комплицирана.
Е сега ако тебе ти е комплицирана тогаш тоа кажува не можеш ни со нив да се мериш во IQ.

Инаку со сметководител зборуваш и тоа прилично успешен
Ептен не уплаши со ова, сепак мојата професија е покул :cool:
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Со тебе можам да се тегавам до сабајле, ама фактот дека 300 милиони не толку интелегентни американци ја пополнуваат пријавава значи дека не е комплицирана.
Е сега ако тебе ти е комплицирана тогаш тоа кажува не можеш ни со нив да се мериш во IQ.



Ептен не уплаши со ова, сепак мојата професија е покул :cool:
Секој со свои афинитети...и не ја пополнуваат баш 300 милиони, пола од нив не плаќаат данок на приход. Лесно е да се збори напамет
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Од каде имаш ти 20 000 денари за трошење месечно? Сам???
Да не испадне "дегустирањето" обратно :D
во мкд просек плата е 20-21000 ... ако цела ја трошиш, значи на цела плата потрошена плаќаш 18% ддв ... или не?
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
во мкд просек плата е 20-21000 ... ако цела ја трошиш, значи на цела плата потрошена плаќаш 18% ддв ... или не?
Просек според Завод за статистика може да е 20 000, според реален живот е околу 14 000. Не плаќаш на се 18%, храна и вода е 5%. Поради тоа што голем дел од парите ни одат за храна, излегува дека нема баш да добиеме назад толку колку што броиме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom