Повик за протест

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.874
Поени од реакции
7.740
Гледајте сега да видите дали ке се појават Албански знамиња на протест за струја :)
Не е чудо да побараат и да се "затварат" и Македонците
се кладам дека ќе заборават зошто се излезени и ќе почнат да се дерат "Етнике Шкиптире"
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.126
Поени од реакции
445
ГЛАВЕН ВИНОВНИК ЗА ПОСКАПЕНАТА СТРУЈА Е КОЧО АНЃУШЕВ И НЕГОВИТЕ ПАЈТАШИ ИНСТАЛИРАНИ ВО ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ
Поскапувањето на електричната енергија - и тоа само две недели по завршувањето на изборите - јасно демонстрира дека СДС се грижи само за профитот на компаниите блиски до власта инволвирани во овој бизнис. Оваа ненародна одлука дополнително ќе ги осиромаши граѓаните, кои и сега се жртви на погрешната политика на СДС за справување со економските последици од коронавирусот. Изговорот на социјал-демократите дека плаќаме најниска цена за електрична енергија е дрско манипулирање кога над 400.000 жители живеат на работ на сиромаштија и сведочиме масовно иселување поради социјалната беда, корумпираноста и невработеноста!
Генезата на сегашното поскапувањето на електричната енергија има своја историја и никако не е само поради причините кои ги наведе РКЕ, кои би предизвикале поскапување за нешто повеќе од 1.5%, а не повеќе од 7%.
❗Еден од главните виновници за поскапувањето на струјата се енергетските политики на бившиот, “социјалдемократ“ и вицепремиер Кочо Анѓушев и неговите пајташи инсталирани во енергетските компании ЕСМ (Електрани на Македонија) и МЕПСО.
Исто така, невложувањето на државата во изградба на нови енергетски објекти (Чебрен, Галиште, делови од Вардарска долина и други), на сметка на сомнителни тендери за ископ на јаглен и ремонти на РЕК Битола, ќе го продолжи трендот на поскапување на електричната енергија и во годините кои следат.
На граѓаните треба да им е јасно дека со ваква катастрофална, електроенергетска стратегија и промашени кадровски решенија, до крајот на 2025 година ќе плаќаат преку 60% поскапа струја од цената која ја плаќаат денеска! Ваквиот тренд на политики многу брзо ќе предизвика и укинување на дневната ефтина тарифа, и тоа поради истите наведени причини, а не поради “усогласување“ со европските практики.
Одговорните да го испитаат работењето на КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА на Анѓушев, со акцент на одговорниот на Операторот на електропреносниот систем при АД МЕПСО и неговото катастрофално менаџирање со водните ресурси во акумулациите - како и одговорните во ЕСМ задолжени за тендерите за ископ на руда, превоз и ремонти во компанијата.
За делумна амортизација на поскапувањата кои следат, Левица предлага:
✅Итна замена на гореспоменатите кадри со лица со интегритет и стручност, како и нивна одговорност за штетата која ја предизвикаа;
✅Промена на начинот на функционирање на ЕСМ во однос на продажбата на вишоците, односно ЕСМ да го заштеди водниот потенцијал со целогодишен увоз на одредена количина на електрична енергија по економско прифатлива цена, додека во месеците кога енергијата е скапа да продава од заштедените акумулации;
✅Мораториум за вработување во овие енергетски компании;
✅Укинување на Регулаторната комисија за енергетика и инкорпорирање на нејзините ингеренции во Министерството за економија.
 
Член од
25 февруари 2020
Мислења
196
Поени од реакции
174
Од ЕВН доајѓаат и ни го менуваат струјомерот
( на 10 год се менувал )
И по една недела ни стига сметка 500 ЕВРА
зошто прашуваме ЗОШТО ни рекоа дека струјомерот ни затајувал струја
а плаќаме 3-4000 денари месечно ПОМОШ ИДЕИ ...

Извинете знам дека не е темата таа тука но неможев да најдам таква тема
ви благодарам
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.033
Поени од реакции
34.437
Од ЕВН доајѓаат и ни го менуваат струјомерот
( на 10 год се менувал )
И по една недела ни стига сметка 500 ЕВРА
зошто прашуваме ЗОШТО ни рекоа дека струјомерот ни затајувал струја
а плаќаме 3-4000 денари месечно ПОМОШ ИДЕИ ...

Извинете знам дека не е темата таа тука но неможев да најдам таква тема
ви благодарам
Затоа што никот ти е Северно МакиДонец. Си ги гласаше...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom