Темава ја читав до сега и морам и јас да одговорам...
Прво тоа за крвните групи...И јас како и Kaiser сум А позитив и јадам многуу месо...Не можам да функционирам без месо, а и патлиџан јадам многу...Иако кажуваат дека млечни производи одговараат на мојата крвна група, јас еве да речеме млеко и јогурт не можам органски да поднесам...Поготово слатко млеко...Од самиот мирис ми се лоши,а камоли да пијам...А сирење обожавам (овчо поготово)...
Втора работа...За Мек Доналдс...Таму работи една моја роднина (со години е таму менаџер на кујна) и од тоа што ми го има кажано е дека за хигиената водат рачун и тоа максимално( на 5 мин персоналот мијат раце, подот секој ден по 2 пати го чистат, садовите итн...) Но...Има едно големо Но...Храната е по потекло од Америка и ја праќаат тука замрзната...Микробиолошки е исправна, но не го земавте во обзир фактот дека на Американците со закон им е дозволена употреба на генетски модифицирани состојки (сојата е само една од нив...) И немојте да мислите дека храната од Мек е исклучок од тоа...Долготрајно конзумирање на сендвичи и милкшејкови од таму е страшно опасно...Можам до утре да пишувам али идам офтопик...
Е сега онтопик...
Сакате убава плескавица?
Одете во некој од големите маркети, што имаат посебен дел за месарница и одберете си убаво парче телешко или говедско месо и речете му на тој да ја исчити машината пред вас, претходно што мелел месо и да го сомеле вашето парче...
Одете дома и ставете го месото во еден длабок сад, ставете едно јајце внатре, 1 голема главица рендан кромид, презла 2-3 лажици, сол, бибер малку и неколку трошки леб...Мешајте го убаво со раце месото дури не стане хомогена смесата...
Стајте зејтин да се грее во тава и правете си плескавици и ставајте ги во загреан зејтин ако не сакате да ви се лепат и распаѓаат...
Ова е едно од моите омилени јадења...Обично со пире го правам...
Вакви плескавици во ниедна сендвичара нема да ви дадат...