Плаќање за онлајн весници, да или не?

Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Јас читав Дневник и Нова Македонија.Мислам дека онлајн весниците нетреба да се наплаќаат оти ќе загубаат огромна посетеност.Ако дневно страната ја отворале 500луѓе тогаш нема ни 50 да му ја отворат.Тоа е подобро за ваквите портали оти можат да добијат повеќе посетители а ако почнат да се напчаќаат ќе се добие прилика да се отвори он-лајн весник(само онлајн) кој не се наплаќа и така никој да не му отвора на онлајн весниците кои би се наплатувале.И пак тие ќе мораат по старо да работаат БЕЗ НАПЛАТА.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Не знам дали медиумите спровеле некои истражувања во смисол ваљда анализирале колкав пад ќе имаат и дали фирмите ќе продолжат со рекламирање на нивните сајтови.
За онлајн списание не плаќам пошто истите информации секогаш може да се добијат од други сајтови и од тв (за што веќе плаќам претплата).
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Викам НЕ, што ќе читам кога ќе чекам ред за на стрижење?, па тогаш најинтересни ми се весниците :D
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Ќе видат дека никој нема да им плаќа па ќе се вратат по старо.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не. Ако сакам да најдам весник, ќе си го купам од продавница, како што и обично правам. Нема да платам да го читам на интернет, при толку многу други извори на информирање.
 
Член од
10 октомври 2010
Мислења
54
Поени од реакции
54
Не би платила со оглед на тоа дека знам дека во секое време можам истите информации што ги има во весниците да ги најдам по останатите сајтови. Е сега, претпоставувам дека Дест, Дневник и останатите кои имаат намера да наплатуваат, најверојатно ќе нудат некои екслузивни информации/фотосесии/интервјуа.
Впрочем, ова функционира во многу земји но проблемот кај нас е тоа што сме мал пазар и премногу партиски поделени па посетеноста ќе им се намали.
Но којзнае, можеби и дел од сајтовите како таратур, идивиди и слични на нив, ќе воведат нешто слично па тогаш на некој начин би биле приморани да плаќаме.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Зависи од весникот. Има весници во кои има само обични информации кои можат да се најдат на секој друг портал и кои се уствари само препишани од новинските агенции. Од друга страна, некои весници обрнуваат повеќе внимание на анализи, колумни, фељтони кои не можат да се најдат било каде на интернет. Мислам дека Нова Македонија го следи тој пристап.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Не.
Не знам кој е „големиот ум„ на кој му текнало ова, ама брзо ќе го псујат ова весничариве:).
Ни на крај памет не ми е да плаќам за сервисни информации и полуписмени обиди за анализи. Зошто би плаќал за да прочитам колку загинале во Ирак вчера, какво ќе биде времето утре, лош превод на бајати вести од странски агенции од пред 2 дена и полуаматерски обиди за „ексклузива„ а уствари чисти издркотини какви што наведоа некои форумџии погоре?
Во принцип фер е да се наплаќаат трудот и услугата, ама прилично глупаво изгледа кога тоа го прават весници кои до пред некое време:
а) ги нудеа изданијата по 5 ден
б) кои буквално со сила ми ги бутаа низ прозор на семафори и уште побуквално им се враќаа назад со брзина на светлината

Накратко, видела жабата го потковуваат коњот па и она кренала нога. Смешно и жално.

П.С. Фер би било иноваторот да добие процент од зголемениот приход на весниците. И нормално, ако се појават загуби да ги покрие :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom