Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
- со враќањето на 15 проценти од ДДВ-то, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари (околу 130 милиони евра) годишно;
Врз основа на која математика е добиена оваа цифра?

- На пример, на фискална сметка од 10.000 денари, за која се плаќа ДДВ во износ од 1.800 денари,15-те проценти од ДДВ-то што им се враќаат на граѓаните изнесуваат 270 денари;
- ова значи помеѓу 20 и 30 илјади денари годишно за секое семејство во Република Македонија кое поседува фискални сметки;
Ова значи ќе треба да имаме сметки од по 100 000,00 денари секој месец за да дојдеме до поврат од 20-30 000,00 денари или годишно 1 200 000,00 денари

- Со можноста за повраток на 15 проценти од платениот ДДВ, секој граѓанин ќе има мотивација да инсистира на издавање фискални сметки. Всушност, така сите граѓани би ја имале улогата на „даночни инспектори“;
Не фала, даночните инспектори се вработени и ЗЕМААТ ПЛАТА за тоа. На овој начин на мала врата ќе се "вработат" сите за без пари?

- Преку тоа, ќе се избегне криењето на вистинскиот промет и плаќање данок и сериозно ќе се намали таканаречената „даночна евазија“ која сега, според последните податоци на Управата за јавни приходи изнесува 35 проценти, а деновиве беше објавено дека непријавувањето данок изнесува дури 60 проценти;
60%? Толку пари им фалат плус, па од таму го извадија процентов на скриен данок?

- Управата за јавни приходи ќе нема основ за заплашување и затворање на фирми и дуќани заради даночна недисциплина;
УЈП тоа го прави по НАРЕДБА, а не по законски основ и пронајдени неправилности

- На ваков начин се зголемува потрошувачката моќ на граѓаните;
Не можеш да зголемиш потрошувачка моќ на граѓани кои се невработени и воопшто се лоши (слаби) потрошувачи

- Враќањето на ДДВ-то кон граѓаните ќе се прави квартално, на секои три месеци;
Неважно

- По враќањето на целокупниот износ на ДДВ кон граѓаните, во буџетот на Република Македонија ќе останат околу 2 милијарди денари, (или над 30 милиони евра) повеќе пари отколку сега.
Неважно, види прво
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 19:18 ---
Зошто глупава, како што може на фирмите што мораат да платат ДДВ штом фактурираат, па после им ги враќаат, може и на физичките лица.
Фирмите плаќаат ддв на оној од кој купиле стока, а кога ти продаваат тебе ТИ го плаќаш. Последниот плаќа, едноставно е
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 19:19 ---
па добро познато е зашто се собира данокот и ок немора 15% нека вратат 7%
али верувај дека у значителен број ке се намали затајувањето на данок, преку ова можат да ги фаќаат и оние што работат на црно али да не навлегувам у тоа :)
и да создава државата капитал преку државните фирми, земјиштето, недвижностите итн итн
И ова е приказна за мали деца. Ако некој решил да не плати данок, нема мерка што ќе го предомисли
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Фирмите плаќаат ддв на оној од кој купиле стока, а кога ти продаваат тебе ТИ го плаќаш. Последниот плаќа, едноставно е
Па тоа е поентата, последнот во овој случај ќе биде УЈП или МФ која ќе ти ги врати парите. Не знам што те буни.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Самиот данок е воведен да се оданочи новата вредност што ја има некој производ. Пример со леб, производ што сите го купуваат.
Производител - земјоделец ддв 1
Купувач - мелница, преку фактурата кога купува пченица го плаќа ддв1 и создава ддв2
Купувач - фурна, преку фактурата за брашно плаќа ддв2 и прави леб, создава ддв3
Купувач - граѓанин, преку фискална купува леб и плаќа ддв3 кое е збир на сите ддв претходно.
Производот леб поминува низ 3 фази, од пченица до финален производ. Во секоја фаза има своја цена и додадена цена (додадена вредност), па затоа и данокот се нарекува така. Само последниот го плаќа целосниот износ на ддв од сите фази.
Сега има две варијанти:
1. Државата да се јави како фиктивен купувач на се што ќе купиме, па таа да го "плати" ддв-то сама на себе
2. Граѓаните да ги чуваат сите фискални сметки преку цела година, па на крај да одат до УЈП и да си побараат поврат.
Првата ситуација е невозможна, затоа што држава не создава капитал, таа само располага.
Втората ситуација е возможна, само ќе биде глупава. Ако им се враќа ддв-то на сите, тогаш зошто воопшто да постои како данок и да се собира? Данок не се пари кои се земаат на заем од граѓаните, па после да се вратат назад
Нормално е да е возможна во САД се користи 50 години за повеќе стапки и тоа не само на национално туку и на федерално ниво.

Што се однесува до тоа дека нема логика да се земаат парите па да се враќаат тоа е поради тоа што со самиот чин би се правела контрола, кој продава со фискална сметка, а кој не, граѓанинот нема да купува тамо каде што нема фискална оти нема поврат да може да направи, со тоа наплатата на останатите даноци ке се зголеми не само на ддв практично црната економија ке се намали драстчно.

Единствено кој губи во целата работа се политичките партии( кој би биле на власт) оти неможат сите пари од ддв да ги трошат во името на народот.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Па тоа е поентата, последнот во овој случај ќе биде УЈП или МФ која ќе ти ги врати парите. Не знам што те буни.
Не ме буни ништо :D Не е поентата да биде последен, туку последен да го има производот/услугата. Ако купиш кола и бараш поврат на ддв како физичко лице, тоа ќе значи дека УЈП ја купила од тебе. Во превод, колата е нивна, НЕ твоја
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.517
Plavooka абе ајде :cautious: па нема еднаш да ми даде фискална сметка и више не му идам таму или пријавувам у УЈП
па да видиме како поише есапот ке му фаќа ...
да остане без муштерии плус ризикува дебела казна за затајување :)
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 19:25 ---
maksimmus па со намалувањето на затајувачи кои ги има во голем број буџетот ке расне, што значи од една страна ке зима повеќе државата а од друга ке дава.
значи горе доле избалансирано ке е :sneaky:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Во превод, колата е нивна, НЕ твоја
Аааа, значи по твојата логика кога УЈП ќе им направи поврат на ДДВ на фирмите им ја зема робата бидејќи е нивна НЕ на фирмите.
Одлична логика (y)
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Нормално е да е возможна во САД се користи 50 години за повеќе стапки и тоа не само на национално туку и на федерално ниво.

Што се однесува до тоа дека нема логика да се земаат парите па да се враќаат тоа е поради тоа што со самиот чин би се правела контрола, кој продава со фискална сметка, а кој не, граѓанинот нема да купува тамо каде што нема фискална оти нема поврат да може да направи, со тоа наплатата на останатите даноци ке се зголеми не само на ддв практично црната економија ке се намали драстчно.

Единствено кој губи во целата работа се политичките партии( кој би биле на власт) оти неможат сите пари од ддв да ги трошат во името на народот.
Има други механизми за даночна контрола. Кога би се користеле парите од даноци на прави места, и децата од мали да се учат како се создава и развива држава...можеби. Вака џабе е
Сите ќе купуваат во зависност од тоа колку пари имаат. Ако некаде некој продава на црно, ама е за 20-30% поевтин од некој со фискална, што мислиш каде ќе одат сите да купат?
И последен пат: не е граѓанинот оној кој бара да се издаваат фискални сметки. УЈП за што постои?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
Најинтересно е тоа што оваа мерка пред многу години ,само во износ од 2% ја предлагаше тогашниот опозиционер Никола Груески,а тогаш од сегашнава опозиција беше дочекано на нож.Ни Груевски го спроведе ова кога дојде на власт,ни Заев ќе го спроведи(ако дојди).

Ако некој ископа видео или текст што тогаш кажуваа Б.Ц, Шеќеринска и компанија за оваа предлог мерка,косата ќе му се дигни на глава.И Грујо истото го кажуваше со тоа дека луѓето ќе бидат инпектори.

Обична популистика од двајцата
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Аааа, значи по твојата логика кога УЈП ќе им направи поврат на ДДВ на фирмите им ја зема робата бидејќи е нивна НЕ на фирмите.
Одлична логика (y)

:D мешаш поими сега. ддв на фирми и ддв на физички лица
Вториот не постои
Или ајде пластично
Кај фирми, стоката не им ја зема УЈП затоа што ТИ СИ ПОСЛЕДЕН што ја купува и стоката е КАЈ ТЕБЕ, не кај фирмата. А ТИ го плаќаш нивното ддв

Bonnie and Clyde инаку Plavooka не е :ROFLMAO:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Вториот не постои
Ти си тој што дрка поими, моментално држам во рака фискална од Веро на која пишува, цитирам:

Вкупно ДДВ А=18% 11.50
Вкупно ДДВ А=5% 16.00
Вкупно ДДВ 27.50

А јас сум замисли физичко лице. Значи постои.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Ти си тој што дрка поими, моментално држам во рака фискална од Веро на која пишува, цитирам:

Вкупно ДДВ А=18% 11.50
Вкупно ДДВ А=5% 16.00
Вкупно ДДВ 27.50

А јас сум замисли физичко лице. Значи постои.
Што си по професија? Чисто информативно, па ќе ти одговорам на ова
дополнето: данокот што го гледаш на фискалната е истиот данок што Веро треба да го плати на државата. Веро ќе го плати, ама со ТВОИ пари. Значи ти го плаќаш и тоа НЕ Е твој данок
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.517
хахаха да во трговија ке давал 20-30% поевтино на црно и сигурно ке опстане :P
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 19:35 ---
Плавооко дека на латиница барав па ми излегла :LOL:
како и да е, се е изводливо има начини и предлогот си е на место (y)
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
хахаха да во трговија ке давал 20-30% поевтино на црно и сигурно ке опстане :P
Замисли сите да се со фискална и да куцаат СЕ што ќе продадат. Само 1 фирма да не го прави тоа. Тие во старт се оптоварени со 18% ддв, што оваа 1 фирма може во старт да ги одбие. Тоа е -18%...уште и од маржата да тргне 2%, ете ти 20. А во ситуација кога сите ќе купуваат од тебе, тоа ти одговара...место во загуба, во добивка си
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Што си по професија? Чисто информативно, па ќе ти одговорам на ова
Дегустатор во јавна куќа со долгогодишно работно искуство.

Ај сега одговори.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.517
Замисли сите да се со фискална и да куцаат СЕ што ќе продадат. Само 1 фирма да не го прави тоа. Тие во старт се оптоварени со 18% ддв, што оваа 1 фирма може во старт да ги одбие. Тоа е -18%...уште и од маржата да тргне 2%, ете ти 20. А во ситуација кога сите ќе купуваат од тебе, тоа ти одговара...место во загуба, во добивка си
да де само незаборавај на дебелите казни и на пензионерите што не ораат нит копаат, неколку пријавувања а тоа може да биде и од конкуренцијата ке треба и у другиот живот ко црнец да работи за да ги отпалти казните :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom