Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Епа сега и механичарот и берберот ќе даваат фискални (кај мене берберот има фискална каса). Ама таксистите не даваат никаква сметка. На пазар нема фискални. Автобуските билети (меѓуградски) имаат фискална. Плаќањето за паркинг со телефон не ќе има. А како е со градскиот превоз во Скопје?
Ќе се збогатиме со повратот... или ќе го повратиме тоа што ќе ни го повратат... :)
Едино шо може да се десе е повеке да трошеме и со тоа да сме у поголема загуба. Се е маркетиншка финта.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Едино шо може да се десе е повеке да трошеме и со тоа да сме у поголема загуба. Се е маркетиншка финта.
Јас трошам (и ќе трошам) онолку колку што ми треба. А фискалните и понатаму ќе ги игнорирам.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
Јас трошам (и ќе трошам) онолку колку што ми треба. А фискалните и понатаму ќе ги игнорирам.
Јас ќе ги собирам и ќе ги праќам барем поголемите. Мислам дека ќе стигнам до максималната сума. Штета што има лимити...
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550

де бре на толку милиони зарем до 600ден месечно ти дојде. а може пак затоа и милиони имаш, оти секоја паричка се собира. 600 по 600, милион и 600.
:D
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Епа сега и механичарот и берберот ќе даваат фискални (кај мене берберот има фискална каса). Ама таксистите не даваат никаква сметка. На пазар нема фискални. Автобуските билети (меѓуградски) имаат фискална. Плаќањето за паркинг со телефон не ќе има. А како е со градскиот превоз во Скопје?
Ќе се збогатиме со повратот... или ќе го повратиме тоа што ќе ни го повратат... :)

Стоматолозите исто не даваат фискални. Како и адвокатите.
За уште некои пак други " заштитени " видови да не зборуваме.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
де бре на толку милиони зарем до 600ден месечно ти дојде. а може пак затоа и милиони имаш, оти секоја паричка се собира. 600 по 600, милион и 600.
:D
Мене ми се свиѓа концептот „секој денар е важен“. Можеби се очекувало да бидат повеќе пари ама ниедна сума не е за потценување. Со 600 ден некој ќе плати курс за дете или помала сметка. Зошто да не?
Интересно е како ќе фунционираат повозрасни луѓе со целиот процес кој вклучува посебни апликации (внуците ќе изгинат :) ).
Убаво е и што можат деца над 15 години да се регистрираат (ако добро ја памтам информацијата), нека им „капе“ по некој денар.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Мене ми се свиѓа концептот „секој денар е важен“. Можеби се очекувало да бидат повеќе пари ама ниедна сума не е за потценување. Со 600 ден некој ќе плати курс за дете или помала сметка. Зошто да не?
Интересно е како ќе фунционираат повозрасни луѓе со целиот процес кој вклучува посебни апликации (внуците ќе изгинат :) ).
Убаво е и што можат деца над 15 години да се регистрираат (ако добро ја памтам информацијата), нека им „капе“ по некој денар.
ама за тие 600 ден треба цела просечна плата 22к ден. да потрошиш. кој 15 годишник има толку пари за трошење, тој што 600ден во кафиќ за пола саат што троши.
„проектот“ е глуп да не може поглуп да биде. како и се што овие дудуците направија во последниве години.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.067
Поени од реакции
3.213
Мене ми се свиѓа концептот „секој денар е важен“. Можеби се очекувало да бидат повеќе пари ама ниедна сума не е за потценување. Со 600 ден некој ќе плати курс за дете или помала сметка. Зошто да не?
Интересно е како ќе фунционираат повозрасни луѓе со целиот процес кој вклучува посебни апликации (внуците ќе изгинат :) ).
Убаво е и што можат деца над 15 години да се регистрираат (ако добро ја памтам информацијата), нека им „капе“ по некој денар.
Според твојот пост разбрав дека немаш уклучено дигитрон или немаш поим што како е,
за да ги земе некој тие 600 денари треба да потроши околу 30 илјади каде се даваат фискални сметки, што значи тоа семејство има приходи многу над 30 илјади, што значи на тоа семејство и не му е баш за 600 денари, поточно кажано тоа семејство е во 5-те% најбогати во Македонија,

средните семејства ако земат 50 евра годишно се премија, додека сиромашните нема да имаат ниту илјадарка годишно.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Според твојот пост разбрав дека немаш уклучено дигитрон или немаш поим што како е,
за да ги земе некој тие 600 денари треба да потроши околу 30 илјади каде се даваат фискални сметки, што значи тоа семејство има приходи многу над 30 илјади, што значи на тоа семејство и не му е баш за 600 денари, поточно кажано тоа семејство е во 5-те% најбогати во Македонија,

средните семејства ако земат 50 евра годишно се премија, додека сиромашните нема да имаат ниту илјадарка годишно.
Искрено, муабетот ми беше за посочената сума од 600 ден месечно.. Не сум во тек детално со пресметките, еве сега со твојот пост ти го разбирам муабетот. Поента ми беше почитување на парите па и на сума од 600 ден. Механизмите за доделување и пресметките се нешто друго. Побогатите ќе зимаат нешто повеќе и ќе плаќаат и без тоа прогресивен данок...
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
600/0.15=4000 ден. значи ддв-то треба да биде 4000ден за да земиш 600ден повраток.
тогаш 4000/0.18=22,222ден е сумата пред ддв. +4000ден, значи 26,222 ден треба да потрошиш
платата во мк е 500 евра, значи треба скоро 90% од платата да потрошиш за 10 евра да ти дадат
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103

Од 1 јули стартува правото на поврат на дел од веќе платено ДДВ а не стартува обврска за поврат на ДДВ. Кој мисли дека е премногу богат за да се мачи за 1-600 денари месечно не мора да учествува.
Премногу се става акцент на калкулациите за максимум повратот кога ДДВ во суштина е данок на потрошувачка, поголема потрошувачка- поголем поврат. Ако некој со 500 евра не може да го достигне прагот на потрошувачка, тогаш што да каже некој со 5000 евра плата што месечно креира 1000 евра ДДВ за буџетот, ако ја потроши цела плата, а ќе добие назад 10 евра.
Ова е втор закон по тој за персонален данок од доход што ги дискриминира “богатите“ и ги казнува ради нивните повисоки приходи.
 
кутрите богати, ај да ги жалиме сега
а законот е инаку глупост, подобро да го нема.
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
кутрите богати, ај да ги жалиме сега
а законот е инаку глупост, подобро да го нема.
И за жалење се, од сите страни од нив се скратува.
Законот носи право, кој сака нека го користи, на кој му е глуп нека го игнорира.
Има и други начини да се земат пари од државата како премиум тарифа за фотоволтаици, трето дете, купи куќа - купи стан, субвенции за земјоделство и.т.н. За секого по нешто, ама само за ова еден куп математики.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom