Плаќање за онлајн весници, да или не?

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Конечно и македонските весници да отидат чекор погоре, претплата на онлајн весник е сериозна работа а самиот факт дека веќе започнала употребата на тој систем не носи едно ниво погоре.Браво за сајтовите кои го имплементирале ова.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.093
Поени од реакции
163
Сега само Вест најавува дека ќе ги наплаќа онлајн верзиите на печатеното издание. Тоа значи, све што можеш да видиш на печатен весник, ќе го имаш на нет.

Сеедно, едни Вест, Дневник и евентуално Утрински, нема да сменат ништо во начинот на кој се информира поголем дел од јавноста.
Плус, со ваквите постапки, овие весници ќе им дадат огромна медиумска предност на пропагандните машинерии (кои најверојатно во нет верзиите нема да викаат “да ја прочитате целата ексклузивна вест, купете го утрешното издание“). Тоа е пропаганда, креирање на јавното мнение, тие не живеат од прометот собран од продадените весници, туку од влијанието кое ќе го извршат врз целната група. Кеширањето се врши на друг начин :)

Edit: Погледнете моментално на time.mk. Колку од вестите кластирани таму, се од Вест? Ја не гледам ни една единствена. Дали тоа програмата така избрала, случајно?

Ако отидете на страната на Вест, ќе видите и зошто е така. На тајм.мк линкуваа статии за атентатот на Глигоров, Вест направиле “ексклузивно“ интервју со Угриновски, каде он вели дека ќе го закопале заедно со Глигоров ако му умрел на операција. Или на насловната, ударна вест им е “Грција ни го признава јазикот - Македонски на солунскиот аеродром“. Колку треба да е несериозен еден новинар, да напише ваков невистинит наслов? На кого да платам да ги читам, на овие?

Ха!
Со ова мислење тотално се согласувам. Мене ми е доволно да отворам вебсајт од алфа, канал 5, или од сител за да се информирам што е ново. Ги отворам и кајгана и таратур, така да изборот е голем. Барем тие вебсајтови засекогаш ќе останат без плаќање и ќе бидат објективни. За плаќање не би плаќал, по никоја цена. Ми се чини дека ќе биде преголема конкуренцијата за тие весници кои ќе направат да се плаќа, пошто има еден куп на вебсајтови на кои може да се верува а да не платам. Па скоро сите информации од Балканот се копирани од екс ју сајтови, од соседната Србија, Хрватска или од Бугарија. Не сум толку глуп да плаќам кога можам веста да ја прочитам без да дадам еден денар.
 
S

Sagan

Гостин
Не сум толку глуп да плаќам кога можам веста да ја прочитам без да дадам еден денар.
Навистина без да дадеш денар? Ја само дома плаќам Интернет и тел. 1.500 денари. Ти на некој бесплатен интернет да не си закачен? :)
Плус струја на ЕВН за машината... Ја колку знам, сајтовите си земаат проценти од нашите пари согласно нивната посетеност.

Инаку, сеедно, во овој момент, сега, сите постоечки новински сајтови да воведат плаќање, ќе се појават 1.000 нови бесплатни.
Интернетот, покрај печалката што ја гледаат некои (единствено), првенствено значи неограниченост во слободното информирање. Како што постои Windows, постои и бесплатен Ubuntu. За секоја замка на капитализмот, човек има решение во корист на човештвото.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ќе се погодат некои кои нема да бараат пари и ќе бидат најчитани ;)
 
P

Princ

Гостин
На time.mk имам се на едно место шти ми треба.
time.mk не е новинска агенција/весник/портал... само прибира вести од други сајтови. Е сега, time.mk ќе биде useless кога ќе треба да се плаќа за да се читаат онлајн весници, односно ќе нема вести од весниците.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
time.mk не е новинска агенција/весник/портал... само прибира вести од други сајтови. Е сега, time.mk ќе биде useless кога ќе треба да се плаќа за да се читаат онлајн весници, односно ќе нема вести од весниците.
Да но тајм.мк сеуште ке прибира вести од бесплатните портали и нема баш да биде бескорисна
 
S

Sagan

Гостин
http://www.sportski.mk/
--- надополнето: Oct 16, 2011 5:34 PM ---
Да но тајм.мк сеуште ке прибира вести од бесплатните портали и нема баш да биде бескорисна
Он збори за идеална ситуација, кога сите весници и други извори на информации би се плаќале :)
 
P

Princ

Гостин
Не баш, не зборев за идеална ситуација, туку за ситуација кога мнозинство или голем дел од весниците би се плаќале.
За "други извори на информации" не зборувам, ретко посетувам портали поради количината на непотребни (за мене) информации содржани во нив. Значи ако ме интересира политика/економија се знае што читам, весник. За цицките на некоја певачица или пак за некое истражување што докажало дека според тоа истражување сите истражувања се неточни читам на точка ако ме интересира. Не.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
http://www.sportski.mk/
--- надополнето: Oct 16, 2011 5:34 PM ---

Он збори за идеална ситуација, кога сите весници и други извори на информации би се плаќале :)
Хахах абе не е тоа идеална, тоа е КАТАСРОФАЛНА ситуација, и плус не е практично изводлива;)
 
V

Vollstandig

Гостин
Е дури сега ќе се руши народот од читање. Па добро бе кој кого прави будала овде?
Тоа што ќе го прочитам во дневник, вест, и други печатени тоалет папир, нема да го прочитам на интернет на портали како канал5, сител и други? Ако денеска груевски отвори ново тениско игралиште сигурно во дневниот печат нема да пишува и со која рака ја држел ножицата додека го отворал тениското игралиште, барем не до толку деталји. Истото ќе го има и на секој посран едноличен портал низ македонскиот веб етер, така да зошто да платам 300 денари на дневниот печат, кога истите муабети излегуваат од други сајтови.
Денешното новинарство има статус: Copy, Translate, Paste.
А муабетот е уствари до кога сајтовите ќе се нарекуваат новинарски, т.е објавите - новинарски труд кога и копилј од 16 години денес можи да изработи една веб страна и да објавува копи пејст содржини.

Да бидам искрен, многу многу македонските портали и не ми се допаѓаат уствари и ич не ми се допаѓаат ако прочитам едно на кајгана, ќе го прочитам по некое време од точка до печатна грешка ископирано на точка.ком па на ме-читаш, сваштарници црно-зелени, и какви уште не излегоа сајтови.
Ако земиш да читаш пак на еднонасочните сајтови (ова го викам заради што имаат само една насока на објава на содржини) на пример да речиме сајт за метал, па кај малце се па и ќе се испозаколат меѓусебно, акваристички сајтови исти случај, сајтови за спорт, тука веќе ножевите го имаат последниот збор лом се прават од тоа чиј тим бил појак , па да не налегувам до деталји ама македонскиов веб простор е преплавен со гомненици, почнувајќи од тоа истомисленички сајтови каде содржините се копираат со брзина фотонска честица, или пак еднонасочните држат некој его трипско анарихистички стил.
Заклучок на муабетот?
-Не плаќам за дневен весник.
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
29
Поени од реакции
7
Непотребна тема според мене на која секој го знае одговорот. Треба да си ретардиран за да плаќаш онлајн издание на нашава штампа. Не правам буквално никаква разлика во сериозноста на штампата нова македонија, вечер, вест... и таратур, кајгана итн
 
Член од
9 септември 2011
Мислења
30
Поени од реакции
20
Ако ми е дојдено да читање весник со тие 300 ден. месечно за онлајн читање ќе си купувам секој ден весник и уште повеќе ќе уживам во читањето. Сите знаеме дека електронското читање не е тоа вистинското. Мислам дека овој проект за онлајн наплатување за читање на весници ќе пропадне и ќе има многу мал број на претплатници.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Покрај толку многу бепслатни вести од милион веб страни некој очекува да му плаќам, па тоа уште да платам за Македонски вести.
Не ме заебавајте бе :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom