Плац(продажба) совети од вас

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Сопственик сум на плац од околу 4600 квадрати на тромеѓе кај патот од Валандово према Дојран и Струмица.Заинтересиран сум за продажба,ама воопшто не сум информиран за цените и како одат сите тие работи.Значи ме интересира да ми кажете колку од прилика може да се продаде тоа,пошто мислам дека е добро место,за индустрски објект или пак бензинска пумпа.Ми треба совет од вас дали ќе ми се исплати да го продадам плацот или пак да почекам за да почнам нешто со него.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
Најубаво да се распрашаш таму колку одат плацевите, а пошто е на добра локација,веројатно покрај автопат сигурно би имал и добра цена
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Да јасно ми е,ама дали вреди да се почека,дали е реално да рипнат цените во иднина? Пошто Дојран е тука,Гевгелија исто,Струмица.
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Ако не ти требаат пари моментално, јас не би го продавал плацот воопшто. Нема везе каде е, не би го продал. Подобро така нека лежи и онака ништо неможе да му биде. А ако ти требаат пари итно... е тоа е друга работа.

Бидејќи е до автопат, ако имаш финансии, ја би отворил бензиска пумпа, некое мини-хотелче можеби... или пак ресторант...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Таа бившата фабрика за вериги ти е во комшии???
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Да јасно ми е,ама дали вреди да се почека,дали е реално да рипнат цените во иднина? Пошто Дојран е тука,Гевгелија исто,Струмица.
Почекај малку, Дојран се повеќе и повеќе го средуваат како туристичко место. Зошто да го продадеш по пониска цена, кога можеш да почекаш и да го продадеш по повисока.
Ама можеш и да го дадеш на оглас (прво разбарај по огласи и види како се движат цените на плацеви тему - не прашуј луѓе пошо нели се водиме по тоа да му умре не комшијата козата :tapp:) чисто да видиш заинтересираност за плацот и по која највисока цена би можел да го продадеш, за да знаеш во иднина што да очекуваш.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Сопственик сум на плац од околу 4600 квадрати на тромеѓе кај патот од Валандово према Дојран и Струмица.Заинтересиран сум за продажба,ама воопшто не сум информиран за цените и како одат сите тие работи.Значи ме интересира да ми кажете колку од прилика може да се продаде тоа,пошто мислам дека е добро место,за индустрски објект или пак бензинска пумпа.Ми треба совет од вас дали ќе ми се исплати да го продадам плацот или пак да почекам за да почнам нешто со него.
Извади си маркица за градење од општината и изгради си нешто. Бензиска бидејќи има незнам дали да изградиш, но можеш нешто друго. Јас би одел на таа варијанта повеќе. Но ако ти е за продавање распрашај се колку е квадрат, јас не сум информиран. Можда некој ќе знае од другите форумџии.....
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Сопственик сум на плац од околу 4600 квадрати на тромеѓе кај патот од Валандово према Дојран и Струмица.Заинтересиран сум за продажба,ама воопшто не сум информиран за цените и како одат сите тие работи.Значи ме интересира да ми кажете колку од прилика може да се продаде тоа,пошто мислам дека е добро место,за индустрски објект или пак бензинска пумпа.Ми треба совет од вас дали ќе ми се исплати да го продадам плацот или пак да почекам за да почнам нешто со него.
Јас да бев на твое место ќе го издавав на некој кој сака да направи бензинска,мотелче или пак за некој индустриски објект ,стовариште итн итн .Така ќе ти доаѓа кирија ќе си вртиш пари и ќе можеш и да инвестираш во некој бизнис.Не го знам местото кое е но ако ти е плацов златна кокошка не брзај со продавање искористи го максимално .Со среќа;)
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Таа бившата фабрика за вериги ти е во комшии???


Да карши една фабрика е,ама врска немам за што е таа фабрика.

Како што разгледав по другиве огласи,некои плацеви идат по 20 евра од квадрат(не се баш до автопат).
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150


Да карши една фабрика е,ама врска немам за што е таа фабрика.

Како што разгледав по другиве огласи,некои плацеви идат по 20 евра од квадрат(не се баш до автопат).[/quote

фабриката на фотографијата колку се секавам, беше словенска фабрика за производство на делови за железница или возови, така нешто мислам....
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Како што разгледав по другиве огласи,некои плацеви идат по 20 евра од квадрат(не се баш до автопат).
Дај го во оглас по повисока цена, за да видиш реакција од купувачи.
A можеш и да се поврзеш со некои инвеститори кои имаат желба да изградат некој објект на плацот хотел/казино...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Ubavo vikat starite,od zemja ne mozes da zagubis,mozes samo da dobies.Taka da i moj sove ti e,ako ne ti trebat pari,ne go prodavaj,zasto sigurno e deka cenite na zemjiste ke rastat,bez razlika na mestopolozba.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047


Да карши една фабрика е,ама врска немам за што е таа фабрика.

Како што разгледав по другиве огласи,некои плацеви идат по 20 евра од квадрат(не се баш до автопат).
Спроти оваа фабрика има напуштен објект, мала зграда, или грешка сум?
Тоа ли е твојот плац?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom