Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Чекајте вие ќе биде.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
Оваа мерка беше донесена со цел намалување на сивата економија.
Јас би прашал само едно, како ќе се намали сивата економија ако една особа која има приходи од пример 20.000 ден. пријави сметки во вредност од пример 40.000.
УЈП треба да има увид во приходите не секој поединец, како резултат на тоа постои и годишна даночна пријава која веќе сами ја изготвуваат. Ако УЈП има податоци дека ти месечно имаш минимална плата од 15.000 за која имаш платено данок на доход, секое прекорачување на оваа вредност треба да биде аларм за сива економија. Секое трошење надвор од она за кое има платено данок е знак на сива економија и треба да биде санкционирано со пријава или вметнато во годишната пријава со плаќање на 10% данок.
Можда е крадец, дилер,препродавач на било што кој не е внесен во системот, можда зема плата на рака, издава објект под кирија, работи на црно и ред други работи и сега ваквиот треба да зема од државата поврат на данок.
А повеќето кои се грижат за тоа колку пари ќе земат поврат се такви.
Колку може некој со минимална плата да добие поврат кога ќе ги плати сите комунални такси, струја, вода, телефон, интернет и ред други.
Јас да сум во УЈП за месец-два сите ќе ве средам, еден по еден на распит да ве видам од кај ви се парите, кривично се одговара иначе за криење на приходи и неплаќање на данок, сите ќе лежите затвор.
Иначе Ал Капоне така го средија американците.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514

Убаво што не си ти.
А поради вакви мозоци ко тебе тргат сиот народ овдека. Под народ мислам на сиромаштијава.
Тој шо дилат сигурно немат да скенират.
А 3ца со минималец од по 15 000 во фамилијата ти се 45 000 месечно ако ги скенира еден. Како јас на пример.
Ако најш ти ваква фамилија со минималец и со вкупно скенирано 180 000 слободно викни ги на распит и кажи ни од кај му се парите.

Еве кога би ме викнал мене ќе ти кажам дека повратот ми е заеднички со моите родители, кои немаат смартфони за да скенираат, а богами и да имаат нема да го прават тоа зошто 600 месечно на едно место е подобро од 3х200. И за тоа УЈП сигурно има приказ.

Единствено нешто што ми сметат во сева ова работа е што на некој места при поголема сметка вработените нарочно губат време со други работи за да избегнат давање на сметката па треба да ги замолиш да ти ја дадат, а ако УЈП или државава сака напредок нека засили контроли така што тоа би му станало навика на сите вработени без разлика дали е трафика или салон за техника. Едноставно заедно со кусурот мора да ти ја даде и сметката во спортивно глоба. Да видиш како ке се научат и работодавците и вработените. А после тоа дали сметакта ќе ја скенирам јас или татко ми, или можеби другар многу малце битно.

Убаво што сакаш да си борец против сива економија, ама од погрешен крај си го кренал бунтот. Реши ги за почеток големите глави кој ни ја вртат целокупната економија на еден прст па после фрли се на народот. Тој ќе е тука после 5, и после 50 години. Нема да се збогати со скенирање на сметки така што ќе почнит бизнис надвор од нашите граници.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049

Може, дека дозволено е еден во семејство да скенира за сите. Можеш и за комшиите ако не скенираат, или за баба и дедо, на пример. Јас на пример скенирам за 4ца возрасни :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Секое трошење надвор од она за кое има платено данок е знак на сива економија и треба да биде санкционирано со пријава или вметнато во годишната пријава со плаќање на 10% данок.
Можда е крадец, дилер,препродавач на било што кој не е внесен во системот, можда зема плата на рака, издава објект под кирија, работи на црно и ред други работи и сега ваквиот треба да зема од државата поврат на данок.
Или можда едноставно ја троши пензијата на дедо му.

Јас да сум во УЈП за месец-два сите ќе ве средам, еден по еден на распит да ве видам од кај ви се парите, кривично се одговара иначе за криење на приходи и неплаќање на данок, сите ќе лежите затвор.
Иначе Ал Капоне така го средија американците.
Со вакво елементарно непознавање најмногу што можеш да бидеш во УЈП е вратар.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
Може, дека дозволено е еден во семејство да скенира за сите. Можеш и за комшиите ако не скенираат, или за баба и дедо, на пример. Јас на пример скенирам за 4ца возрасни :)
Каде пишува дека е дозволено да се скенира за друг.
Секој прави личен акаунт. Се што поминува низ тој акаунт е негова лична карта. Може да се лажеме колку сакаме но на запад ова нема да помине. Онаму кај што функционира системот вакви работи се прават од државата со цел сами да се фатат оние кои имаат непријавени приходи. На запад се форсира плаќање со картичка, само за да се избегне пари во готово кои се најчесто резултат на непријавен приход. Тука ти сакаш да купиш телевизор од 30.000 во готово и потоа да бараш поврат. Дали ти би се сложила овој поврат да биде само за плаќање со картичка, да важат само за фискални кои се платени со картичка, а ти внесувај пари на картичката да те видам. Какви се тоа приказни чичо. стрина, комшии. Оди во германија стај пари на сметка и купувај да те видам. Зошто сите печалбари купуваат имот тука, од страв да ги покажат парите печалени на црно таму.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.807
Поени од реакции
7.185

Камо среќа да беше толку храбар па да бараше одговорност и од системот кој ги троши нашите пари, а ништо не добиваме.

Кога гледаме како ги трошат и крадат, треба да си луд да бараш да се плаќаат даноци.
 
M

Macedon1um

Гостин

Не ја тупи со глупостиве жити се, ако е некој дилер зима големи пари на црно и слично ќе го боли кур за мизерниот поврат на ддв и сигурно нема да си става трн во здрава нога па да скенира. Мерката си е таман (од аспект на владата) бидејки ги таргетира бизнисите а не граѓаните, да нема сива економија кај нив
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Каде пишува дека е дозволено да се скенира за друг.
Секој прави личен акаунт. Се што поминува низ тој акаунт е негова лична карта. Може да се лажеме колку сакаме но на запад ова нема да помине. Онаму кај што функционира системот вакви работи се прават од државата со цел сами да се фатат оние кои имаат непријавени приходи. На запад се форсира плаќање со картичка, само за да се избегне пари во готово кои се најчесто резултат на непријавен приход. Тука ти сакаш да купиш телевизор од 30.000 во готово и потоа да бараш поврат. Дали ти би се сложила овој поврат да биде само за плаќање со картичка, да важат само за фискални кои се платени со картичка, а ти внесувај пари на картичката да те видам. Какви се тоа приказни чичо. стрина, комшии. Оди во германија стај пари на сметка и купувај да те видам. Зошто сите печалбари купуваат имот тука, од страв да ги покажат парите печалени на црно таму.
Во Законот нигде не пишува дека е забрането да се скенираат туѓи сметки. Инаку, зошто ја мешаш приходната страна на физички лица со зголемување плаќање ддв на правни лица, не ми е јасно.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
Камо среќа да беше толку храбар па да бараше одговорност и од системот кој ги троши нашите пари, а ништо не добиваме.

Кога гледаме како ги трошат и крадат, треба да си луд да бараш да се плаќаат даноци.
Не се разбираме, не сум на страна на државата, нормално. И јас имам приходи кои се непријавени, како и секој втор у државата. Но не скенирам за разлика од дотичните бидејќи го сметам како нешто долно, гонење на “ криминалци“ кои не пријавуваат приходи, а работат на ниво на егзистенција, приватен сектор у основа кој ако работи по ПС нема да извади за работниците а не пак за газдата иако многумина не веруваат во тоа, у основа мали бизниси кои едвај преживуваат во ваква корумпирана држава, а малтретирани од државни и локални службеници на кои ова им е разонода, а имаат и една купа приходи од страна, како мито, станови за издавање и ред други работи, кои во основа немаат појма како му е на приватниот сектор, а и да знае гајле му е.
Затоа како што вагата има два таса од страните, треба и ваквите “поштени“ скенирачи да бидат опфатени во сивата економска зона од УЈП. Ако е поштен нема да скенира на “комшијата“ сметките, и на плата од 20.000 да пријавува 100.000 од фискални. Какво поштење е тоа.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Убаво што не си ти.
А поради вакви мозоци ко тебе тргат сиот народ овдека. Под народ мислам на сиромаштијава.
Тој шо дилат сигурно немат да скенират.
А 3ца со минималец од по 15 000 во фамилијата ти се 45 000 месечно ако ги скенира еден. Како јас на пример.
Ако најш ти ваква фамилија со минималец и со вкупно скенирано 180 000 слободно викни ги на распит и кажи ни од кај му се парите.

Еве кога би ме викнал мене ќе ти кажам дека повратот ми е заеднички со моите родители, кои немаат смартфони за да скенираат, а богами и да имаат нема да го прават тоа зошто 600 месечно на едно место е подобро од 3х200. И за тоа УЈП сигурно има приказ.

Единствено нешто што ми сметат во сева ова работа е што на некој места при поголема сметка вработените нарочно губат време со други работи за да избегнат давање на сметката па треба да ги замолиш да ти ја дадат, а ако УЈП или државава сака напредок нека засили контроли така што тоа би му станало навика на сите вработени без разлика дали е трафика или салон за техника. Едноставно заедно со кусурот мора да ти ја даде и сметката во спортивно глоба. Да видиш како ке се научат и работодавците и вработените. А после тоа дали сметакта ќе ја скенирам јас или татко ми, или можеби другар многу малце битно.

Убаво што сакаш да си борец против сива економија, ама од погрешен крај си го кренал бунтот. Реши ги за почеток големите глави кој ни ја вртат целокупната економија на еден прст па после фрли се на народот. Тој ќе е тука после 5, и после 50 години. Нема да се збогати со скенирање на сметки така што ќе почнит бизнис надвор од нашите граници.
Знаеш колку такви што се со родителите вртат две приказни како што ќе му одговара? Кога е, за социјална помош сам живее и е засебна фамилија, кога е за помош од криза пак сам, кога е за пред ујп фамилијарно бил...море само стапот за овој народ.
Како и се во државава и ова беше за политички поени, а не за навистина да ја реши сивата економија. Инаку со неколку модификации ова можеше да направи листа на сите што земаат пари на рака (а ова е сигурно 2/3 од народот) и да фрчат пријави за да се среди системот. Сега тралалајкава апликација е сведена на збирање на сметки од касиери и пумпаши на бензиска за да извадат уште некој денар.
И запамти, политичарите имаат помала вина од народот за вакви работи, се додека тој прифаќа да зема кеш на рака за да избегне данок или да му удоволи на газдата ќе биде системот башибозук.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Има и многу сиромашни граѓани на раб на егзистенција ама кога купуваат производ во продавница, истиот го купуваат со пресметан ДДВ. Нема ценкање, нема цена без ДДВ за нив, без разлика дали дуќанџијата пријавува и плаќа ДДВ или не за тие производи.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Уште не ви е јасно дека овоа беше предизборно ветување за враќање на пари кај граѓаните од 30 илјади, кое подоцна малку го обработија и е невозможно нормално семејство да стаса до тие 30 илјади.

Незнам како и не ви е јасно дека државата не може да ви даде повеќе од тоа што зема, сакате да скенирате од бензински ете ви зголемена акциза, па сега и намален процентот на 10% од ДДВ, а зголемен кај домашните производи на 20%,
а во маркет кога купуваме обично храната е домашна и она е оданочена со 5%, а странските производи детергенти, мириси и сл. е оданочена со 18%, сега значи главно ќе ти дава 20% од тие 5%, а ваму ќе ти дава 10% од тие 18% што на крајот од денот ќе ти треба повеќе пари за да имаш ист поврат, на бензинските исто те кине, што значи ќе ти биде многу потешко да го собереш ДДВ-то.

И додека сме на актуелна работа да пишам збор два за струјата (иако е надвор од оваа тема).
Сосема очекувано беше да поскапи струјата, имам пишувано и на друга тема многу одамна, дека не може ЕЛЕМ (тогаш така се викаше) да ти ја плаќа ефтината струја со својата заработка, оти ќе дојде ден кога нема да може да го прави повеќе тоа, едно е да тераш инает со изборни ветувања, друго е реалноста која е таква што е, и сегашното неукинување на ефтината тарифа значи дека пак ќе имаме големо покачување во иднина.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Каде пишува дека е дозволено да се скенира за друг.
Секој прави личен акаунт. Се што поминува низ тој акаунт е негова лична карта. Може да се лажеме колку сакаме но на запад ова нема да помине. Онаму кај што функционира системот вакви работи се прават од државата со цел сами да се фатат оние кои имаат непријавени приходи. На запад се форсира плаќање со картичка, само за да се избегне пари во готово кои се најчесто резултат на непријавен приход. Тука ти сакаш да купиш телевизор од 30.000 во готово и потоа да бараш поврат. Дали ти би се сложила овој поврат да биде само за плаќање со картичка, да важат само за фискални кои се платени со картичка, а ти внесувај пари на картичката да те видам. Какви се тоа приказни чичо. стрина, комшии. Оди во германија стај пари на сметка и купувај да те видам. Зошто сите печалбари купуваат имот тука, од страв да ги покажат парите печалени на црно таму.
Баш ме инспирира да побарам каде пишува дека може еден во семејството да скенира за сите, ама во моментов не можам да најдам, а лани тоа беше актуелно секаде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom