Плаќање од картичка на фирма кон странство?

Член од
7 мај 2012
Мислења
26
Поени од реакции
16
Здраво,

Имам секојдневни, но многу мали трошоци кон странство за хостинг, домејни и слично. Проблемот е што сега ги плаќам од лична сметка, но би сакал да ги плаќам од фирма за да ги пријавам како трошок што и реално е.

Како тоа би одело со сметководство? Како што читам може само од девизна да се плаќа преку ИБАН директно кон странство од фирма. Но мене ми треба плаќањето да биде преку картичка и евентуално пејпал врзан со истата картичка. Дали некјо има искуство со тоа? Би ве замолил за секакви совети поврзани со овој начин на работа. Благодарам однапред.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Како трошок ќе ти одат ама ќе си платиш 11% данок. Инаку преку Ибеј регистрирај се како фирма а за Пејпал додај ја картичката од фирмата и плаќај со неа.
Ако имаш добар контакт со тие што им плаќаш, побарај фактури да ти праќаат за тоа, делумно некои плаќања можеш така да ги покриеш!
Јас така правам ама јас во основа купувам од Ибеј, со картичка од фирма, нормално работи за фирма купувам, не играчки за внуците :D
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
За девизни фактури нашиве банки зимаат дебели провизии.
 
B

Bafra

Гостин
Здраво,

Имам секојдневни, но многу мали трошоци кон странство за хостинг, домејни и слично. Проблемот е што сега ги плаќам од лична сметка, но би сакал да ги плаќам од фирма за да ги пријавам како трошок што и реално е.

Како тоа би одело со сметководство? Како што читам може само од девизна да се плаќа преку ИБАН директно кон странство од фирма. Но мене ми треба плаќањето да биде преку картичка и евентуално пејпал врзан со истата картичка. Дали некјо има искуство со тоа? Би ве замолил за секакви совети поврзани со овој начин на работа. Благодарам однапред.
Па прашај го сметководителот, затоа и го плаќаш. :D

На странецот врз основа на што му плаќаш ... Ќе си побараш да ти достави фактура со наведената услуга за која си ја платил. Картичката од фирма ќе ја искористиш, на извод ќе ти стигне плаќањето и тоа е тоа. Ако плаќањето е за дејноста на фирмата, тогаш тоа е реален оправдан трошок и ти намалува даночна основа.

Со ИБАН тоа е за фирми кои немаат интернет плаќање, односно од девизна на девизна. За тоа си има поголема банкарска провизија.

Како трошок ќе ти одат ама ќе си платиш 11% данок. Инаку преку Ибеј регистрирај се како фирма а за Пејпал додај ја картичката од фирмата и плаќај со неа.
Ако имаш добар контакт со тие што им плаќаш, побарај фактури да ти праќаат за тоа, делумно некои плаќања можеш така да ги покриеш!
Јас така правам ама јас во основа купувам од Ибеј, со картичка од фирма, нормално работи за фирма купувам, не играчки за внуците :D
Ти за што плаќаш 11% ... Има разлика од трошок и трошок.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Со ИБАН тоа е за фирми кои немаат интернет плаќање, односно од девизна на девизна. За тоа си има поголема банкарска провизија.

Ти за што плаќаш 11% ... Има разлика од трошок и трошок.
Провизијата за плаќање девизна фактура преку банка е 750 денари, плус тоа што ќе те суредат на девизен пазар, т.е. ако ти е мала сумата не можеш да бараш поповолен курс, туку ќе ти го опнат најнеповолниот за тебе.
11% плаќам за тоа за што не сум успеал да обезбедам покритие, фактура, сметка и тн и тн...
 
Епа штом не си успеал да обезбедиш покритие, не можеш да докажеш дека ти е реален трошок. Затоа ќе си платиш, а сметководителот ти е добар, те чува да не те опнат од УЈП :D

Тоа со банката трошоци, затоа кога правите математиката, внесете си ги сите додатни трошоци, а не после абе кај ми е добивката.
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
26
Поени од реакции
16
Па прашај го сметководителот, затоа и го плаќаш. :D

На странецот врз основа на што му плаќаш ... Ќе си побараш да ти достави фактура со наведената услуга за која си ја платил. Картичката од фирма ќе ја искористиш, на извод ќе ти стигне плаќањето и тоа е тоа. Ако плаќањето е за дејноста на фирмата, тогаш тоа е реален оправдан трошок и ти намалува даночна основа.

Со ИБАН тоа е за фирми кои немаат интернет плаќање, односно од девизна на девизна. За тоа си има поголема банкарска провизија.

Ти за што плаќаш 11% ... Има разлика од трошок и трошок.
За сметководителот тоа е виша математика :)

Значи купувам и продолжувам домејни секојдневно. Исто така плаќам хостинзи за тие многу домејни. Тоа се фирми како Godaddy, Namesilo, Dynadot.. и слични. Фактурата која ја издаваат е автоматска и ја испраќаат во форма на имејл. Дали таквите фактури ќе се признаат кај нас? Тешко дека ќе може да издадат фактура со печат..

Плаќањата се разбира се за дејноста на фирмата, не за играчки за внуците како што спомена @Che59 :)
 
Се признаваат. Ти само испечати ја, дај ја кај сметководителот да ја книжи. И кај нас веќе нема потреба од печат.

За совет од добар сметководител и адвокат не штедете ;).
На пример можеш да се распрашаш кај некои од сметководствените бироа како Проагенс, МСФИ или слични, за професионални совети од време на време (не секој месец) колку би чинело.
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
26
Поени од реакции
16
Се признаваат. Ти само испечати ја, дај ја кај сметководителот да ја книжи. И кај нас веќе нема потреба од печат.

За совет од добар сметководител и адвокат не штедете ;).
На пример можеш да се распрашаш кај некои од сметководствените бироа како Проагенс, МСФИ или слични, за професионални совети од време на време (не секој месец) колку би чинело.
Не би сакал да штедам, но за жал во Струмица изборот е мал и ограничен. :(

Ти благодарам на корисната информација. Секако ќе најдам време да одам до СК за професионален совет како што предложивте од време на време за да се осигурам дека се оди на ред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom