Плацебо ефект

Дали верувате во плацебо ефектот ?

  • Да

    Гласови: 52 91,2%
  • Не

    Гласови: 5 8,8%

  • Вкупно гласачи
    57
D

Daedalus

Гостин
Збориме кога не би знаел што пие, рандомизирано испитување?
Рандомизирано испитување не значи да му се даваат различни лекови и некои од тие да му бидат плацебо, а некои не. Рандомизирано испитување значи, групата на луѓе на кои ќе се врши испитувањето, според случаен избор, да се распредели во две групи, едната е контролна група (оваа група го зема плацебото у случајов), а на другата група се врши испитувањето со лековите кои треба да имаат реално фармакодинамичко дејство. Тие што го зимаат плацебото, не знаат дека се плацебо, плацебо ефектот практично вклучува влијание на сите други фактори кои не се предвидените од лекот (верување дека се конзумира вистински лек, добивање на третман од авторитети и све тоа у куп).

Ако групата на која се врши испитувањето со вистинскиот лек, покаже статистички сигнификантни разлики, споредбено со плацебо групата, тогаш се смета дека лекот има дејство поголемо од обично плацебо и моделот којшто е предвиден у претходната фаза која вклучува дизајн на молекулата и интеракцијата на истата со организмот, е комплементарен со резултатите.

Плацебо ефект е секој ефект којшто се должи на други фактори кои не се во предвидениот модел како треба да делува еден лек. Верувањето дека некој зима лек којшто е вистински, а не плацебо, има силен удел во појавата на плацебо ефектот.

У случајот ти што го спомнуваш, ако некој пие да речеме 10 различни плацебо „лекови“ и ниту еден од тие не треба да има фармаколошко дејство, ондак ако ликот селективно има плацебо ефект поголем од тој на другите на истиот плацебо „лек“, треба да се смени редоследот по кој ги прима. Ако покаже ефект на истиот „лек“ иако ги прима по друг редослед, постои екстремно мала шанса да не стануе збор за плацебо, туку реално фармаколошко дејство (пошто плацебо „лековите“ немаат никаква предвидена фармакодинамичка интеракција со организмот, шансите се бесконечно мали или тури кур на хемија и физика и све што знаеме). Ако нема такво, некои психички фактори како верување во дејството на специфичен лек, можеби делуваат на селективно појавување на плацебо за што шансата е исто мала (поради менувањето на редоследот на лековите) или станува збор за случајност која некогаш е резултат на законот на големи броеви.
Ако пие да речеме 10 вистински лекови со фармакодинамично дејство и кога го мењаат редоследот, специфичен лек има појак ефект, голема е шансата да не е поради случајни фактори туку поради некоја интеракција на лекот со неговиот организам, а екстремно мала е шансата да е некоја форма на плацебо (пошто се мења редоследот).
 
Последно уредено од модератор:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Знам што значи, јасно е - поентата ми беше дека постојат додатни детални испитувања во кои дури ни докторите незнаат што им даваат на пациентите, а нити пациентите не знаат што им проверуваат-тестираат, овие се најдобрите испитувања според мене, па така кога докторот ќе прави преглед нема да биде пристрасен кон истиот, а и пациентот нема да знае што да очекува - за да има било каков додатно пласебо.

Незнам дали бев доволно јасен, зборам за ситуација во која сите 10 примероци на тест пласебо капсули ви тип на испитување како ова што го опишав. На пример, му даваш 10 капсули разни кои се пласебо, реагира на едно од нив (без разлика каков позитивен ефект) а на ниту едно друго не реагира, дали постојат вакви селективни пласебо ефекти, дали истите зависта од моментална психио - физичка состојба, и дали истото би било возможно за реплицирање во неколку континуирани теста на тој пациент, пример пак прави тест после 1 недела и пак покажува пласебо во многу ретки ситуации, а во грото не?

Значи не знае што пие, не знае што тестира, а на едно пласебо од 10 или 15 е подложен а на другите не?
 
D

Daedalus

Гостин
Знам што значи, јасно е - поентата ми беше дека постојат додатни детални испитувања во кои дури ни докторите незнаат што им даваат на пациентите, а нити пациентите не знаат што им проверуваат-тестираат, овие се најдобрите испитувања според мене, па така кога докторот ќе прави преглед нема да биде пристрасен кон истиот, а и пациентот нема да знае што да очекува - за да има било каков додатно пласебо.

Незнам дали бев доволно јасен, зборам за ситуација во која сите 10 примероци на тест пласебо капсули ви тип на испитување како ова што го опишав. На пример, му даваш 10 капсули разни кои се пласебо, реагира на едно од нив (без разлика каков позитивен ефект) а на ниту едно друго не реагира, дали постојат вакви селективни пласебо ефекти, дали истите зависта од моментална психио - физичка состојба, и дали истото би било возможно за реплицирање во неколку континуирани теста на тој пациент, пример пак прави тест после 1 недела и пак покажува пласебо во многу ретки ситуации, а во грото не?
Првото се вика двојно слепа студија.
За второво ти одговорив.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ако покаже ефект на истиот „лек“ иако ги прима по друг редослед, постои екстремно мала шанса да не стануе збор за плацебо, туку реално фармаколошко дејство
Поентата е што го одредува - преидизвикува и инцира тоа селективно пласебо, и што и која функција прави да истото има ефект, а во другите ситуации да нема - кога пациентот нити знае што пие, нити има основа да биде под влијание на пласебо?

Што ако се повторуваат континуирано тестовите на истиот пациент, и само во 5% од тестовите покажува дејство, а во сите други нема никаков ефект, постои ли ваков феномен и како истиот би се објаснил?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom