Најдобра работа на народот која што му се случила, и тоа условно кажано, е безвизниот режим, и тоа посебно за младиот свет, да излеземе од тоа мрачно транзиционо доба и да видиме барем мал фрагмент од светот а да не е девастираниот Балкан, да запознаеме нови култури и барем дел од она што го викаат капитализам, иако и таму веќе е дискутабилно што тоа капитализам веќе претставува, едно е сигурно, ова овде дефинитивно не е.
Потоа одлуката на Германија чинам од 2016 за олесување на правилата за добивање на работна виза за земјите од Западен Балкан. Колку само другари и пријатели, роднини, успееа од корен да си го променат животот. Доста млади запишаа и факултети низ Европа, отидоа на постдипломски студии, едноставно се отворија какви такви можности за младиот свет.
Што корист од ова виде државата? Единствено можеби дотациите од странство на иселениците, пари кои што им ги испраќаат на своите овде за да закрпат нешто во оваа мизерија. За остатокот, искрено сите веќе к*р не заболе за државата, да не се фолираме. Државата не работи во служба на народот, тоа е веќе јасно.