- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.588
По посетата на Премиерот Никола Груевски и средбите со нашите иселеници, иницијативата на нашиот амбасадор во Р.Турција, Горан Тасковски, кој ужива голем углед кај иселениците, како и со заложбите на нашиот економски промотор во Измир, Алев Сулејман да успее овој значаен потег, по 20 години прв пат се потпиша платформа за заедничка соработка на најголемите и највлијателни здруженија на нашите иселеници од Егејскиот дел на Турција.
На овој свечен чин од Македонија беше поканета претседателката на македонско-турското здружение Македонија -Егеј, Нина Пандурска, Македонка која остварува блиска соработка со нашите од овој дел на Турција. Една од точките на делување на платформата ќе биде и соработка во сите сегменти со Македонија.
http://www.bezpardon.mk/potpishana-platforma-za-zaednichka-sorabotka-na-najgolemite-zdruzhenija-na-iselenitsite-od-egejskiot-del-na-turtsija/
.