Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Ах бре македонче глупаво, дигаше востаниа против султанот за тоа што еднаш годишно ти земаше 10% од житото затоа што од 100 грла добиток 1 едно беше за портата затоа што од 500 овци 10 одеа за цариград. Ах бре македонче глупо ем ретардирано, дигаше востанија против србите затоа што те оданочија со 4% помеѓу двете светски војни, абе македонче ДЕГЕНУ дојдоа твојте ти расплакаа мајката секој ден ти земаат 18 % на се , секој ден кога ќе купиш едно шише пијалак едно нив ги частиш, абре морону македонче купуваш литро бензи едно нив им даваш гратис со акцизи плус ддв, плаќаш 5 штеки цигари добиваш една другите им ги оставаш на нив а тебе те болат плеќите нанива.Одиш во продавница купуваш нај основно да се прехраниш сметката ти е 1600 денари а ти плакаш 2000 за некој гомнар да се гои.
УМРИ македонче не заслужуваш да постоиш ЦРКНИ ДЕГЕНУ.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
Плавооката арно ти кажува:
ДДВ-то е данок кој го плаќа последниот. Во случајов јас или ти или кој било како физичко лице кое купува нешто од маркет на пр.
Додека тој производ да стигне до тебе, производителот на дистрибутерот му го фактурирал со ДДВ. По фактура тој го платил ДДВ-то, и го продал на маркетот. Маркетот го продава на нас со ДДВ.
Е, сега, за едно нешто имаме ситуација да се наплати данок трипати.
Бидејќи ДДВ го плаќа крајниот купувач, другите двајца имаат право на поврат.
Околу темата, некој погоре спомна популизам.
Спомна дека и Грујо на времето такво нешто предлагал, па ништо од тоа... И тоа е точно!
Ако државата го примени американскиот модел, т.е. да си собираме фискални и еднаш годишно, или тромесечно, не е битно како, да вршиме поврат на ДДВ како физички лица, тогаш ќе мора да се подигне стапката на персоналниот данок на доход, или, евентуално да се пребиваат двата данока, што е невозможно, бидејќи сите граѓани немаат персонален за плаќање, за разлика од ДДВ што скоро и да не постои граѓанин кој не купил нешто и не му дале фискална. Сето тоа заради намалените приходи во буџетот.
Неможе на се да се враќа ДДВ. Имаме артикли со повластена стапка од 5%. Ако се измисли поврат на ДДВ, тогаш тоа сигурно би било на некои строго определени продукти кои и не се баш секојдневни за купување, бидејќи, во спротивно, државната каса ќе биде ептен зијан.
Најбитен елемент во приказната е тоа што ДДВ учествува со најголем, дури огромен процент во собирањето пари за буџетот. Персоналниот и данокот на добивка се многу помала ставка во собраните средства, дури смешна во однос на ДДВ.
Па нели колку што се секавам баш Груевски како министер го донесе законот за ДДВ ,и нешто баш и не стана побогата државава со тој закон отколку претходно кога го немаше ДДВ ,јас би рекла баш обратно
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Ако се промени законот, тогаш нема да се вика Данок на Додадена Вредност, туку Данок на Одземена Вредност. Кога имаш поврат, имаш намалување на вредноста. Наједноставно е да се укине, така парите ќе останат кај сите. Само проблемот е што токму тој данок го полни буџетот и ниеден друг
Идејата е да се намали данокот, на сметка на тоа граѓаните да стекнат навика да бараат фискални. И бидејќи сме такви какви што сме, тоа не би можело да се направи без да добиеме чувство дека добиваме некаква „награда“. Поедноставно за сите би било ДДВ-то да се намали на 15,3%, ама тогаш повторно нема да бараме сметки. Факт е дека УЈП и покрај силното казнување не може да ги научи фирмите да плаќаат данок редовно, па не би било лошо и муштериите да се вклучат во барањата.
 
Член од
11 септември 2013
Мислења
33
Поени од реакции
17
Идејата е да се намали данокот, на сметка на тоа граѓаните да стекнат навика да бараат фискални. И бидејќи сме такви какви што сме, тоа не би можело да се направи без да добиеме чувство дека добиваме некаква „награда“. Поедноставно за сите би било ДДВ-то да се намали на 15,7%, ама тогаш повторно нема да бараме сметки. Факт е дека УЈП и покрај силното казнување не може да ги научи фирмите да плаќаат данок редовно, па не би било лошо и муштериите да се вклучат во барањата.
Можеби чуството за награда на граганите коишто се такви какви што се ќе се зголеми ако протнат 2-30 фалш фискални сметки на тетката од УЈП. Иако ова би било противзаконско, имам некое претчуство дека законот нема да се спроведе во одредени територии и/или врз одредени прекршители надвор од претчуствуваните територии коишто би биле припадници на преодредена „религиозна“:)d) вероисповед. Амин.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
А на секоја фискална да стават бројче,да креираат софтвер и на крај на година да организираат наградна игра и да делат награди како - патување околу Македонија..истражи ја Македонија со сите платени трошоци..флиждери,решоа,рингли,аУтомати за кафе,миксери...комплет кључеви за кола и сл.
Така сите ќебараат фискални сметки секој ќе се надева на добивка..овој народ секогаш сакал да игра лутрија.
 
Pa toa i piramidalni semi od multi-level marketing.
:cuc:
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Па нели колку што се секавам баш Груевски како министер го донесе законот за ДДВ ,и нешто баш и не стана побогата државава со тој закон отколку претходно кога го немаше ДДВ ,јас би рекла баш обратно
Државата Е побогата, земјата не е :)
--- надополнето: 9 октомври 2013 во 00:32 ---
А на секоја фискална да стават бројче,да креираат софтвер и на крај на година да организираат наградна игра и да делат награди како - патување околу Македонија..истражи ја Македонија со сите платени трошоци..флиждери,решоа,рингли,аУтомати за кафе,миксери...комплет кључеви за кола и сл.
Така сите ќебараат фискални сметки секој ќе се надева на добивка..овој народ секогаш сакал да игра лутрија.

:pos::pos::pos::pos::pos: и тоа У кај аутомати :pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Можеби чуството за награда на граганите коишто се такви какви што се ќе се зголеми ако протнат 2-30 фалш фискални сметки на тетката од УЈП. Иако ова би било противзаконско, имам некое претчуство дека законот нема да се спроведе во одредени територии и/или врз одредени прекршители надвор од претчуствуваните територии коишто би биле припадници на преодредена „религиозна“:)d) вероисповед. Амин.
Не може да се фалшираат фискални. И да може, само ненормален човек би однесол фалш фискална кај органот што може да потврди дали фискалната е фалш или не. Па уште да остави име и презиме. :D

Инаку, идејата да се вклучат граѓаните во намалување на даночната недисциплина е добра. Досега тоа го пробуваа со реклами, сега Заев излезе со идеја тоа да го направат со наградување. Крајно популистичка мерка, ама имајќи во предвид дека таквите најлесно проаѓаат кај нас, ја прави истата добра опција.
 
Си пробал? :D
 
Претпоставка: потрошувачот којшто сака да му се врати ДДВ доставува до УЈП лажна фискална сметка. За УЈП да го фати треба да ја провери резервната трака којашто е кај продавачите(ако ја уште ја чуваат де...). 2мил жители * 365 дена * 3 фискални = ____
Претпоставка: потрошувачот инсистира дека фискалната не му е фалсификат. УЈП претпоставува дека продавничката користи фискална „двојник“. Оди УЈП во контрола и ги фаќа на дело.
Претпоставка: потрошувачот инсистира дека фискалната не му е фалсификат. УЈП претпоставува дека продавничката користи фискална „двојник“. Оди УЈП во контрола и константира дека се е во ред. Потрошувачот завршува во притвор, но се досетува пред судските органи да тврди дека постои можноста во конкретниот ден кога е направена купопродажбата фискалната на продавачот да била „двојник“. Ниту за потрошувачот ниту за продавачот може да се докаже дека е конкретниот прекршител на законот.

Добра, но непотреба иницијатива(ако е со цел подобрување на фискалната дисциплина) со оглед на воведувањето на http://regioni.mk/od-narednata-godina-elektronsko-povrzuvanje-na-trgovcite-so-upravata-za-javni-prihodi/
Трговците од 1 јануари 2014 година ќе треба електронски да се поврзат со Управата за јавни приходи преку надградба на фискалните апарати и инсталирање т.н. интегриран автоматски систем за управување.
...
Целта е секојдневно да поднесуваат финансиски извештај за работата што ќе овозможи постојано следење на нивниот готовински промет.
...
- Постојаната електронска комуникација на даночните обврзници со УЈП ќе ја подобри фискалната дисциплина што е стратегиска определба на Министерството за финансии, додека воведувањето на „македонското сонце“ на сметките се очекува да ги стимулира призводството и потрошувачката на домашните производи, рече ресорниот заменик министер Ардијан Џеладини.
Како што објасни, секоја фискална апаратура ќе се поврзува со GPRS[[mobilna mreza]] терминалот и криптомодулот.
Инсталирањето на интегрираниот автоматски систем за управување ќе трае до 31 март 2014 за даночните обврзници чиј промет претходната година надминал 10 милиони денари (угостителски објекти и трговци кои вршат промет со нафтени деривати на мало – бензински пумпи), и до 30 јуни за останатите даночни обврзници.
...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Доколку целта на иницијативава не е зголемување на фискална дисциплина, тогаш е тотално без поента. Небитно заради што ја предложил Заев, битно е граѓаните да научат сами да си ги бараат сметките. Само така може издавањето фискални да стане општоприфатена пракса.
 
Да, оваа мерка е една од оние, а би додал дека ако се трошат парите од данокоплаќачите продуктивно, домакински и наменски и тоа би ги мотивирало уште повеќе да бараат фискални сметки. Повеќе го преферирам вториот начин од првиот со „награда“, но ете ако таква е реалноста на нашиот менталитет ајде да бидеме и малку прагматични.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom