Повраток на ДДВ за физички лица (од странство и Македонија)

Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
Доколку има ваква тема на форумов однапред се извинувам но јас не можев да ја најдам. Доколку постои прашањето слободно префрлете го таму.

Дали некој има искуство со поврат на ДДВ од Словенија. Доколку е тоа позитивно дали може да каже кои формулари се потребни да се изведе целата операција. Благодарам
 
Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
ДДВ или Данок на Додадена Вредност (18% и 5% во Р.М) , тоа е вредност која му се додава на секој производ или услуга а оди директнов во Касата на Р.М

Е сега сите подеднакво ја плакаме со самото наше живеење. Со секој купен производ, со секоја добиена услуга , со секое ало на тел, ние на државата и одвојуваме 18% или 5% во зависност од доброто кое сме го користеле.

Правните Лица имаат за задача еднаш на 3 месеци да ги уплаќаат тие срества стекнати по основ на ДДВ кон државата, но исто така правните лица имаа и право да користат поврат на ДДВ на услугите или добрата кои што ги користеле тие . На пр ( купуба автомобил, точи гориво, купува намирници, хотелску услуги, струја вода и т.н т.е секоја услуга која ја користи Правното лице за истата услуга има можност да побара поврат на ДДВ..

Сега муабето ми беше, дали постои можност истото право поврат на ДДВ да го користат и физичките лица, и дали постои некоја држава во светот каде тоа фунционира . Во дискусијава би сакал да слушнам мислење на стручњаци на оваа тема и луѓе со искуство Благодарам
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Не сум стручњак, ама ќе пробам да одговорам по мое видување на ДДВ-то.

ДДВ се плаќа на секоја стока, услуга итн, и ја плаќа крајниот корисник. Ако ти купиш од продавница производ од 100 денари (со ДДВ), ти го плаќаш ДДВ-то, а сопственикот на фирмата е должен да го уплати на државата. Значи, ти си платил 100 денари, сопственикот од тие земал 82 а и дал на државата 18 денари. (затоа е битно да ти дадат фискална, за да бидеш сигурен дека парите ќе отидат на вистинското место)

Поврат на ДДВ прави фирма која е регистрирана како ДДВ обврзник, (по закон мислам автоматски станува ДДВ обврзник ако прави промет над 3.000.000 ден годишно, а може и доброволно да се пријави ако прави помал промет од 3те милиони). ДДВ обврзник значи дека на секоја услуга или производ продаден, мора да уплатиш ДДВ (тримесечно или годишно зависи во која категорија си). Но исто така значи дека сите услуги кои ти ги плаќаш, или сите производи кои ги купуваш, ти пошто си платил ДДВ, имаш право да бараш поврат на ДДВ. Тоа е привилегијата која ја имаш пошто си ДДВ обврзник. Обично место поврат, фирмите прават пребивање на ДДВ, тоа е кога има и да плати ДДВ и да направи поврат, па пребива од ДДВто и ја плаќа или ја добива разликата.

А физичко лице не може да прави поврат, затоа што како такво не е регистрирано за да биде ДДВ обврзник, (освен ако не се регистрира како Трговец Поединец, или нешто слично) и како краен корисник на работите, мора да плаќа ДДВ.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
Убаво е објаснето во погорниот пост. Не можеш да вршиш уплата и поврат на ДДВ ако не си регистриран како ДДВ обврзник. Уплата на ДДВ се врши месечно, квартално или годишно зависно од обртот и тоа важи само за правни лица, физичкото лице не е ДДВ обврзник и не може да врши ниту уплата ниту поврат на ДДВ. Има и фирми кои остваруваат приходи до 1.300.000 денари и тие исто така не се ДДВ обврзници.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

хммм, физичкото лице Е КРАЕН ПОТРОШУВАЧ..тој го плаќа всушност целиот ДДВ во државата. Правното лице, плаќа фактури према добавувач, кооперант..услуга итн...во која е прикажано ДДВ , тој како ДДВ обврзник го минусира износот ..на платен ДДВ, од износот на ДДВ пресметан во фактурите кои ги емитира према своите коминтенти... Разликата , како обврска, ја уплаќа во периоди кои се соодветни на прометот...најголемите еднаш месечно , најмалите еднаш годишно......Вистинско враќање на ДДВ има само кога производот се извезува...тогаш целиот износ на ДДВ платен по претходни фактури према кооперанти и слично му се враќа на извозникот, на основа на презентирана документација за реализиран извоз...
 
Е добро дефизичкото лице е краен потрошувач и како таков го плаќа целиот ДДВ, но не може да врши поврат на истиот, тоа е поентата. Само правните лица вршат уплата или поврат на ДДВ зависно од тоа какв е односот влез - излез.
 
Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Јас ке дадам сега едно мое искуство кое и ме наведе на отварање на оваа тема, кога бев на гости кај мои роднини во Турција , таму моите роднини буквално секоја фискална сметка ми ја земаа од раце со изговор дека државата им плаќа за нив ( не навлегував подлабоко да дебатирам со нив, пошто бев на одмор и на прво гледање со мои роднини , а не да ја решавам монетарната политика на Турција) ама покасно кога се врќав ми падна ова на памет, дали можеби тие со тоа прават поврат на ДДВ.. Затоа и прашав некои стручни на оваа тема што ги познаваат приликите во другите држави, или конкретно за Турција ако може да каже троа повеќе, како е таму и у другите земји се разбира....
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Можда имаат фирма, па ти ги собираат сметките за да прикажат трошоци за да имаат поврат.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
[
Јас ке дадам сега едно мое искуство кое и ме наведе на отварање на оваа тема, кога бев на гости кај мои роднини во Турција , таму моите роднини буквално секоја фискална сметка ми ја земаа од раце со изговор дека државата им плаќа за нив ( не навлегував подлабоко да дебатирам со нив, пошто бев на одмор и на прво гледање со мои роднини , а не да ја решавам монетарната политика на Турција) ама покасно кога се врќав ми падна ова на памет, дали можеби тие со тоа прават поврат на ДДВ.. Затоа и прашав некои стручни на оваа тема што ги познаваат приликите во другите држави, или конкретно за Турција ако може да каже троа повеќе, како е таму и у другите земји се разбира....
vo Turcija kolku znam ima zakon so koj drzavata na sekoj poedinec mu vrakja DEL od DDV-to, ako prezentira smetki. Celta e sekoj da si ja bara fiskalnata smetka, pa prodavacite sakale nejkele ke ja izdavaat.Kaj nas, nie sme sepak pokulturen narod takov morkov ne bese potreben :)

Inaku vo princip DDV-to e verojatno NAJGOLEMIOT danocen prihod na edna drzava , pumpa za pari...kako sto go vikaat vo Francija i nema logika da se vraka, da ne zborime sto obvrskata e doobro i elegantno smislena i prakticno nema moznost za nekazneta avazija...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343

Слично и во САД, се враќа дел од ДДВ-то, но само за определени стоки или услуги и САМО АКО го докаже тоа со сметка.
Колку што ми е мене познато, на друго место, нема поврат на ДДВ за физички лица.
 
Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Што мислите дали постои ваква можност и во Македонија, за де се подобри издавањето на фискалните сметки, ако знаеме дека Турција во последно време бележи енормен раст на Економијата од мислам 12% годишно, зошто ако не знаеме самите не ги копираме успешните
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас ке дадам сега едно мое искуство кое и ме наведе на отварање на оваа тема, кога бев на гости кај мои роднини во Турција , таму моите роднини буквално секоја фискална сметка ми ја земаа од раце со изговор дека државата им плаќа за нив ( не навлегував подлабоко да дебатирам со нив, пошто бев на одмор и на прво гледање со мои роднини , а не да ја решавам монетарната политика на Турција) ама покасно кога се врќав ми падна ова на памет, дали можеби тие со тоа прават поврат на ДДВ.. Затоа и прашав некои стручни на оваа тема што ги познаваат приликите во другите држави, или конкретно за Турција ако може да каже троа повеќе, како е таму и у другите земји се разбира....
Фискална.

Турција изби на 5то место светска економија.Македонија е во последните со афричките земји.Турција има снага за такви фискални излети да ги контролира правните лица,Македонија нема ни снага ни идеја.За поврат на ддв ти објаснија,тој е фазен данок и само се предава од фаза во фаза (производство) до краен корисник-потрошувач.
Вакви проекти не се новост,во зависност што сака да стимулира државата така ги уклучува.Во Хрватска граѓаните враќаат пластични шишиња и за тоа добиваат некоја куна.За да си ја исчистат земјата од пластика.Ај да видам некој да фрли шише :)
Значи се е можно,освен кај нас.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Vo Makedonija, tradicionalno,kako posledica na genetskiot upliv od turskoto ropstvo , rabotite se resavaat so kamsik i kazna, plus basibozuk koj ja sproveduva taa realizacija.
Poimite POTTIK , MOTIVIRANJE,.... ZAEDNICKO..SORABOTKA i slicno se nezamislivi za mentalniot sklop na ovoj narod...,a sekoj narod si ja iznedruva svojata vlada spored svjata lika i prilika ...ta vladite ne vrnat od neboto!!!
 
Член од
15 септември 2008
Мислења
39
Поени од реакции
0
Нема логика да се враќа ДДВ на физички лица, бидејки физичките лица се тие што го плаќаат ддв то а фирмите само го собираат и на куп и го уплаќаат на државата. Можеби би било добвро еден процент од ддв то да се враќа мислам дека би стимулирало потрошувачите да се бараат сметки
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Фискална.

Турција изби на 5то место светска економија.Македонија е во последните со афричките земји.Турција има снага за такви фискални излети да ги контролира правните лица,Македонија нема ни снага ни идеја.За поврат на ддв ти објаснија,тој е фазен данок и само се предава од фаза во фаза (производство) до краен корисник-потрошувач.
Вакви проекти не се новост,во зависност што сака да стимулира државата така ги уклучува.Во Хрватска граѓаните враќаат пластични шишиња и за тоа добиваат некоја куна.За да си ја исчистат земјата од пластика.Ај да видам некој да фрли шише :)
Значи се е можно,освен кај нас.
Немој така, многумина живеат од рециклирање на пластика. :)))
A добра е идејава за враќање на дел од ддв ако приложиш фискална сметка. Тоа е многу поефикасен метод за стимулирање на даночна дисциплина одколку инспекцијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom