Плати и жени / Cash and Marry

Член од
27 декември 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0


Марко и Атанас се двајца другари чии што животи би биле скоро идеални доколку немаат проблем со нивните лични документи. Имаат потреба од Европски пасоши и за да ги добијат спремни се да направат се па дури и да купат жена. Храбро и со 7.000 евра тргнуваат на пат да ја пронајдат жената од своите сништа, онаа која ќе им овозможи добивање на статус азилант и од која подоцна ќе можат да се разведат. Одисејата која ја поминуваат низ Виенскиот имигрантски пеколен живот за да ја добијат т.н. Зелена карта ја дава вистинската слика за се она што треба да се направи за да се прескокнат границите на утврдената Европа



Код:
https://openload.co/f/ZV_sYWLBrPc/Cash_And_Marry.mp4
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.107
Поени од реакции
4.133
Нешто вакво македонско начекав на некоја од македонскиве телевизии пред едно 3, 4 години и повеке. Македонец дечко незнам во која држава најде една и додека се возеа во таксито кон местото за документација ваму таму се прашуваа во детали се каде имаат тетоважа итн. зошто испитувачиве веке влегле во траг на лажните бракови. И неуспеа дечкото ги открија и заврши емисијата така што пепел лут и нервозен шеташе низ улиците на градот.
 

FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
281
каде ке можам да го гледам овој филм , исто како и to the hilt ?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.354
Поени од реакции
1.365
Овој мислам дека го имаше на видеотеката на макств. Не знам дали е уште достапен.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.166
Поени од реакции
4.495
На А1 го даваа и мислам еднаш го начекав и на Наша тв или 24 вести не сум сигурен точно.

Мислам и колку што нешто се сеќавам го даваа дента кога се прославуваше во Скопје на плоштад за визната либерализација т.е укинување на визите, па и по тој повод филмов го пуштија премиерно А1.

Паметам надвор беше камен ладно на плоштадот во Скопје забава, А1 пренесуваше па после тоа премиерно филмот Плати и Жени и на крај некој од диџеј беше на плоштад касно полноќ некаде.


Филмов го имаше и на Макс тв да се изнајми од видеотека но сега дали сеуште го има не знам. Интересен филм.
 
Последно уредено:
На врв Bottom